Соочување со сопствената секусална ориентација_Coming Out - кон себе си

MakeLOVEnoTwar

Љуби без оглед на се’
Член од
10 декември 2010
Мислења
213
Поени од реакции
114
Незнам дали е во ред да го наречам Inner ComingOut . . . Муабетот ми е да размение искуства и мислења на луѓе кои минале низ фазава, или минуваат. Мислам дека муабетот ќе им се најде на сите, посебно на младите луѓе кои минуваат или се на прагот од таа фаза . . .
*** и како вообичаено, да објаснам малку за темава . .
coming out е израз за себе-прифаќање и доживување И јавното декларирање/изјаснување и живеење како геј, лезгејка, бисексуалец или трансекусалец, трансродна личност, асексуалец, пансекуалец или било која друга сексуалност-различна од хетеросексуалноста . .
Comin Out-от почнува со себе доживување и прифаќање како таков и откивање на својата определба на некого - по своја желба. Ова е можеби груба дефиниција, ако некој има да дополни, слободно . . .
*Е сега, Јас сакам да се сконцентрираме на онај процес/т.е. процеси и фази на себе соочување, доживување и прифаќање . . .Секој од овие процеси е приказна за себе . . . но, воглавно се минува низ стресни и неудобни периоди . . . на само прифаќање . . . Искреното само-прифаќање секому би му дошло тешко - зашто најчесто сите луѓе ( независно до ориентација и сл поделби) во својата слика за себе си - имаат по некоја лага која им годи и си ја гаат, и кога ќе треба да се соочат со неа - не им е удобно . . . Па, така и луѓето кои се соочуваат со сопствените сексуални оринетации во нашава околина се соочени со голем притисок кој си го создаваат и сами, но голем дел од заслугата за тој притисок сноси целото општество - бидејќи е прилично конзервативно по тоа прашање . . . Ете го моментот . . . - кога многу луѓе на форумов велат дека претеруваат лгбт луѓето во бараањето на своите основни права, не се свесни што значи да си различен и осуден поради тоа- од другите (а при тоа не си наштетил ама баш никому) . . .

Само осудувањето е првото нешто во овај процес - бидејќи се запрашуваме што не е во ред со мене, зошто јас, зашто не сум како другите? . . . . а при тоа се работи со најубави емоции, желби, копнежи . . . знаете како е да си тинејџер, нивото на хормони расте, желбата за истражувае на сексот расте, па емоции кон некого, вљубувае, посакување . . . И над сето тоа чувството на вина! Некои луѓе поуспешно се носат со тој товар, некои потешко - а јас мислам дека е бисмислено во оваа доба на нашава цивилизација - кога нивото на свеста е на повисоко ниво од било кога - луѓето да се соочуваат со работи и тоа најмногу поради недоловна едуцираност, не имформираност, стереотипите и предрасудите(кои пак настануваат поради не едуцираноста и не имофрмираноста - магиќен круг) . . .

Темата како да ја откријам својата сексуална ориентација, ме поттикна да ја отворам оваа тема . . за баш конкретно да имаат пристап до нечие искуство луѓето кои се соочуваат со овај момент од животот. Па нели и за тоа постојат форумиве :):):)
Се надевам дека нема после првата страна да се случи да ве потсетувам кој е насловот на темата, Ве молам, ако имате нешто да дискутирате а е различно од начелото на темата, отворете нова тема (ps бесплатно е :Р :):):) )
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.627
Поени од реакции
38.530
Втора шанса на темава од почеток.
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
433
Втора шанса на темава од почеток.
Јас шефице мислам дека пракса на форумов е кога некој ке отвори ваква тема да се изјасни прво за себе како се “соочил“ ,за да имаме основа.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.627
Поени од реакции
38.530
Можеби не се соочил,па бара начин :toe:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.627
Поени од реакции
38.530
А ако никогаш не се соочи?и џабе сите теми?ако самиoт не успее тука никој не може да му помогне.:toe:
Затоа е форумот,за да помогне,да отвори нови гледишта,заклучоци...Ако не успее нека биде жив и здрав,може некој друг ќе успее со помош на оваа тема. Никад се незна.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.287
Поени од реакции
11.345
coming out е израз за себе-прифаќање и доживување И јавното декларирање/изјаснување и живеење како геј, лезгејка, бисексуалец или трансекусалец, трансродна личност, асексуалец, пансекуалец или било која друга сексуалност-различна од хетеросексуалноста . .
Две питања. што е разлика од трансексуалец до трансродна личност и што значи пансексуалец?
 

MakeLOVEnoTwar

Љуби без оглед на се’
Член од
10 декември 2010
Мислења
213
Поени од реакции
114
Благодарам за втората шанса :)
Темава ја отворив за луѓето кои се или во процесот на само соочување, и тие кои го минале/ минуваат истиот . . . Најмногу ме потикна темата Како да ја откријам својата сексуална ориентација . . . .
Па бујрумте сите кои имате да споделите нешто од своето искуство, некој совет, или едноставно само своето патешествие . . .сигурен сум ако не нешто друго барем ќе им биде утеха и надеж на младите кои го минуваат истото . . пошо во темата’’ Како да ја откријам ориентацијата’’ имаше и безвезни совети, кои беа кажани од луѓе кои очигледно немале слично искуство во животот и иако можеби со добра намера - сепак само можат да докомлицираат и наштетат . . . .

. . . . Бидејќи некој спома дека штом сум ја отворил темата, би требало да го спомнам и своето искуство . . . . искрено не ми е удобно баш да зборувам, уствари пишувам за себе - но штом јас ја почнав темава, како да очекува од другите да се вклучат, ако несе влкучам јас, па . . . . . Од ко се родив знаев дека нешто е различно, арно ама ми требаше време да сватам што е тоа :) :) :), дотогаш само го доживував како различно, никако како лошо, но со растењето околината влијае на нас, т.е на мене влијаеше. И тогаш почнаа маките, согледав дека средината не е пријателски настроена кон хомосексуалноста, и почна само анализата, дали тоа што го чувствувам е во ред? Зошто баш јас? И цел куп други прашања . . . па само обивнување, не прифајќање на себе си, поточно одбивање да се прифатам себе си, . . . . и периодично во текот на целото детство и тинејерлукот со различен интензитет имав кога поголеми, кога помали ’маки’ со себе си и околината . . но со тек на време секое прашање дилема си добиаа по некој одговор . .
Многу бев љубопитен и барав што науката мисли за хомосекуслноста . . бидејќи гледав дека на запад е подобро прифатена . . . и почнав да читам книги и по интернет, со книгите немав мн среќа, пошо кај нас во библиотека немаше нешто соодветна литература или јас не налетав на таква, а со интернетот имаше и добри и лоши искуства да ги речам . . . Ги сакам книгите и имав среќа во една книга која е општо за сексуланоста на човекот да прочитам една мала глава за хомосекуалноста, која на прилично едноставен начин се објаснати еден куп работи во врска со хомосексуалноста и тогаш многу прашања ми се одговорија - баш онака како што сакав да ги чујам :):):) . . . битно тоа ми ја врати самодовербата - јас знаев дека сум во ред, но ради лошиот статус на хомосекулноста кај нас сам си ставрав голем притисок и тоа влијаеше на мојата општа состојба. Но, информирањето на повеќе начини, но посебно таа книга ( бидеќи на интернет налетував и на страни или личности кои очигледно имаа лошо мислење за хомосекуаноста, на моменти ме доведуваа во поглема конфузија, а и многу други книги па кај нас во библиотека неожев да најдам некоја која ги одговараше моите прашања ) . . Инаку книгата на се’ живо ја препорачувам, сам на себе сум досаден со неа веќе :):):) и благодарение на тоа си ја повратив малку по малку самодовербата, почнав да се прифајќам себе си, да се соочувам со себе . . .големо олеснување е. Но не бидна за еден ден или месец :) тоа беше долг период, во кој секоја информација влијаеше на олеснување или комплицирање :):): .. .
Битно, ми олесна што знаев кој сум (колку смешно звучи, боже) знаев што сакам, и сакав да живеам така, да уживам каков што сум - емотивно и физички да сум задоволен, да имам дечко, да имам пријатели, да го живеам живото слободно . . . знајш ко на филм :):):):. . .
Тогаш сакав на луѓето кои се секој ден околу мене, кои ги сакам и ме сакаат да ме сакаат каков што навистина сум, не само дел од мене . . .:) . .. и пошо постојано давев и труев со човекови права ако не нешто друго барем не им испадна гром од ведро небо :):):): хах ах ах. Тоа што многу често бевме заедно, сигурно им било делумно јасно кој сум, но се додека не официјализирав - прво и кажав на мајка ми, па на најдобрата другарка. Пошо темата е само соочување, иако и отвривањето на тоа кој сум е дел од само соочувањето, сепак да не навлегувам во детали како им открив на моите блиски, да не забегам многу од првичниот муабет и мн дол ќе дојди маубетов . . ..
За цело тоа време запознав и други луѓе, кои минуваат/минувале низ сето тоа . . . еден муабет/совет ми помогна, Муабетот беше ’Колку порано се соочиш со себе и си искрен со себе толку поарно’ . . гидеќи побрзо го скратиш периодот на самоизмачување. Многу маки, да ги речам, сеуште постојат, но барем со оние на кои директно можев да влијаам се соочив . . .

Прифаќањето на себе си-како личности, е процес кој трае цел живот, а сексуалноста е само дел од нашата личност . . . и постојано сме пред разни предизвици, кои влијаат на нас и постојано сме во дилема и мака со нивното профаќање истото е и со прифаќањето/соочувањето со својата сексуална ориентација , . .. . барем со мене е така . . .


Ако има такви кои ќе го прочитаат муабетов, а се во дилема дали да се соочат со себе си - не брзајте, не силете се :):):) На сила ништо не бива, секое само профаќање си е муабет за себе . . . Слушајте си го срценцето, а ако е многу тивко, почесто релаксирајте се и ќе можете да чуете што ви кажува :) ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom