Фала ти. Мене ми е највеќе за мајка ми пошто знам сега ќе здивне малце. Мене сега ме има утре ќе се омажам, таа заслужи да си живее мирно. Се надевам нема да и го одземат при промена на влада или нешто. Затоа сакав да знам се, пошто нема кај да прашам. А за такви "социјални" случаи има секаде...
Се додека ти и мајка ти немате имот на свое име нема да ве чепкаат.
Не знам што и како ќе биде - се надевам некој знае да ти помогне - утре ти ќе се омажиш, под претпоставка со некој што има нешто на свое име. Не знам дали и во тој случај ќе и прават проблем.
Ако успеам да дознаам информација ќе ти кажам, една познаничка ,,ептен социјално загрозена,, редовно добива поволности од државата.
--- надополнето: 14 март 2013 во 16:50 ---
Најдов некој оглас од 2009, во него пишува кој и што е подобен за социјален стан. Разгледај го, може нешто ќе ти помогне.
http://www.mtc.gov.mk/NEW_Site/images/ObjavaPDF/Oglas za socijalni stanovi.Ohrid, Kicevo, Kocani, Kr, Palanka i Kavadarci.pdf
За самохрани родители со малолетни деца:
1. Да се државјани на РМ
2. Да се самохрани родители
3.
Лицето и сите членови на неговото заедничко домаќинство да немаат стан, куќа или куќа за одмор во нивна сопственост и
4. Да не се станбено обезбедени од страна на Република Македонија по било кој основ.
Тоа е точка 6, имаш надолу повеќе.