Имавме до пред некое време комшика која да не кажувам какви глупости, пцовки и клетви ја имав слушано да ги извикува. Насабајле во 6 саат, навечер во 2, не бираше време. Мислев дека сама со себе си се дере отпрвин, се додека не разбрав дека уствари се кара по телефон. Уште не ми е јасно кој нормален по пола саат ја слушаше ненормалната да му се дере, али остај. Ова скоро секој ден се дешаваше. Иако не те интересира директно, самото тоа нејзино дерење ми ствараше стрес, фала богу се исели пред некој месец.
Ситуацијата не е едноставна, не знам колку институциите би реагирале во вакви случаи. И нормално дека си гледа членот за негово добро, ко и сите ние, не е лицемерно, реално е, никој не е должен тоа да го трпи.