Социјална пензија? Дали е донесен закон?

Член од
15 мај 2016
Мислења
142
Поени од реакции
60
Здраво незнам дали има ваква тема овде. Ако има слободно преместете ја.

Се работи за социјална пензија за лиц со недоволен стаж (па и без стаж) над 65 години.

Некој што го знае или можеби веќе зема да каже Дали е валидно ова или не?
Мајка ми има 10 години признаен стаж.

Во пиом велат дека таков закон. Единствено можело само да се доплати стажот по 1400 денари за следните 5 години па да се добие цела старосна пензија.

Некој повеќе што знае да каже за ова?
Каде би требало да се обратиме
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.631
Поени од реакции
4.932

Јас колку што знам СДСМ највуваше вакво нешто и им го пишуваше во програмата. Но колку што знам не донесоа ваков закон. Или непостои социјална пензијаа. Мора 15 години стаж и возраст.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Предлог законот е донесен кон крајот на 2018 година. Би требало да е усвоен.
Автоматски споено мислење:

Според предложениот закон, право на популарно наречената социјална пензија имаат државјани на Република Македонија со навршени 65 години возраст, кои во последните 15 години имаат постојано место на живеење во државата, немаат имот и имотни права од кои можат да се издржуваат, не се корисници на пензија од Република Македонија или вид на исплата по основ на старост, инвалидност или доживување од друга држава, не остваруваат приходи и имаат пријавен пензиски стаж во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, или стаж на осигурување во траење помалку од 15 години. Но, во заедниците во кои во брак или вонбрачно живеат две лица кои ги исполнуваат овие услови, социјална пензија ќе може да добие само едно од нив.
 
Последно уредено од модератор:

И јас знам дека се зборуваше. На телевизија овој месец напоменаа, некој од министриве дека сите кои исполнуваат услови, треба да се пријават до крај на месецот за да остварат право на социјална пензија
Имаше и по порталите, но отогаш тишина. Незнам дали се смени нешто или дали воопшто е донесен законов

Затоа замолувам некој што е правник или пак лице кое што поднело барање за ова да помогне некако
 
G

Gjoksi

Гостин
Таа материја е уредена во Законот за социјална сигурност за старите лица („Сл. весник на РСМ“ бр. 104/2019).
Барањето се поднесува до Центарот за социјална работа, каде барателот има живеалиште или престојувалиште.
 
Член од
15 мај 2016
Мислења
142
Поени од реакции
60
Здраво пак јас. Само едно дополнително прашање во однос на темава
Во службен весник стојат некои критериуми за добивање на пензија

Право на социјална сигурност за старите лица, лицето од членот 3 став 1 од овој закон го остварува ако:

Меѓу другите важно ми е ова.

3. нема во сопственост имот и имотни права од кои може да се издржува;

Дали и автомобил се подразбира под Имот во случајов.

Значи не се работи за социјално туку за социјална сигурност на стари лица, па мислам дека автомобил не би требало да се смета за имот
 
Kajgana Shop

На врв Bottom