Со образование против сиромаштијата

Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Сиромаштијата не му може ништо на знаењето на Томе Кириази, со тоа всушност и пркоси
59004 ViewsDecember 18, 2014 Наша темаСилвана Жежова





„Томе, колку дипломи имаш?,“ го прашувам Кириази во куќата каде што живее на улица „Стив Наумов“ 104 во Битола. „Не знам“, ми вели.



Не е ни чудо, си мислам, колку е скромен. „Донеси ги заедно ќе ги броиме,“ му предложувам. И излегуваат околу 20 дипломи и пофалници по математика, физика, астрономија…



На прашањето од каде овој талент, вели: „На натпревари освојував награди и видов дека ме бива“. Неговата мајка Зорка дофрла дека талентот за природните науки го наследил од баба му.

Томе сега е прва година на Информатички факултет компјутерски науки и инжинерство во Битола. Сакал да се запише во Скопје, ама немал можност.

„Завршив средно, а со тоа и моите натпревари. На факултет нема такво нешто“, ми објаснува.

Во Техничко училиште беше прогласен за ученик на генерација. И во основно и во средно речиси секоја година одел на натпревари на регионално и државно ниво. И редовно, на училиштето му носел дипломи или пофалници.



„Во петто, шесто и седмо, на натпревари испраќаа „дете од фамилија“. Ама не постигнуваше резултати. Во осмо го испратија Томе, им се врати со диплома“, вели Стефани постарата сестра на Томе.



Таа зборува колку што Томе молчи. И е единствената вработена во петчленото семејство Кириази. Еден куп херојски битки има извојувано за нејзините најблиски. Токму со нејзината зборливост и снаодливост.

МИ БЕШЕ СТРАВ ДА ПРАШАМ, ДАЛИ ИМААТ ЗА ЛЕБ

На Интернационалната олимпијада по астрономија и астрофизика во Романија, Томе за првпат видел современ телескоп, што не можеше да го опише со зборови. Беше воодушевен и од подготвеноста на учениците од страна на нивните професори.

Бидејќи освојува награди по математика, физика, го интересира и астрономија, го прашувам што прави во слободно време. Но, Томе ни тука не е ист како неговите врсници.

„Учам англиски и германски. Грчки имам завршено трет степен. Пишувам семинарски. Волонтирам во Младински културен центар, Младински образовен форум, на фестивалот „Браќа Манаки“, одам на играорна…“

Да, сфатив дека под слободно време Томе повторно подразбира учење. Веројатно за да се стекне со знаење, кое и пркоси, а подоцна и ќе ја победи таа проклета сиромаштија која ја живее секој ден. Ми беше страв да прашам, дали имаат за леб.

Татко му Нико ја доживеал судбината на стечаец. Војната во минатото, неговата фамилија ја протерала од Битола, па подоцна и од Лерин. И така, судбината го остави без имот. Откако знае за себе, живее во оваа куќа која е на Општина Битола. Барале да ја откупат на 40 години, но не им одобриле. Плаќале станарина, кога можеле. Сега веќе ни тоа не можат.



Нико дипломирал на Историја на уметност и археологија.

„Малку поработев како туристички водич. Потоа добив постојана работа, но фирмата отиде под стечај. Седум години сум без работа. Таман дојде време децата да се запишат на училиште, јас веќе немам сили да се борам. Сакав да бидам археолог, галерист, библиотекар. Ееее и директор“, вели Нико за кого Томе милува да каже дека сака да зборува на врата и така ја лади собата во која се греат на ќумбе. Неодамна добиле два нови кревети од Црвен Крст.

„Креветите што ги гледате се нови, пред да ги добиеме спиев на искршени. Цела се искривив“, дофрла Стефани.

Мајка му на Томе, Зорка е домаќинка. Таа собира и продава пластични шишиња за да дојде до некој денар. Мајка ко мајка, горда е на своите деца. Но истовреме, бескрајно тажна.



„Комшиите и другите луѓе, бидејќи не знаат ни ја носат пластиката во двор и ние подоцна ја продаваме,“ вели таа.

ЅВЕЗДИТЕ НА ТОМЕ

Во иднина, Томе се гледа како информатички програмер. Бидејќи ја сака и астрономијата заклучивме дека најдобро е да работи во НАСА. Не за друго, има ракети кои брзо ќе го вивнат до ѕвездите.

Томе е сиромашен, ама е богат со знаење и со љубов од родителите и сестрите. Неговата помала сестра Катерина кога ќе добие 100 денари, сака да ги подели со братот и сестрата.

„Да имаат едно мало парче нешто, го делат на три“, ми вели Зорка.

Кате е прва година во Средно техничко училиште. Ја интересираат диоди, електрични жици, батерии. Сака да експериментира со нив, а вешта е и со глина.



До сега на Томе му помогнала Општината, Црвен крст, некои организации. Но тоа не е доволно за тој безгрижно да го продолжи студирањето, и да го заврши факултетот кој влева голема надеж за да се избори против условите во кои живее.

Прогласувањето на Томе на личност на годината од страна на еМагазин ја има токму таа цел. Приказната да допре до секој и оној кој може да помогне во оваа негова лична херојска борба. И да овозможи, тој само да учи и да не се грижи како ќе плати книги или како ќе пријави испити.Или во најмала рака, да почувствува пристоен човечки живот, како што заслужува ова дете.

Кога му се јавивме да му кажеме дека тој е нашиот херој, едвај не дослуша, бидејќи си имаше свои обврски. Си го живееше херојството и дента кога бевме.

Ден кој по многу нешта беше, ама баш тежок.
http://emagazin.mk/сиромаштијата-не-му-може-ништо-на-знае/

Секоја чест за дечкото и неговата фамилија. Место кукање и жалење се обидуваат преку образование да ја победат сиромаштијата. Им посакувам се најдобро и убеден сум дека еден ден ќе им се исплати целиот труд. Ваквите луѓе навистина заслужуват многу повеќе и треба да бидат пример за другите.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
На твоите у партија да им кажеш за детево,да му помогнете,а не владата да ја загардаувате со ограда од пола милион
За што да му помогнат за да може медиокритет ко тебе утре да го плука дека е партиски пиун?
 
Член од
13 декември 2011
Мислења
504
Поени од реакции
816
Му посакувам што поскоро да заврши факултет и да се исели од државава.
Тука паметни луѓе очигледно не се потребни. Само плакатолепачи и спамери по форуми.

Не сум точно сигурна, ама мислам дека мајка му веќе нема да може да продава пластика за да ги издржува.
Тоа е еден симпатичен начин на кој владата ќе им помогне на овие и слични семејства во својата борба за живот.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Сега државата ќе му даде кутија зејтин, брашно и ливче со говор. Ќе излезе дечкото пред Сител и ќе каже дека државата премногу им помагала и им помага сега и дека он целото свое образование во иднина ќе го вложи во Македонија, бидејќи нема друга држава толку добра како Македонија.
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.659
И утре ќе работи во супермаркет за мочани 150 евра. Коа ќе видам и не сме толку назад од другите, всушност многу понапред сме, од нас направија живи модифицирани роботи.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Се обидовме да му помогнеме на детево, по што добивме одговор од неговата сестра дека Томе сега бил "многу популарен" и немал време да збори со луѓе, освем со оние "најважните" немал време.......станал ѕвезда, да баш овие зборови ги искористи......мислам која дрскост, и ароганција......зошто на подадена рака такво однесување? која е целта?
 

Клошар.

Еднаш бев 4NHK0.
Член од
6 јуни 2014
Мислења
965
Поени од реакции
850
Дајте некоја трансакциска сметка да му помогнеме.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Државата треба да му помогне. На пример, можат да кажат дека собирањето пластични шишиња е договор на дело помеѓу мајката на детето и контејнерите, и да и лупнат 35% давачки.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Дајте некоја трансакциска сметка да му помогнеме.
Веројатно може да се добие контакт преку црвен крст Битола.

Во погорниот текст никаде не е наведено дали детето зима стипендија? Патем колку изнесува стипеднијата во Македонија.
Според мене со оглед на наградите не веувам дека тоа не е случај. А ако Е треба да се поведе постапка за стипендирање. Дури ако сака детето може да поднесе барње за студирање надвор од државата. Ако ништо друго тоа може да го направи по завршувањето на Бечлор програмата за Мастер да продолжи некаде во сранство. Стипеднии дава и нашата државата а дават и државите каде што сака да студира. Има многу можности за финансирање само треба детето да се информира. Но прашање е дали дома има компјутер и интернет?
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.280
Поени од реакции
45.698
Треба да се инвестира во детево, не владата да му дава пари па да ни пика во нос како му завршила работа, или па да му праќаме пораки ко да е недај боже инвалид, туку некоја фирма (РЕК на пример) да пљукне нешто во неговата наобразба па после да уновчи од него. Нормален свет така прави.
пс. Мора да нагласам дека ми е чудно Власи без пари, прав куриозитет .
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Треба да се инвестира во детево, не владата да му дава пари па да ни пика во нос како му завршила работа, или па да му праќаме пораки ко да е недај боже инвалид, туку некоја фирма (РЕК на пример) да пљукне нешто во неговата наобразба па после да уновчи од него. Нормален свет така прави.
пс. Мора да нагласам дека ми е чудно Власи без пари, прав куриозитет .
Потпис за ова. Најдобро ќе е детето само да се избори за подоцна да неможе некој да го уценува или па да се осеќа должен некому. Она што треба да му се помогне на детето е да му се обезбеди КОМПЈУТЕР и ИНТЕРНЕТ ако ги нема. Се друго може и сам да си заврши. Што се однесува до фирмите за жал во Македонија сеуште не постои или е на многу ниско ниво соработката на фирмите со факултетите. Но добро е што оваа дете добива медиумско внимание со што верувам дека и заинтересиранста за подршка од страна на локалните фирми ќе порасне. Како и да е со оглед на тоа дека дететно е многу активно сигурен сум дека на ваков или таков начин ќе си го најде патот кон успехот.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Се обидовме да му помогнеме на детево, по што добивме одговор од неговата сестра дека Томе сега бил "многу популарен" и немал време да збори со луѓе, освем со оние "најважните" немал време.......станал ѕвезда, да баш овие зборови ги искористи......мислам која дрскост, и ароганција......зошто на подадена рака такво однесување? која е целта?
а постов?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom