Социјалистичко Уредување

Дали мислите дека Македонија треба да има Социјалистичко Уредување? (ЈАВНА АНКЕТА)


  • Вкупно гласачи
    72

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.209
Слободниот пазар обезбедува широко поле за работа на претприемачите кои ризикувајки го сопствениот капитал отвораат нови работни места задоволувајки ги потребите на потрошувачите. Со зголемување на бројот на инвеститорите, се зголемува и побарувачката за работни места. Така расте цената на работната рака и самиот животен стандард. Така функционира слободниот пазар на работна сила. Слободниот пазар, на кој владее максимална конкуренција, ги наградува оние бизниси кои најмногу иновирале и ги задоволиле преференциите на купувачите по најповолни услови. Кога пазарот е слободен, тогаш не само што се охрабрува инвестирањето, туку уште поважно…преку профитниот мотив и низ системот на цени, инвестирањето на капиталот се одвива онаму каде се потребите на обичниот човек најголеми. Комплицираната мрежа од размени, преку системот на цени, секогаш ги елеминира сите недостатоци или вишоци на пазарот.

Меѓутоа размените не се секогаш слободни. Некои од нив се и насилни. Доколку разбојник ви впери пиштол, и ве услови со „пари или живот“…тогаш вашето плаќање е насилно а не доброволно. Тоа е грабеж, а не слободен пазар. Разбојникот добива, ограбениот губи. Тука нема взаемна добивка. Значи, експлоатацијата не се случува на слободниот пазар, туку таму каде што имате сооднос насилник-жртва. Гледано на долг рок, присилата е размена која завршува со негативна сума. Тоа понатаму значи дестимулација на инвестициите, производството и штедењето. Намалување на продуктивноста, пад на животниот стандард и полоши услови за живот за сите, па дури и за разбојникот.

Државата е секогаш единствениот субјект со законско право за употреба на принуда. Даноците се токму таква принуда, и колку се тие поголеми и пообемни, дотолку повеќе страда и економскиот раст. Некои принуди кои ги воведува државата (како на пример контролирањето на цените, и спречувањето на максималната конкуренција) ја попречуваат размената и производството, и доведуваат до намалена економска активност, додека пак други принуди (заштите од кражби, забрана за измами и фалсификати, принудно спроведување на потпишаните договори и сл.) влијаат позитивно на економските текови.

Најразвиениот систем на државна принуда е социјализмот. Во социјалистичкото централно планирање, на централните планери им недостасува системот на цени, врз основа на кои се врши реална пресметка. Како што многу социјалисти денес признаваат, социјалистичките комисии за планирање немале ефикасни начини за пресметка на цените, трошоците или поготово за вкупните инвестиции кои се ангажираат во производството. Состојбата во некогашен СССР и поранешните социјалистички земји, каде се продавниците бедно снабдени, а луѓето чекаат на ред во километарски колони за најосновните продукти, е јасен пример колку е планската економија ефикасна на дело.

Од друга страна, за да имате ефикасен слободен пазар (на кој се разменува приватната сопственост) клучен момент е почитувањето на правото на приватна сопственост, како и нејзината заштита и почитување низ системот на правната држава.
 
F

FilipMacedon

Гостин
Што се млатите?на оваа македонска почва ниту профункционира социјализмот,ниту пак капитализмот...и во тој период и во овој имаме само силно бирократизирано општество со примеси од разни центри на моќ и политичко влијание.Во Социјализмот главната алка е свесноста на колективизмот кој што ние како менталитет никогаш не го достигнавме,а во капитализмот главната алка е интелектуалната критика која што во нашиот менталитет не ни знае што значи тоа...единствен спас гледам во строгото владение на правото,па со самото тоа би се постигнале и другите благодети,ама и за тоа гледам со скепса...

--- надополнето ---

Не се секирајте штом не ја сакате владата и државата наскоро и навистина ќе ја немате, зашто и без тоа немаме наталитет, за 5 до максимум 10 години ќе се зборува албански тука, затоа фатете си ја со време албанистиката да си учите, инаку вие погоре трескате глупости, пензискиот систем е заснован на активна работна сила на 3ца вработени се издржава 1 пензионер ние тоа во Македонија никогаш неможеме да го оствариме, а порано во Социјализамот го остварувале, друго, кој на Југа и давал пари и кредити? Каков запад и исток и давал пари и кредити, нема врска тоа, Југа си била самостојна држава и сама си одлучувала за својата политика, токму заради тоа и бодела во очи, трговија си имала со неврзаните, извоз на најквалитетни производи имало во тоа време, кое производство Мкд го има денес? Никое, не постои.
Не постои стопанство, индустрија да не зборувам нема ни И од индустрија нема од што да се полни државната каса, нема БДП, нема ништо се е уништено..............
Ти девојко каде живееш,како може една третина да наметне јазик врз останатиот дел...тие приказни чувајте си ги за плашење деца пред спиење...
 

tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Што се млатите?на оваа македонска почва ниту профункционира социјализмот,ниту пак капитализмот...и во тој период и во овој имаме само силно бирократизирано општество со примеси од разни центри на моќ и политичко влијание.Во Социјализмот главната алка е свесноста на колективизмот кој што ние како менталитет никогаш не го достигнавме,а во капитализмот главната алка е интелектуалната критика која што во нашиот менталитет не ни знае што значи тоа...единствен спас гледам во строгото владение на правото,па со самото тоа би се постигнале и другите благодети,ама и за тоа гледам со скепса...

--- надополнето ---



Ти девојко каде живееш,како може една третина да наметне јазик врз останатиот дел...тие приказни чувајте си ги за плашење деца пред спиење...
Извини ама едно прашање:
Каде досега во светот е успеано да се наметне колективна свест ? Ниту ние, ниту било каде во светот има луѓе со менталитет на кои колективната свест му значи нешто. Уште повеќе е комплицирано кога ќе земеш во предвид дека се бара апсолутна колективна свест. Поточно сите треба да се сложат со тоа, оти ако има и една индивуда што нема да ја прифати колективнат свест тогаш тој ќе биде слободен јавач. Апсолутност и група луѓе не одат заедно. Социјализмот е стартно дефектен поради што не го прифаќа човекот таков како што е (егоизтичен, себичен), туку зема да идеализира каков би бил идеалниот човек кој што би создал идеален систем. Капитализмот од другата страна пак е многу по прагматичен: теоретската конструкција на капитализмот гледа на човекот како нешто веќе дадено и за задача си поставува да се најде таков систем кој што ќе извлече максимум од карактеристиките што ги има човекот - т.е систем кој што ќе го насочи индивидуалнто делување кон општо добро БЕЗ приота да даде и најмала сугестија за тоа каков треба да биде човекот туку цело време тргнувќи од тоа каков Е човекот! Човекот е егоистичен, себичен неколективно свесен. Човекот ќе ја искористи секоја прилика да присвои нешто без труд, да присвои што повеќе итн.
Најдобар систем за да насочат овие караткериски кон општо добро е капитализмот.
 
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.569
Поени од реакции
610
Извини ама едно прашање:
Каде досега во светот е успеано да се наметне колективна свест ? Ниту ние, ниту било каде во светот има луѓе со менталитет на кои колективната свест му значи нешто. Уште повеќе е комплицирано кога ќе земеш во предвид дека се бара апсолутна колективна свест. Поточно сите треба да се сложат со тоа, оти ако има и една индивуда што нема да ја прифати колективнат свест тогаш тој ќе биде слободен јавач. Апсолутност и група луѓе не одат заедно. Социјализмот е стартно дефектен поради што не го прифаќа човекот таков како што е (егоизтичен, себичен), туку зема да идеализира каков би бил идеалниот човек кој што би создал идеален систем. Капитализмот од другата страна пак е многу по прагматичен: теоретската конструкција на капитализмот гледа на човекот како нешто веќе дадено и за задача си поставува да се најде таков систем кој што ќе извлече максимум од карактеристиките што ги има човекот - т.е систем кој што ќе го насочи индивидуалнто делување кон општо добро БЕЗ приота да даде и најмала сугестија за тоа каков треба да биде човекот туку цело време тргнувќи од тоа каков Е човекот! Човекот е егоистичен, себичен неколективно свесен. Човекот ќе ја искористи секоја прилика да присвои нешто без труд, да присвои што повеќе итн.
Најдобар систем за да насочат овие караткериски кон општо добро е капитализмот.
Како што и бог е нај-дефектното створење измислено од човекот, така и социјализмот. Социјализмот не го гледа човекот како совршен, секој знае дека не е совршен. Го гледа општеството како совршено, или барем се стреми кон комунизмот вое кое општеството е совршено.
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Уф.. одамна не сум се ставил на форумов.. али добро е што најдов малку од малку време и за тоа...

Гледам многу технички работи се измениле.. као на прумер уредувањето на интефејсов... Ама.. во суштина форумџиите си останале исти... исти К друго паковање.. :)

Е сеа околу темава...

Ве прочитав сите до еден, и мора да кажам дека каша попара сте напраиле од темава...

Прво, мислам дека прашањето на анкетата е тотално погрешно поставено, затоа што како прво, во колективната свест на македонецот, тоа социјалистичко уредување предизвикува некое чувство на нелагодност кое како што гледам дури и помладите генерации го прифаќаат како такво без да знаат зошто е тоа така (се гледа од дадените коментари). Па така мислам дека подобро ќе беше ако прашањето гласеше „Дали мислите дека Р.Македонија треба да го смени сопственото општествено уредување?“ или во порадикална форма, „Дали мислите дека Р.Македонија треба да го смени капиталистичкото општествено уредување?“.

Второ, Треба стварно да разграничите што е социјализам, комунизам и капитализам. Неоспорно е дека човекот тежнее кон слобода и дека тоа е неговиот најголем дострел, но исто така и неоспорен е фактот дека во име на слободата човекот едноставно губи сенс за нештата околу себе - ги злоупотребува. Е сега, ако капитализмот му дава на човекот слобода да прави било што , односно му дава избор за се (за што мислам дека тоа е либерално и нео-либерално толкување) тогаш зошто капитализмот со сите свои карактеристики ја забранува и слободата да се промени истиот? Да не се лажеме капитализмот длабоко во себе има свои противречности, кои од ден на ден се менуваат, и заменуваат со други, кои пак од промена во приомена го уништуваат капитализмот внатре во себе. а сепак капитализмот по суштина останува таков каков што е, непроменет (што само по себе и претстаува еден парадокс кој реално постои, дали ние тоа сакаме да го признаеме или не).
Да објаснам на кратко, оти знам дека нема да бидам сфатен, најпрво две прашања - Зошто пред да настапи капитализмот како општествено-економска формација, постоеле робовладетелство и феудализам? и Како и зошто тие се промениле, односно човештвото по револутивен пат ги заменило со капитализам? Одговорот е едноставен, едноставно човештвото сфатило дека дотогашните односи кои биле регулирани како што биле регулирани, едноставно не воделе никаде, не ги решавале нивните секојдневни проблеми и не давале одговор на нивните прашања, па така капитализмот постанал општествена нужност! (од друга страна пак чисто сумњам дека тогаш луѓето сонувале за капитализам, т.е. дека баш така го нарекувале - барем јас не сум прочитал такво нешто, името дошло подоцна). Е сега, токму тука е проблемот на кршењето на копјата помеѓу слободата и ограничувањето на истата! Слободата е нешто што мора да се постигне, бидејќи тоа е стремеж на секој од нас, а ограничувањето е општеството кое поставило некои норми и правила, морал итн. итн. итн. На пример, еве земете ја религијата, како општествена творба и нејзините догматкси правила, поконкретно христијанството, како низ вековите еволуирало. Или пак, најсекојдневно, размислете само малку околу правилата што државата ги наметнува околу пушењето, односот на професорите и учениците, плаќањето на партиципација за факултет, зголемувањето на даноци и сл исл.. (да не завлегувам таму оти ептен ќе забегаме). Така да, другарчиња, мислам дека од овој аспект треба да ги разграничите поимите капитализам, социјализам и комунизам. Бидејќи Маркс никаде не го спомнал она што настанало како социјализам после неговата смрт. Реално земено, се она што се нарекло социјализам после него била само пуста желба да се постигне тоа таму каде што имало неправда, се појавило ерална потреба за капитализам, што во суштина и се создало капитализам регулиран од државата како апарат. Она што Маркс навистина пишувал и се залагал е реално согледување на проблемите кои постојат (а што е за право Маркс се восхитувал на капитализмот, а воедно и самиот тој запишал дека до сега капитализмот е најнапредниот општествен систем, но отишол и понатаму така што ги забележал неговите недостатоци, кои на жалост и ден денес постојат и се повеќе се задлабочуваат), и нивно константно менување!

и

Трето, Кога сме веќе кај менувањето, тука лежи и суштината на проблемот. Колку сме спремни и колку сакаме да го промениме она што ни пречи? Дали имаме некои предрасуди кон сето тоа, какви проблеми ни претстојат, како би го промениле сето она што ни пречи и ни ја огранучува слободата? Мислам, тргнете од себе, постојано знаеме да мрчиме како ни требаат пари за ова пари за она, како ни сметала оваа политичка партија, оној државник, па вака требало онака требало и сл исл.. Така да кога сме веќе кај тие прашања, тогаш Маркс во суштина токму тоа го зборувал, а и социјализмот, па и комунизмот како најнапредна фаза (не најсовршена - оти нема ништо совршено, добро, шо знам, освен ваљда космосот :) ). Е сега факт е дека тој како прерогатив ја земал работничката класа, пролетаријатот, бидејќи во сржта на својата теорија, тој зборува за класите, и противречностите на односите меѓу нив и во самото општество. Но како и да е, самиот назив денес е очигледно изменет, а проблемите сепак останале. Па така еве да го цитирам Зигмунд Фројд, кој вели - „Судбинското прашање за човечкиот род се сосоти во тоа дали и во колкав обем на културниот развиток ќе му појде од рака да ја совлада пречката на живеењето во заедница со помош на човечкиот нагон за агресија и самоуништување. Во тој однос, можеби, токму нашево време заслужува најмногу внимание. Луѓето денес ги совладале природните сили во толкава мера што со нивна помош лесно би можеле да се истребат до последниот човек. Тие го знаат тоа и оттука потекнува нивното неспокојство, незадоволство и страв.“ - НЕУГОДНОТО ВО КУЛТУРАТА 1930 година Епа драги мои.. заклучокот е следен, или пекол или комунизам ... нема средина... баталете тоа капитализам, нели гледате дека пропаѓа? ;-)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom