Со љубов од Тоше во сала Борис Трајковски - 25.01.2011

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
885
Меѓународната Фондација Тоше Проески го најави концертот Со љубов од Тоше кој ќе се одржи на 25. јануари во Спортскиот центар Борис Трајковски, во Скопје.

Концертот, што по традиција, се одржува во чест на роденденот на македонската легенда Тоше Проески ќе почне во 20 часот. Ќе настапат пријатели и соработници и оние кои тој намногу ги сакаше, децата. Голем хор од Златно славејче заедно со членовите на Музичкиот кабинет од Крушево премиерно ќе ја испеат композицијата Пасворд, на негова музика, аранжман на Валентино Скендеровски и стихови на Огнен Неделковски, во кои проверуваат и асоцијации за Тоше.

Ќе запеат и засвират и Наум Петрески, Миле Кузмановски, Синтезис, Антонија Шола и други балкански музички имиња, како и бендот на Тоше. Концептот е поразличен од двата досега одржани меморијални концерти за македонската ѕвезда. Овој пат идејата ја дадоа фановите. Според нивна желба тие сакаат целата вечер да го носи печатот на Тоше, да ги слушаат неговите песни, да го гледаат неговиот ведар и насмеан лик на видео-снимки кои ќе се прикажуваат на три лед екрани, и да ги пеат неговите песни заедно со пејачите кои ќе пеат на сцена.

***

Исто така, на роденденскиот датум, 25. јануари 2011 година, кога Тоше требаше да наврши 30 години, ќе биде објавено и CD кој го содржи истиот наслов како и концертот - Со љубов од Тоше. На оваа албумска објава се снимени 15 песни, од кои 12 се од светската рок-антологија кои Тоше ги изведуваше на своите музички средби со младите, две песни се познати хитови а досега неслушнати во негова интерпретација (едната е од Елтон Џон, а другата од Витни Хјустон) и 15-тата песна е Наслони главу на моје раме, која ќе биде промовирана по радијата непосредно пред концертот. За оваа песна има и видео-спот снимен во Загреб (автори на песната се Тути Фрути, Нино Нинчевиќ и Миро Буљан).

Годинава концертот ќе има поведар тон, за разлика од минатите, за да со песна се чевствува ѕвезденото момче кое со музиката и срцето ги обедини народите на Балканот, со своите човечки дела им стана идол на сите генерации, и остави големо музичко и духовно наследство за вечни времиња.

Картите од утре 20.01.2011 во продажба во Југотон, салоните Together и касата на салата Борис Трајковски по цена од 250 денари!

Bavarecot

Доле Влада !!!
Член од
4 март 2008
Мислења
2.813
Поени од реакции
355
Убаво би било да се присуствува на настанов.Најверојатно ќе бидам таму.
 
la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.251
Баш би сакала, но не знам како ке стојам со учењево.

--- надополнето ---

Убав помин на сите што ке одат.:smir:
 
V

Viktor g

Гостин
Нема да одам. Не затоа што не го сакав и почитував Тоше туку сум револтиран од се тоа што го прави фондацијата и некој “пеачи“ кој чекат ваква шанса замислете си Белграѓанките Марија и Марина запеаја за Тоше http://www.mmm.com.mk/?ItemID=AEFF9EC1D27B764D96F90288E3C50893
И се е тоа демек ок само што овие си зеле стихови од македонските народни песни па измеѓу ми лупат нешто на српски патем концертот е највуван ко без солзи и ваедар тон па можеби ама или по овие ќе плачат сите таму или пак ќе ги свиркаат. По кој критериум се бирани луѓето кој ќе настапат таму? Ако ги исклучам Антонија , Елена и Мартин дефинитивно незнам што барат некој пеачи кој не ни се познавале или соработувале со Тоше. Можеби да си направат сопствена промоција или во што е штосот? Мислам што поѓаволите бара Миле Кузмановски? Искрено е одличен пеач меѓуто не гледам кое е неговото место таму или пак што бара Маја Оџаклиевска? Ги споменав Црвена Јабука па нивниот фронтмен Жера јавно навреди наша новинарка или кој се сеќава на тоа? Не со цела почит кон Тоше јас нема да присуствувам на овој циркуз
 
Член од
31 декември 2007
Мислења
441
Поени од реакции
108

Ne se sekavam na ova ,aj potseti ne

Inaku voopsto nemam namera da posetuvam vakov nastan bidejki izgledaat na selski priredbi ,tolku licemerie tesko da vidis na edno mesto ,a i seuste ne e razresen i ne ja znaeme vistinata za celiot kriminal pozadi Tose,a drzavata so ordenive samo ni macka oci:toe:

A da i da prasam koja e poentata na objavuvanje CD so obrabotki na svetski hitovi ,gi ima na youtube koj saka ke si gi prevzeme ,a plus se napraveni vo domasni uslovi Tose za sebe si gi pravel, ne za javnosta
 
П

Паган-др

Сериозен си со ова? Ги имало на ЈуТјуб, цела музичка сцена ја има на ЈуТјуб од цел свет па пак луѓето купуваат албуми. Или тие незнаат што е добро...

И за вториот дел, Тоше што ги правел за себе, Тоше тие обработки на песните ги пееше на секој негов концерт.
 
Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.660
Поени од реакции
945
Многу се нервирам кога прават пари на ваков начин во негово име.
А и луѓето што спамираат со вакви пораки по ФБ ме нервираат.
Зошто не го оставате и на оној свет мирен?
Претеризам е, некој да се прослави друг да земе пара,
стварно нема смисла.
 
Член од
31 декември 2007
Мислења
441
Поени од реакции
108
Сериозен си со ова? Ги имало на ЈуТјуб, цела музичка сцена ја има на ЈуТјуб од цел свет па пак луѓето купуваат албуми. Или тие незнаат што е добро...

И за вториот дел, Тоше што ги правел за себе, Тоше тие обработки на песните ги пееше на секој негов концерт.
A koja e logikata na izdavanje album za nesto sto tri godini veke postoi na youtube ,jas ne gledam druga pricina osven pravenje na pari ,inaku poslednite dve pesni koi sto izlegoa ne se peeni na nikakov koncert od Tose tuku gi snimil vo domasni uslovi ,za sebe, valjda vo kontekst na vezbanje na peenjeto na angliski jazik ,toa ne bese za objavuvanje( na primer poslednata pesna e ultra spora), go nema kvalitetot na zvukot od profesionalno studio
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
2.247
Поени од реакции
5.079
Ко божем организаторот го прави настанов во чест на Тоше, нема грешка, се е за профит ништо повеќе, ќе се изрекламираат пејачиве и толку, затоа немам намера да присуствувам
 
П

Паган-др

Гостин
A koja e logikata na izdavanje album za nesto sto tri godini veke postoi na youtube ,jas ne gledam druga pricina osven pravenje na pari ,inaku poslednite dve pesni koi sto izlegoa ne se peeni na nikakov koncert od Tose tuku gi snimil vo domasni uslovi ,za sebe, valjda vo kontekst na vezbanje na peenjeto na angliski jazik ,toa ne bese za objavuvanje( na primer poslednata pesna e ultra spora), go nema kvalitetot na zvukot od profesionalno studio
Не навлегувам во тоа дали ги снимил Тоше за себе и зошто не ги пеел на концертите, дали ги снимил во студио, но и покрај оние две "Can you feel the love tonight" и "Light up my life" има уште многу други кои се пеени по концертите. Искрено јас би сакал да ги имам на цд (не зборам режано од мене) неговите преработки.
 
V

Viktor g

Гостин
Ne se sekavam na ova ,aj potseti ne

Inaku voopsto nemam namera da posetuvam vakov nastan bidejki izgledaat na selski priredbi ,tolku licemerie tesko da vidis na edno mesto ,a i seuste ne e razresen i ne ja znaeme vistinata za celiot kriminal pozadi Tose,a drzavata so ordenive samo ni macka oci:toe:

A da i da prasam koja e poentata na objavuvanje CD so obrabotki na svetski hitovi ,gi ima na youtube koj saka ke si gi prevzeme ,a plus se napraveni vo domasni uslovi Tose za sebe si gi pravel, ne za javnosta
pa vaka bese koa ima koncert Crvena jabuka bea pokrovoliteli backstage i po koncertot voditelkata mu pravi intervju i mu dava crveno jabolko a ovoj cel Ma jel me zezas daj vamo pivo sto c mi mene jabolko ? A zosto reagirate taka neli sme vi pokroviteli? Ma koj je** vas i vase pokrovitelstvo daj pivo vamo a ne jabuke
 
Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.264
Поени од реакции
17.948
Овие пеат на српски, цела публика ечи на македонски.....која комбинација беше само:).
 
Член од
1 декември 2010
Мислења
46
Поени од реакции
4
Овие пеат на српски, цела публика ечи на македонски.....која комбинација беше само:).
Мене баш ми се допадна, ќеиф ми се напраи што цела сала пееше на македонски :pipi:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom