Со сите сили и со целата енергија?

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Да целта на темата ми е да видиме колку се внесувате во работата и обврските.

Дали обврски ги завршувате со сите сили, со целата енергија или пак површно?

Од што е условено тоа, од типот на обврската што ја завршувате, од желбата да се заврши работата, од финансискиот ефект од работата или пак од нешто друго?

Дали сакате секогаш по секоја цена се да биде максимално добро и коректно или секогаш според условите и заслугите.

Конкретен пример на вашите работни места, дали сите обврски и задачи ги завршувате максимално добро или имате секогаш некоја резерва која ја оставате за следната работна задача.

Или пак од друг аспект: Колку се штедите себе си при извршување на секојдневните работни обврски. Колку мислите дека вашата енергија/вашата сила и поважна од квалитетно извршената работна обврска.

И што се треба да се има како фидбек за да бидете потикнати и мотивирани, на крајот на денот да бидете задоволни од комплетно завршените работни обврски во кој целосно сте се внеле и сте ја дале целата своја сила и енергија.
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.479
Поени од реакции
18.657
Значи кога се работи, за работа која ја сакам и која ме исполнува, се давам целосно себеси, се од мене, значи нема воздишка одиме до крај дур не се види прекрасно завршен труд. Но не секогаш го работиме она што не исполнува и она што сакаме да го работиме, арно ама сепак за секоја работа е потребен труд, поготово ако го вадиш и лебот од истата, и имаш семејство за кое треба да придонесеш и да се грижиш со истата плата која ја добиваш, така да за да си залужиш треба и да се внесеш да се увиди и спознае трудот, и дека важиш за вреден и работољубец, но не секогаш и тие кои помалку се трудат, и со помош на други методи добиваат ем повеќе и се повеќе почитувани, арно ама никогаш нема да дозволам на таков начин некој да ме почитува како работник, сакам да ме гледаат како вредна и трудољубива, ништо повеќе и ништо помалку, таа сум повелете.
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Дали обврски ги завршувате со сите сили, со целата енергија или пак површно?
Зависи колку ми е битно “тоа“ да биде перфектно направено и стокмено.
Обично кај оние работи кои со мерак ги правам и се внесувам во работата на крај добивам најдобри резултати.

Од што е условено тоа, од типот на обврската што ја завршувате, од желбата да се заврши работата, од финансискиот ефект од работата или пак од нешто друго?
Најмногу од моменталната инспирација. Без неа и желбата за работа исчезнува.
Ама нели, кога ми е јајцето под гз, никој не ме прашува дали имам инспирација.:)

Исто така, премногу зависи и од типот на обврска, бидејќи не ме привлекуваат сите работи подеднакво.
Нешто ќе го сработам со љубов, а нешто од што морам.

Дали сакате секогаш по секоја цена се да биде максимално добро и коректно или секогаш според условите и заслугите.
Доколку сум сигурна дека можам перфектно да го сработам-да, сакам такво и да биде.
Како што споменав погоре, има некои работи кои со љубов ги правам и во нив максимално се вложувам и сакам на крај да ми се исплати трудот.

Конкретен пример на вашите работни места, дали сите обврски и задачи ги завршувате максимално добро или имате секогаш некоја резерва која ја оставате за следната работна задача.
Никогаш не размислувам во моментот дали ќе ми остане енергија за подоцна, бидејќи сум сконцентрирана на тоа што го работам во моментот.
Ако остане-супер, ако не-добар сум му е мајката.:)

Или пак од друг аспект: Колку се штедите себе си при извршување на секојдневните работни обврски. Колку мислите дека вашата енергија/вашата сила и поважна од квалитетно извршената работна обврска.
Бидејќи сум сеуште ученик, немам обврски кои целосно би ме истоштиле и на кои би ја потрошила целата енергија.
А инаку, мислам дека нема ништо поубаво од задоволната насмевка кога ќе го видиш финалниот производ од нешто на кое си се посветил и во чија реализација си вложил многу труд.

И што се треба да се има како фидбек за да бидете потикнати и мотивирани, на крајот на денот да бидете задоволни од комплетно завршените работни обврски во кој целосно сте се внеле и сте ја дале целата своја сила и енергија.
Пред се` битно ми е јас да бидам задоволна, зашто не можам секогаш да очекувам тоа што сум го направила да е вреднувано толку колку што јас сметам дека треба да е ( дали поради мојата субјективност, дали поради нешто друго... не е битно ).

Не очекувам признанија, пофалници, да ми ги љубат стопалата или храмови да ми градат во чест на тоа што сум го направила, но би била разочарана доколку тоа воошто не е ценето.:toe:
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Јас се` правам натенане, полека, особено нештата што ми создаваат задоволство.

Тие другите, задолжителните обврски, што не ги сакам баш, секогаш ги правам во 5 до 12, па сеа дали со сите сили или не... Колку време имам, толку. :toe:
 

bezobrazna

...Paste
Член од
7 август 2008
Мислења
440
Поени од реакции
27
се трудам да дадам се од себе посебно кога се работи за работните обврски бидејки ми создава задоволство и си ја обожавам работата.е сега има денови кога ми е смачено од се па се правам колку да се рече сум направила ама тоа е ретко. сум се жртвувала доста за работата,сум седела од сабајле до вечер ама не ми било криво... едноставно го сакам тоа што го работам и ништо не ми претставува пречка.
 

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
151
Јас се внесувам во работата целосно...малце сум перфекционист така да тоа што го работам сакам одма и топ да го сработам...се разбира за трудот се очекува награда нели :vozbud:
 

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.494
Нормално со сите сили. Кога учам, кога играм кошарка, кога се карам, тепам и тако даље.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Е па вака...јас знам да бидам претерано одговорна. Можам да кажам дека во поголемиот дел од времето сум претерано одговорна и ако не завршам нешто како што треба, ако нешто чкрипи, тогаш имам грижа на совест и си ја тупам главата уште долг период.
Затоа во секоја работа која ја извршувам, без разлика дали е тоа факултет или нешто друго, гледам да вложам 100 посто од себе и гледам да бидам што поуспешна во изработеното, да направам тоа што го правам да биде најдоброто што може да биде. Свесна сум дека не може ништо да биде совршено, ама во секој случај сакам да е успешно.
Нормално дека работите кои ми причинуваат задоволство, ги правам со поголема леснотија и не ми е проблем да го дадам најдоброто од себе, за разлика од работите кои не ми се толку омилени, но сепак и таму гледам да дадам 100 посто од себе.
Се разбира, не секогаш го давам својот максимум, потоа резултатите ме разочаруваат и се разочарувам во себе и сум мелнхолична, депресивна и лута на себе затоа што не испаднало тоа што требало да испадне како што требало.
Тоа е како што реков само заради тоа што сум премногу одговорна, па сакам секоја обврска да си ја извршам на ниво. Мрзлива сум можеби кога треба да си направам јадење и ме мрзи да си легнам и ред други работи, но кога се работи за обврски, особено за факултет, гледам да се посветам максимално.
Нормално, секогаш има по некој исклучок.:)
 

Mlad_man

Sine Qua Non
Член од
20 април 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
207
Ај да не замарам многу со голем пост веќе во некои постови има исто како и за мене пишано. Јас идам на принцип од важноста. Слично како тријажа што се прави со докториве и слично така и јас со обврските.
 

Emma

Supergirl.
Член од
7 јуни 2006
Мислења
3.045
Поени од реакции
157
Ја се ежам од насловот на темава. :icon_lol:

Не сфаќам зошто некој би трошел време и нерви на анализирање како тоа он работи. Мислам, мотивација, енергија, задачи, секојдневие, обврски, одговорност, побогу, аман. :icon_lol: Попластично амин. Озбилно, како "напрај она во десет чекора, напрај она во дваесе чекора, пет начини како да ова, шеснаес како да она". Замара. Мене бар работите на овој план (т.е. школо :icon_lol: ) не ми се одвиваат со планирање и обработка на податоци, разглабање на постапките ми, кое, како и зашто и што значи. Има да се заборавам во процесот, и обврски ќе запоставам и се`.

Добро ми е вака, завршувам се` на време и без да трчам, не заборавам, а и да заборавам секогаш се снаоѓам. Што се тиче инспирација... Во моментов е испод нула, ама шта је ту је. А и да ја имам, лошо е што вложувам само во она што ме интересира. Останатото е завршено колку да се заврши. Нема... Душа. :) Како што имаат нештата кога ќе им` се посветам целосно и ќе им` дадам се`. Па после ги снемува. (Бар овој тип обврски нема свест. Јес. :tv: )
 

Kajgana Shop

На врв Bottom