rossonerka
too good to be true
- Член од
- 8 октомври 2007
- Мислења
- 6.081
- Поени од реакции
- 889
Меѓународната Фондација Тоше Проески го најави концертот Со љубов од Тоше кој ќе се одржи на 25. јануари во Спортскиот центар Борис Трајковски, во Скопје.
Концертот, што по традиција, се одржува во чест на роденденот на македонската легенда Тоше Проески ќе почне во 20 часот. Ќе настапат пријатели и соработници и оние кои тој намногу ги сакаше, децата. Голем хор од Златно славејче заедно со членовите на Музичкиот кабинет од Крушево премиерно ќе ја испеат композицијата Пасворд, на негова музика, аранжман на Валентино Скендеровски и стихови на Огнен Неделковски, во кои проверуваат и асоцијации за Тоше.
Ќе запеат и засвират и Наум Петрески, Миле Кузмановски, Синтезис, Антонија Шола и други балкански музички имиња, како и бендот на Тоше. Концептот е поразличен од двата досега одржани меморијални концерти за македонската ѕвезда. Овој пат идејата ја дадоа фановите. Според нивна желба тие сакаат целата вечер да го носи печатот на Тоше, да ги слушаат неговите песни, да го гледаат неговиот ведар и насмеан лик на видео-снимки кои ќе се прикажуваат на три лед екрани, и да ги пеат неговите песни заедно со пејачите кои ќе пеат на сцена.
***
Исто така, на роденденскиот датум, 25. јануари 2011 година, кога Тоше требаше да наврши 30 години, ќе биде објавено и CD кој го содржи истиот наслов како и концертот - Со љубов од Тоше. На оваа албумска објава се снимени 15 песни, од кои 12 се од светската рок-антологија кои Тоше ги изведуваше на своите музички средби со младите, две песни се познати хитови а досега неслушнати во негова интерпретација (едната е од Елтон Џон, а другата од Витни Хјустон) и 15-тата песна е Наслони главу на моје раме, која ќе биде промовирана по радијата непосредно пред концертот. За оваа песна има и видео-спот снимен во Загреб (автори на песната се Тути Фрути, Нино Нинчевиќ и Миро Буљан).
Годинава концертот ќе има поведар тон, за разлика од минатите, за да со песна се чевствува ѕвезденото момче кое со музиката и срцето ги обедини народите на Балканот, со своите човечки дела им стана идол на сите генерации, и остави големо музичко и духовно наследство за вечни времиња.
Картите од утре 20.01.2011 во продажба во Југотон, салоните Together и касата на салата Борис Трајковски по цена од 250 денари!