Состојбата во македонскиот авто-мото спорт?

Bertone

Автомобилски Дизајнерски Гуру
Член од
1 октомври 2007
Мислења
808
Поени од реакции
6
Долго време размислувам во каква очајна состојба ни е домашниот
авто-мото спорт.

Освен некои ридски патеки (Крушево, Водно...) и Скопскиот круг (пред МРТВ што е), некаква друга поголема манифестација од ова нема (исклучок последниве години drag racing секој септември).

Каде некоја поголема манифестација? камо стази како Гробник во Хрватска? Слушам нешто имало во Кичево некоја стаза ама не била ништо посебно.

Освен уличните трки на децата на бизнисмените со тјунирани автомобили кај некои „експерти“ од скопските гаражи за тјунинг, некаков си авто-спорт каде можиме сите ние the regular Joes да можиме да се пријавиме нема.

Прво: Нема финансии и фирмите колку што знам не даваат дебели пари за да го финансираат вашиот автомобил и вашето учество, значи мора од домашниот буџет кој е најскромен на Б(в)алканот да извадете.

Причината зошто не даваат пари е недоволната популаразација на овој спорт. На „Прва“ или Канал 5 ќе видиме пренос на Ф1, а нашите случувања вечно организирани од АМСМ никаков пренос. Ќе прочитаме само во Ауто+ или на интернет што се десило на натпреварите!

Второ: Имате пари, имате кола, имате спонзори...тренинг каде?
Од една страна неможете да учествувате во сообраќајот со таков возило па да одите до некој планински превој или било каде да го возите, значи или со влечење или скришно џандарите да не налетат на вас, а се слушате на 500 метри кога доаѓате :)

Битола да речеме има спортски аеродром, никој не го користи, ама нема и тркачи низ Битола. Дали се еден или двајца. Едниот го продава Југото :) веќе 2-3 години.

За моторцилките да не зборуваме.

Има еден во Битола „Братиндол“. Плус тоа, како што гледам сите наши возачи заминуваат во Србија или Бугарија и возат за нив. Ја претставуваат Р.Бугарија место нашата земја да вложува во нив. Има 4-5 такви примери. Родителите неможат да го одржат темпото за одржување на моторот (делови, бензин, масло), спонзорите ќе дадат по 100 евра (доволно за да се смени гума) и гледаат Бугарите им нудат големи договори и возат за Бугарија. После се лутиме ние...„Бугарите вакви...оние онакви!“. Кој ни е крив?

Еве нешто слики...






Видете што пишува на таблицата:
 
Член од
19 јуни 2007
Мислења
3.422
Поени од реакции
116
Ko so kazav za ova treba mnogu pari koj grdonacalnikot ni Trifun (zborime za SK) kobajagi gi nema. Spored mene trki na Vodno ne treba da ima poso e zastitena park-suma ama treba vo blizina na SK da se napravi edna asalna pateka za kruzni trki.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Можам да прокоментирам за патеката во Кичево... Се организираа трки едно време, а во остатокот на времето таа се користи како воен полигон. Тука се тренираат војниците за секакви акции, но и отворена е за секој кој има желба (нормално кога нема тренинг на војниците) да си проба да заврти 2-3 круга со сопствено возило било мотоцикл, било автомобил.
 

Alek_rjk

Za prviot vpecatok nema vtora sansa
Член од
14 март 2006
Мислења
387
Поени од реакции
4
Па моментално муљ состојбата колку што знам...

Иначе дознав дека во Македонија ќе се формира Автомото федерација (за некое време)
 

10101

@*I am Nuts!*#
Член од
27 ноември 2007
Мислења
349
Поени од реакции
0
Џабе е и што ако формира. Го имаме АМСМ и што? Можеш да си дозволиш кола и да се тркаш? И да се тркаш, спонзорите те заебаваат, плаќаш често пати од џеб. Сам си свој менаџер, значи освен тренинзи треба и тоа да го бркаш. После тоа се сведува на тоа „КАДЕ ЌЕ тренираш?!“ Сите патишта во Македонија се за сообраќај и е илегално да возиш над 60км/ч на ридски патишта!
 

Alek_rjk

Za prviot vpecatok nema vtora sansa
Член од
14 март 2006
Мислења
387
Поени од реакции
4
епа баш ради тоа, ќе се отвара федерација.
Луѓето се бунат дека АМСМ не мрда со прст !

Сите сакаме да мрдне нешо
 

10101

@*I am Nuts!*#
Член од
27 ноември 2007
Мислења
349
Поени од реакции
0
Не знам онака што се чека, за ентузијастите доволно е 2-3 км патека да се напраи во секој град и можат да тарифираат 50 денари на час од кола, онака симболична сума за користење на автодромот. Тоа ни треба.
Ама ајде де..
 
Член од
20 јуни 2007
Мислења
56
Поени од реакции
0
Состојбата на Македонскиот авто-мото спорт е ТАПА!
 

Alek_rjk

Za prviot vpecatok nema vtora sansa
Член од
14 март 2006
Мислења
387
Поени од реакции
4
Буцо Лазов е нов претседател на Авто-Мото федерација.

Три пати ура :3:

ја мислам дека ке бидне
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Ни го знам, ни сум слушнал за него. Ама добро штом велите дека е добар...
 

Alek_rjk

Za prviot vpecatok nema vtora sansa
Член од
14 март 2006
Мислења
387
Поени од реакции
4
Ни го знам, ни сум слушнал за него. Ама добро штом велите дека е добар...
Он е генерален на Еуро Линија билбордиве. и активен член на АМЦ Тумац.
Биди 13ти член

Па мајкуму би требало да се покаже, ке му се исплати на бизнисот :helou:

Еве распоред за Мото Трки за 2008
 

Nitro

Veltro
Член од
11 октомври 2007
Мислења
260
Поени од реакции
2
Навистина штета многу наши таленти одат по другиве држави и ги претставуваат нив, наместо нас, а уште повеќе таленти отапуваат со тоа што немаат средства ни можности(а недај Боже спонзор) да ги покажат своите квалитети сеедно со мотоцикл или автомобил... И баш да видиме што ќе постигне Федерацијата во наредниве години....
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Да се надеваме дека ке мрднат работите од нултата точка. А мислам дека и владата може да придонесе за спонзорствата слично како и со фудбалските клубови. Ако една фирма спонзорира фудбалски клуб, мислам дека е ослободена од данокот или во превод 2/3 од данокот им го дава клубот а 1/3 е ќар :) а и името, логото ке се врти по телевизии.
 

Ultimate'

Диктатор
Член од
23 октомври 2007
Мислења
118
Поени од реакции
9
taka se veli uste od pred 3 godini
Па моментално муљ состојбата колку што знам...

Иначе дознав дека во Македонија ќе се формира Автомото федерација (за некое време)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom