- Член од
- 5 јули 2012
- Мислења
- 3.495
- Поени од реакции
- 2.304
Социјалистите на Рама остануваат на власт во Албанија. Според преброените гласови, тие во Парламентот ќе имаат 74 мандати, наспроти Демократите на Баша со 43 пратеници. Партијата на Илир Мета ќе располага со 19 мандати а уште две помали партии делат четири пратенички места. Лидерот на социјалистите кој обезбеди нов мандат за својата Влада им се заблагодари на гласачите и изјави дека е задоволен од резултатот, особено што постигнале успех дури и таму каде никој не тоа не го очекувал.
„Албанците ни направија огромна чест. Тоа може да им се направи на луѓето кои го бараат гласот на народот за да ги отелотворат нивните аспирации, соништа и надежи! Оваа победа е најтешката одговорност што можевме да ја преземеме врз нашите плеќи..- изјави Еди Рама, премиер
Претседателот на Демократската партија Лулзим Баша беше кај поранешниот премиер Сали Бериша. 45 минутната средба се одржа далеку од очите на јавноста иако се претпоставува дека резултатот на изборите и иднината на партијата биле во фокусот на нивниот разговор. По осум години власт, во опозиција заминува и партијата на Илир Мета. Еврокомесарите Могерини и Хан, ја повикаа новата влада да го продолжи процесот на реформи а во фоксуот да биде правосудството.