Со мермерот од ГТЦ се гради џамијата на Амди

Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Со мермерот од ГТЦ се гради џамијата на Амди

Од Здружението обвинуваат дека директорот Аго Абазовски вработил повеќе членови на семејството на пратеникот Амди Бајрам



Здружението на сопственици на дуќани во Градскиот трговски центар обвинуваат дека извршниот директор Аго Абазовски на роднинска основа ги дава старите подни мермерни плочки од објектот за доизградба на џамијата на пратеникот Амди Бајрам во Шуто Оризари.

- Прашање е дали навистина е потребно да се менуваат плочките во ГТЦ или се менуваат толку колку што се потребни за џамијата на Амди? Самите сопственици на дуќаните се сведоци дека плочките се менуваат без потреба. Еве, на пример, пред продавницата „Бенетон“ во рок од еден месец плочките се сменети дури три пати - тврди Драган Кировски, претседател на Управниот одбор на Здружението.Директорот Абазовски го отфрла обвинувањето на Здружението, нарекувајќи го ноторна лага.

- Сето тоа е измислица. Не сакам човекот да го вмешаме во нешто каде што не му е местото. Правени се интервенции на скршените мермерни плочи на приземјето, токму по барање на Здружението. Ќе менуваме плочки и на вториот кат. Работата е во тоа што не може да се извадат цели блокови. Тие се кршат и остануваат ситни парченца, бидејќи се внимава да не се оштетат здравите. Затоа тие и не може да се искористат за ништо. За мешање ли малтер ќе се користат - дециден е Абазовски.Пратеникот Амди Бајрам вели дека во 2001 година купил градежен шут од ГТЦ, кога директор бил Перо Михајловски и оттогаш не зел плочки од Трговскиот. Тоа е ѓубре, крш, што е уредно купено од ГТЦ. Јас сум пратеник, лидер на партија. За се' друго прашајте го директорот на ГТЦ. Немам што друго да коментирам - се изјасни вчера Бајрам. ................

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=C5239FFAF6974642B41DBDF6A04C87EF

До кога вака...
До кога ќе се замижува....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom