Со гностички методи до Бога

  • Креатор на темата Cool Hand Luke
  • Време на започнување
C

Cool Hand Luke

Гостин
(Lectio Divina), или Свето читање.

Оваа основна гностичка пракса има потекло од 220. година од новата ера а автор е монахот Ориген, еден од првите христијански сколастичари, теолози и оци на Црквата. Неговиот допринос е многу важен бидејќи бил меѓу првите кои се обиделе да го толкуваат христијанството од интелектуалната страна, и го поддржувал платонскиот поглед на еволуцијата на душата која по пат на усовршување го достига Кралството Небесно. Меѓутоа во шестиот век неговите верувања биле анатемисани од страна на Црквата, но неговата пракса се одржала до ден денес.

Што е во суштина Lectio Divina?

Тоа е опуштено, контемплативно читање на светите записи со кое писмото станува средство за постигнување лично единство со Бога, или како кој сака да го нарече тоа. Бидејќи е Лектио со христијанско потекло се користи првенствено за читање на христијански свети записи, од Стариот и Новиот завет, но се разбира и на гностичките апокрифни записи. Меѓутоа, бидејќи е Гнозата сама по себе изразито жива и крајно индивидуална работа, Лектио Дивина може да се користи и со свети записи на други вери и деноминации, било какви записи кои што припадниците на ннекоја вера и деноминција ги сметаат за свети во оквир на тоа на што припаѓаат или воопшто, тоа што им е лично свето. (Примедба на авторот на овој пост, што може да биде и некој роман неповрзан директно со религија, Зоки Поки на пример :))

Праксата се состои од четири дела:

1.Читање/слушање

Овде светиот запис се чита многу бавно, со концентрирано внимание на зборови и реченици. Тоа се постигнува така што читачот се одвојува од околината и седи во тивок простор, како би можел да го чуе оној „тивок мал глас“ од внатре со кој што Божеството му се обраќа, и како би го смирил својот ум, не би ли го чул тој глас во своето срце. Кога ќе го чуе тој глас, тоа ќе се манифестира во вид на пронаоѓање на еден или повеќе зборови, или реченици, или цел дел во текстот, со кое што Божеството одредило да оној кој што го чита, со помош на него се спои со Бога. Не грижете се за должината на текстот или времетраењто на читањето, тоа не зависи од вас туку од Него. Истотака ни за секојдневните мисли кои ќе ви јавуваат сами, не обрнувајте внимание на нив, пуштете ги да течат и посветете се на читањето.

2.Медитација

Кога еднаш сме го пронашле нашиот збор или дел од текстот, треба да, како што говореле нашите оци, да го „преживаме“. Слика на животно кое што мирно лежи и прежива се користела во старите времиња како симбол на христијанинот кој што медитира во зборот Божји. Овој симбол не учи дека нашиот збор или текст треба да си го повторуваме во себе, мирно, тивко и бавно, треба да стане дел од нашите мисли, чувства, надежи, стравови, да се преплетува со нив и да стане дел од нив и дел од нашиот ум. Допир на Бога со нас.

3. Молитва

Иако така се вика, ова не е молитва во вообичаената смисла на зборови, туку е многу важен чекор кој се однесува на нашиот со Бога и нашиот однос со самите себеси. Тоа е разговор со Бога, во кој ние му се отвораме и му ги нудиме нашите најдлабоки тајни, нашите стравови, фрустрации, најболни искуства, сомнежи, желби и надежи. Можеби притоа ќе плачете, ќе се смеете, ќе бидете бесни или се заедно но не е битно, битно е се да излезе од вас и да му се покаже Нему. Сите оние работи од кои што се срамиме, кои што ги криеме и од самите себеси и кои што сме ги сметале за недостојни да му ги понудиме на Бога како жртва. Напротив, се што имате дајте му Нему. Додека ги извлекуваме на површина, нежно и со внимание го рецитираме оној текст или оној збор што не допрел. Со помош на тој збор му дозволуваме на Бога да трансформира се што е негативно, лошо и не кочи. Од оваа причина се вели дека Лектио Дивина има моќ да промени нечиј живот од корен, ако редовно и совесно се практикува.

4.Контемплација

Конечно, кога ќе почувствуваме дека сме завршиле со вежбата за тој ден, потребно е да се препуштиме и одмориме во Божјата прегратка. Најлесен начин да се опише оваа состојба е ситуацијата којашто секој ја искусил, во однос со суштеството кое го сака и каде што љубовта е обострана. Моменти во кои зборовите се непотребни и одвишни, кога се што постои е чувство на препуштање и уживање во љубовта и сигурноста. Овде се препуштаме во рацете Божји и се одмораме некое време во Неговата прегратка.

Важни напомени: Праксата на Лектио Дивина не значи дали е некој ангажиран во облици на молитва или други апостолати туку внатрешен ритам на нашата духовна активност насочени кон Бога; два поларитета: нашата активност насочена кон Бога и нашата рецептивност кон Божјото влијание. То ест, праксата не се смета за нешто што е насочено надвор туку внатре во самите себеси, нашето активно учество во Божјата мудрост и милост по пат на запознавање на самите себеси, искоренување на пороците и маните, и така овозможување на Духот Божји внатрешно да не трансформира по својата слика, да бидеме духовно совршени.
Праксата обично се прави наутро еден саат, а може и по пола саат наутро и навечер, но не мора да значи генерално. Битно е да тоа да се практикува редовно и во одреден временски период како би имало ефект. Клучот на успехот не е да бидеме свртени кон постигнување на цел, не смееме да имаме рационален пристап, како на пример да го поделиме времето кое што ќе го минеме во пракса туку тоа треба да му го препуштиме на Бога.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Централна молитва

Иако е слична со Лектио Дивина сепак се разликува во намената, овозможува на Божеството да се манифестира во нас и може да послужи како припрема за Лектио Дивина, зависно од субјектот. Се базира на Христовите зборови на Гората: „Кога ќе се молите, појдете во својата внатрешна соба, затворете ја по себе вратата и молете му се на својот Отец во тајност. И отецот ваш, кој што гледа тајно, ќе ви возврати.“

Пракса

1.Изберете свет збор како симбол на својата согласност Бог да биде присутен и да делува во вас.

а.Отворете му се на Светиот Дух и замолете го да ви даде збор кој во тој момент ви одговара.

б.Наместо тоа сконцентрирајте се на вашиот здив и дозволете зборот сам да ви излезе.

2. Еднаш кога ќе го добиеме зборот не го менуваме, за да не го започнеме повторно ланецот на мисли.

3. Во удобна положба и со затворени очи, внесете го зборот во својот ум.

4. Повторувајте го зборот во себе, бавно и нежно, и ако повторно ве обземат мисли и чувства, сконцентрирајте се на зборот, без напор, мирно чекајте додека зборот не стане доминантна мисла во вашиот ум.

5.Кога ќе осетите дека е време да ја завршите молитвата, останете во таа положба неколку минути. Тоа докажано ќе ви помогне атмосферата на внатрешниот мир да ја пренесете и во надворешниот свет, во вашиот живот.

6.Времето стандардно предвидено за бавење со оваа вежба е околу 20 минути минимум, нутро и навечер. Со текот на времето и праксата, времетраењето може да се продолжи.
 
Член од
8 декември 2007
Мислења
254
Поени од реакции
9
Ориген! Хм. Заслужува внимание од христијаните. Голем подвишник и мислител. Но не ја заработува светоста како другите мислители и подвижници поради една голема причина. Не се покажал до крај издржлив. Тој како и повеќето луѓе изгледа дека немал јака воља на воздржување. Се работи за полните нагони.
Тој е првиот од рано-христијанската црква кој извршил самокастрација и поради тоа бил доста критикуван од Црквата. Но,сепак според мене Голем Човек.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Кул, зашто ги мешаш библиските и гностичките вистини принципи на живеење? Во христијанството, сите вистини ги добиваме бесплатно, без наша заслуга и без никакво прикривање на вистините. Во гностицизмот, ситуацијата е токму спротивна: гностиците (Елена Блавацка енд компани) сметаат дека постојат скриени вистни, кои допрва треба да бидат откриени а тие скриени вистини, наводно, не им биле достапни на сите поединци, туку само на одредени одбрани фаци. А Христос им рече на Апостолите да одат и да ги крштеваат сите народи, во името од Отецот и Синот и Светиот Дух. Христовата жртва на крстот не е само заради некои си одбрани поединци туку заради целиот човечки род.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Тоа не сум го знаел Мац.Корен, всушност и текстов ми е од српски форум, само го преведов.
Мики, јас како што сум сфатил, вистината ни е на сите достапна но од овие или оние причини нема сите да ја развиеме и повеќето ја оставаме на ниво на слепа вера, додека гностиците тежат да ја достигнат на што е можно посвесно ниво, но тоа зависи од самиот човек, а не толку од записите, апокрифните на пример, ни тие не можат да понудат некое којзнае какво плус знаење за вистината, туку она што секој човек сам ќе си го оствари за себеси. А и мора да се признае дека не се сите луѓе што веруваат исти, кај некои е верата послаба, кај некои едноставно свети, но тие се поретки. Параболата на Исус за семето, некое дало плод 30, друго 60, трето 100. Не велам дека гностиците се пред верниците што слепо веруваат, тоа пред се зависи од самата личност, а гностицизмот е само една алка плус во христијанството. Не гледам ништо лошо во ова, конкретно во овие вежби.
 
Само на кратко, кон болтуваното:

- верниците веруваат на невидено, но веруваат во точно „специфицирано„ битие, онака и онолку колку тоа битие (Бог) сака да ни се открие; во христијанството, сите поими, настани и битија се конкретни и до кристална јасност објаснети;
- гностиците ни оддалеку не се алка во христијанството, туку негова сушта спротовност. А објаснив и зашто: христијаните „баратаат„ со од Бога откориените вистини, а гнсотиците допрва сакаат да го откријат „скриеното„ (а ти размисли, која е причината тие вистини да бидат скриени, а посебно размисли кој ги крие наводните вистини).
 
Тоа е точно, дека гностикот на својот пат кон Бога не прифаќа многу здраво за готово од светите записи, туку пред се размислува со своја глава, а тој принцип не исклучува ни примена на зло ако тој така смета. Секако, не да се прави зло по било која цена, да се убива, злоставува се со цел да се искуси и тоа, бидејќи тоа не е ни христијански ни гностички, туку да речеме онаму каде што верникот врти образ иако ни сам не е сигурен дека така треба, таму гностикот може да врати во стил - кој тебе со камен, ти него со каменчиште. :) Пази, зависи од случајот, ако речеме видиш некоја будала спремна да ја злоупотреби твојата добрина и попустливост и да те понижи максимално.
Ако мислиш дека тој кој крие некоја од вистините е Ѓаволот, имаш право до некаде, затоа патот на гностицизмот е - запознај и проучи се, за да можеш на крај со сигурност да се ослободиш од тоа, а не само слепо да го отфрлиш, а тоа да ти живее како сомнеж во душата. На параболата за синот - изгубената овца која Исус им ја раскажал на Петар и Матеј да ги помири, и се придава големо значење во апокрифните евангелија, му се придава позитивно значење на изгубениот син, како човек што размислува со своја глава и на крај, и после сите гревови што ги направил се вратил како прекален борец. Во ред Мики, сметам дека Гностиката е меч со две острици, но дека е само зло, не. Не знам дали си читал за првиот гностик од кого и потекнала Гнозата - Шимун Маг (Simon the Sorcerer) кој наводно имал голема окултна моќ.
А како ти се чинат овие вежби, дали од аспект на православието се лоши на некој начин?
 
Кон болтуваното:

- не е штосот во тоа нештата во христијанството да се земааат „здраво за говото„, туку, како што вели митрополитот Антоние Блум, битно е личното искуство во живењето според верата. Искуството е најубедливот доказ за (не)точноста од некое учење.
- да, нависина е лукавиот, а од него може да се добие само лагата и злото, но никако и витината. Затоа, Христос за него вели:„...еве доаѓа кнезот од овој век кој во Мене нема ништо...„
- кога човек размислува со своја глава, што мислиш, до каков заклучок доаѓа?
- не, не сум го читал. Читам исклучиво верска православна литература.
- вежбите кои ги наведе, страшно ме асоцираат на „њу-ејџ„ философијата. Освен молитвата, се друго од тие вежби е компилација од се и сешто, токму онака како што делуваат „њу-ејџерите„ А „њу-ејџот, може све да „свари„, само не и христијанството. Христијанската вистина е од Бога откриена и е неспоива со било која човечка или ѓаволска итроштина, која се продава денес пд ралични „фирми„.
 
Во ред, болдираното може да се поврзе во смисол искуства да, но со памет, односно со Бога. Може мене само ми се чини дека повеќето верници бегаат од искуствата што ги носи животот и од послободниот начин на размислување и живеење, дека всушност живеат повеќе во страв отколку во вера.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Ниту атеистите, ниту верниците неможат да избегаат од дадената стварност и стек од околности во кои живеат па според тоа, искуствата, вакви или такви, се неизбежни. А најлошто решение е личната намера за повторно откривање на Светот, намерно избегнувајќи ги туѓите искуства.
Христијанскиот пристап кон живеењето е заснован на од Бога откриените вистини, а не живеење исклучиво по своето искуствено наоѓање. За да не биде христијанското живеење некоја си философска недостижна апстракција, потребно е и личното искуство во живеењето според христијанската етика, кое е најубедливиот доказ за нејзината точност.
А живеењето според Христовото учење, секогаш и неизбежно започнува со стравот Божји, оти само Бог може и телото и душата да ги фрли во вечниот мрак и вечната смрт. А стравот Божји, живејќки според Бога, прераснува во љубов кон Бога па со тоа, стравот исчезнува. Или, како вели Антоние Блум, ако сторам грев, незначи дека веднаш ќе ме стигне казната Божја (што незначи дека треба свесно и непрекидно да грешиме).
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
А живеењето според Христовото учење, секогаш и неизбежно започнува со стравот Божји
Тоа би била причината зошто има толку многу атеисти. Во мојот случај беше поинаку, јас најпрво силно поверував, но понатаму, со текот на животот и сите проблеми што ги носи, таа вера ми се сведе на голем сомнеж и страв, и така дури многу подоцна сфатив дека сум тек на почеток.
А стравот Божји, живејќки според Бога, прераснува во љубов кон Бога па со тоа, стравот исчезнува.
Е, тука е според мене основната разлика помеѓу слепото верување и гностиката, ова второто би требало да го забрзува тој процес. А според тебе, тој страв со текот на времето со вера се претвора во љубов, всушност созрева без форсирање, барем не од овој вид на посебни вежби?
 
Devil-King

Пациентот од Бардовци
Член од
3 февруари 2007
Мислења
1.009
Поени од реакции
67
Тhis Shit Sux....

Бог не е некој си човек божество се сите луѓе заедно.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Секој човек го има божественото во себе и секој треба тоа да го види во другиот, а се чини дека ни е многу полесно да го видиме злото, отколку божественото во другите кое го прифаќаме некако здраво за готово. А и луѓето различно го поимуваат тоа божествено, па затоа е најдобро тоа најпрво да се открие во самиот себеси. Начините за тоа се многу субјективни би рекол, иако многу патишта водат до таму, наизглед многу различни патишта.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Тоа би била причината зошто има толку многу атеисти. Во мојот случај беше поинаку, јас најпрво силно поверував, но понатаму, со текот на животот и сите проблеми што ги носи, таа вера ми се сведе на голем сомнеж и страв, и така дури многу подоцна сфатив дека сум тек на почеток.

Е, тука е според мене основната разлика помеѓу слепото верување и гностиката, ова второто би требало да го забрзува тој процес. А според тебе, тој страв со текот на времето со вера се претвора во љубов, всушност созрева без форсирање, барем не од овој вид на посебни вежби?
-Атеизмот е во пораст, оти тоа им се набива во фаца на денешните луѓе уште од мали нозе-преку атеистичкиот образвен систем. Но и тоа треба да биде-според Апостолот Павле, во (пред)последните времиња.
- Мене лично, не ми се познати никакви вежби да достигнување на некаква состојба на духот-единствен спорт кој го познава православието тоа е молтитвата за милост Божја и спасение на душата.
 
Мацо_Д()

Бизнисмен
Член од
23 ноември 2015
Мислења
365
Поени од реакции
152
Да ви ја покажам мојата, олеснета и поедноставена гностичка метода, за мрзеливци:
YouTube videos for dummies.:icon_lol:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom