Сообраќајни прекршоци и казни

Член од
12 декември 2010
Мислења
9.909
Поени од реакции
10.540
Доколку на радар те фатат со поголема брзина од дозволена, дали мора да те стопират да ти пишат или има опција да ти стигне казната на домашна адреса?
Си куртулил
 
Член од
20 септември 2022
Мислења
1
Поени од реакции
0
Zdravo samo da prasam kolata mi e odzemena za nerigistracija pominato dali ako platam rigistracija ke mozam da ja zemam ili ke treba i kaznata da ja platam
 
Член од
27 февруари 2022
Мислења
7
Поени од реакции
1
да, важи и во странство
Затоа што нели по ново ласерскои ти го пишуваат датумот на забрана на задната страна. Еден пријател што вози во еу ми ррчр дрка не гледале тоа. Сега незнам
 
Член од
13 мај 2013
Мислења
57
Поени од реакции
0
Ми пристигна покана за на суд за сообраќаен прекршок во друг град. Дали е потребно да одам и што ќе се случи ако не одам? Дали можам писмено да поднесам одговор?
Доколку донесат пресуда, а првпат ми е прекршок, дали ќе добијам некакво известување дека треба да ја однесам возачката дозвола?
 
Член од
2 март 2016
Мислења
481
Поени од реакции
468

Поднеси само писмена одбрана, не е задолжително да одиш, судот ќе донесе одлука и без да те сослуша, тоа е наведено и во поканата, ако те интересира нешто подетално околу писмената одбрана пиши ми во порака.
 
Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.970
Не можев да најдам дали казна за тн црвено поле на таблица (она каде што има 4 кирилични букви) е 100 евра. Ме запреа локалните џандари во Прилеп. Гледаат појас, светла сè ко шпо треба, врти околу кола да најде маана. Му викам, ако сакаш да ја купиш ја продавам за 1800 евра. И почна да ме масира за тоа како црвеното поле било оштетено, не се читало. И му викам, абе ги читаш поголемите букви и бројки? Ги читам. Епа му викам? После почна да ме масира за стикерот МК назад на гепек. Демек не требало МК, туку НМК. Му викам другар, гледаш дека се стари таблици. На нив нема ни МК, ни НМК. Ако има казна, зашто не казнуваш некој кој тоа црвено поле го одлепува за да стои бело, или тоа што го греби МК или НМК? И почна да ме масира за тоа дека била оштетена црвената лепенка.
Епа таква ја купив. Ама си ја купил пред 3 години. Абе му велам гледаш дека регистрацијата не е променета од 2012. За 10 години мене косата ми побеле, не па стикеров. Или треба да купам нови таблици и нова сообраќајна да вадам? И братот заќути.

И виде дека нема да може да најде маана, и ме пушти.

Па сеа ме интересира дали има стварно таква казна за тој мочаниот стикер. Или 100 евра е за нечитливост на таблица т.е. оштетена таблица? Цела Македонија ја поминав, сите што ме застанале, никој не се фатил за таблицата и црвеното поле...
 
Член од
2 октомври 2022

Ако може уште едно прашање за да се плати казна изречена во друг град која шифра на општина треба да се пише во налог.
 
ahil

м-р
Член од
11 јули 2005
Мислења
628
Поени од реакции
618
Не можев да најдам дали казна за тн црвено поле на таблица (она каде што има 4 кирилични букви) е 100 евра. Ме запреа локалните џандари во Прилеп. Гледаат појас, светла сè ко шпо треба, врти околу кола да најде маана. Му викам, ако сакаш да ја купиш ја продавам за 1800 евра. И почна да ме масира за тоа како црвеното поле било оштетено, не се читало. И му викам, абе ги читаш поголемите букви и бројки? Ги читам. Епа му викам? После почна да ме масира за стикерот МК назад на гепек. Демек не требало МК, туку НМК. Му викам другар, гледаш дека се стари таблици. На нив нема ни МК, ни НМК. Ако има казна, зашто не казнуваш некој кој тоа црвено поле го одлепува за да стои бело, или тоа што го греби МК или НМК? И почна да ме масира за тоа дека била оштетена црвената лепенка.
Епа таква ја купив. Ама си ја купил пред 3 години. Абе му велам гледаш дека регистрацијата не е променета од 2012. За 10 години мене косата ми побеле, не па стикеров. Или треба да купам нови таблици и нова сообраќајна да вадам? И братот заќути.

И виде дека нема да може да најде маана, и ме пушти.

Па сеа ме интересира дали има стварно таква казна за тој мочаниот стикер. Или 100 евра е за нечитливост на таблица т.е. оштетена таблица? Цела Македонија ја поминав, сите што ме застанале, никој не се фатил за таблицата и црвеното поле...
Дојде ред такви мочковци да спроведуваат закон, море да земеш да му го напикаш ауспухот од автомобилот во.... И јас како тебе знам чат - пат да се расправам со некои кои поима немаат од закони.
Овој веројатно мислел на Член 36, став 5 во врска со став 3 од Законот за возила:
(5) Глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на сопственик на возилото што постапува спротивно на одредбите од ставовите (3) и (4) на овој член.
(3) Не е дозволено да се менуваат регистарските таблици на возилото. Возилото не може да биде во сообраќај со поинакви регистарски таблици од пропишаните или со променета регистарска таблица.
 
Градов е полн со возила со бугарски таблици. Некои наместо тоа црвено поле имаат црно или сино поле. А кај многу други и е бело. Не знам дали на новите таблици се одлепува, ама на стариве ко моите не може. Може да избледи. Кај мене јасно се гледа ППЦН.
 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.058
Поени од реакции
1.178
Градов е полн со возила со бугарски таблици.

ај што не се плаќаат давачки спрема државата со возење на странски таблички (најчесто BG) тоа нека си го решава системот,

она што многу ме нервира е ако случајно дојде до несакана ситуација како мало закачување нема можност да се прави европски записник и во таква ситуација сме обвразни да му поправаме од сопствен џеб иако сме уредно осигурани или да повикуваме полиција на увид па да се изложуваме на дополнителни трошоци и денгубење за нешто што може да се реши на цивилизиран начин за неколку минути.
 
Член од
6 октомври 2022
Мислења
2
Поени од реакции
0
Здраво, ми треба помош во врска со мојот случај.
Бев казнет од полиција во глоба од 500 евра поради истечена регистрација на мотор. Моторот беше паркиран на улица, беше гуран до таму, не беше упален, јас отидов до продавница да земам нешто и кога се вратив ја добив казната. Мене не ми е логично да ме казнат за нерегистрирано возило кога не е упалено и не е во работна состојба. Инфо или помош некоја? Благодарам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom