Стеф, немој премногу да размислуваш. Може да се повредиш.
Цитирање на „научни вистини„ од вики те прави научник, отрилика онолку колку што седењето во гаража ќе направи автомобил.
(иако еден мој пријател дефинитивно би те нарекол „точак„)
Сега ќе одговорам еднаш на цитатов долу, и потоа би сугерирал понатаму да не ја киднапираме темава во офтопик насоки.
Дали можеби знаеш дали со калемењето кое се пректикува настанува генетска модификација?
Вообичаено тиква се калеми со лубеница - речиси сите лубеници се израснати на корени од тиква
Или бадем се калеми со праска. Дрвото на природната праска кратко живее и затоа праската се калеми на основа бадем која подолго живее. Таквите праски се поситни но се исто благи
Или едноставно, прашањето гласи: Дали калемењето представува генетска модификација?
Калемењето
не е генетска модификација. Со калемење немаш добиено нов организам, туку
дел од едно растение пресадуваш во друго компатибилно растение. Немаш мешање на генетскиот материјал.
Еве на пример ако на праска, накалемиш гранка од кајсија. Кога ќе процветаат различните гранки, и ќе паднат на земјата различните плодови, од различните семки ќе пораснат различни растенија. Мешање не се случило.
Калемењето сметај го како трансплантација, или паразитизам на гранката на кајсијата врз себлото од праската.
Ама сепак те разбирам што сакаш да кажеш, и ајде да ти помогнам да си ја направиш поентата: подобар пример би ти била
генетската селекција.
Сигурно си слушнал за генетска селекција. Тоа ти е кога од 100 кози, ќе одбереш 2 единки, машко и женско, кои ги имаат тие карактеристики кои ги посакуваш: на пример да бидат покрупни, да даваат повеќе млеко, да се поотпорни на болести, да се долговечни, женката коза да има поголемо виме, итн итн.
Тие две одбрани единки кога ќе ги размножиш нивното потомство ќе ги наследи нивните карактеристики (крупност, млечност, отпорност, долг животен век, итн).
Е сега идеме до поентата што сакаше да ја направиш. Дали генетската селекција е всушност генетска модификација?
- Секако дека е, генетска модификација е.
Ама тоа каде што не правиш разлика е МЕТОДОТ.
Методот на генетската селекција е прастар и докажано безбеден метод. Точно е дека преку селектирање на посакуваните единки се прави промена на генетскиот материјал. Но прави разлика дека
се што си направил тука, е тоа што си одредил
кои единки од расата ќе остават
потомство.
Е сега идеме до методите на ГМО индустријата. Дали тие прават генетска селекција? Дали тие прават генетска селекција кога произведуваат нов вид на ГМО соја, на која ете најголема придобивка и е да биде отпорна на хербицидите од истата индустрија?
- Не, тие користат друг метод. Тие го користат методот на генетскиот инжинеринг, каде ДНК секвенцата
директно се менува преку генетски сплајсинг (во превод сецкање). Земаат дел од ДНК на некоја бактерија која е отпорна на нивните хербициди, и тој дел го вметнуваат во ДНК-ата од растението.
Добиеното растение е отпорно на хербицидот, со што индустријата може да ги залева нивите со хербицид и таму ништо нема да порасне освен ГМО растението (во случајов ГМО соја).
Има други примери, каде имаат ставано делови од ДНК од риба или жаба во растение, за да добијат некоја друга карактеристика (најчесто отпорност).
Ова е се многу интресно. Се додека не се видат резултатите од научни студии каде се гледа дека исхраната со ГМО храна носи тешки здравствени заболувања. Не најмалку разни ракови, губење на репродуктивни способности, итн други заебани страња.
Да не дрвам сега со опишување на студиите, нека прочита кој сака. Еве студија каде неколку генерации глувци се хранети исклучиво со ГМО храна, и резултатите од таква исхрана.
http://wholelifenutrition.net/learn/gmo-free/are-gmos-safe/
За крај само заклучокот да го направам.
Има разни видови на генетски модификации. Генетската селекција е стар и докажан метод. Но проблемот на ГМО индустријата е дека никако не можат да „убедат„ жаба или риба (или бактерија) да има секс со некое растение, нели?
Затоа мораат да прават
генетски инжинериг, и со сецкање на гените -со генетски сплајсинг, да добијат нов организам кој успеале да биде отпорен на хербициди или болести. Но проблемот е што така добиле сосема нов организам, за кој НЕ ЗНААТ ДАЛИ Е БЕЗБЕДЕН ЗА ЧОВЕЧКА ИСХРАНА.
Не случајно имаме наплив од канцерогени заболувања. Не велам дека ГМО храната е единствената причина, ама дефинитивно е голем фактор за тие проблеми.
Гуглајте го Арапад Пузтај, видете кој е човекот, каква научна позадина има, на каква функција бил, и со која цел соодветните органи од ЕУ го имаат назначено на чело на
официјалното ЕУ испитување за безбедноста на ГМО. Потоа прочитајте ги резултатите од испитувањата и другите интересни моменти за тој клучен момент.
Едуцирајте се, и донесете сопствен заклучок врз база на знаење. Не бидете кози, пардон... не бидете Стефус Корпус, и не трескајте зелени затоа што нешто сте слушнале, а ништо не сте разбрале.
Се работи за нашето здравје, за иднината на нашите деца! Се работи за идните поколенија на кои имаме одговорност да им оставиме нормален здрав свет, каде нема да умираат од кацери заради тоа што некои богаташи треба попрофитабилно го водат бизнисот.
Едуцирајте се луѓе, и заедно да го запреме ова злосторство што се случува денес.