Сообраќајни прекршоци и казни

Член од
8 април 2014
Мислења
146
Поени од реакции
17
Здраво, дали имал некој искуство со случка како мојата.. значи казнет сум за непропуштање на пешак(неправедно и без доказ),на налогот издаден од полицаецот не бев потпишан,денес отидов да ја платам казната во дадениот рок од 8 дена,и таму ме известија дека ќе бидам повикан на суд и можно е да ми биде одземена возачката дозвола..
Дали и покрај платената казна пак треба да одам на суд? Казната беше 250евра,платив 125 во рок од 8 дена...
 
Член од
22 јули 2015
Мислења
607
Поени од реакции
493

Согласно чл.122 од ЗБСП, за наведениот прекршок следува и забрана за управување со категоријата со која си го направил прекршокот. Си ја плати глобата а на суд ќе одиш за да ти ја изречат мерката забрана.
 
Член од
30 јануари 2011
Мислења
1.264
Поени од реакции
1.079
Дали може некој од прва рака да објасни точно следнава хипотетичка ситуација јер секаде различно читам па дури и во темава.

Прекршок направен 01.01.2019.
Судска пресуда за одземање на возачка, не зависно од должината, донесена на 01.01.2020.
Покана од МВР за предавање на возачката стигната на 01.01.2021.

Генерално се спомнува дека без разлика дали ќе се однесе возачката или не, делото застарува 2 години од изречената пресуда т.е. во случајов на 01.01.2022. Дали е точно ова?
После 01.01.2022 ако не е впишана казната во дозвола смее да се вози? Без разлика дали казната е 3, 6, 9 или 12 месеци? Дали полицаец кога би проверил за валидност на возачка би имало проблем во ваков случај?

Се спомнува и некое апсолутно застарување на делото после (некаде 6) 5 години од сторениот прекршок, т.е. во случајов 01.01.2024. Во кој случај ова би било возможно кога веќе секако би застарело од првово прашање
 
Член од
2 април 2022
Мислења
47
Поени од реакции
207

Нема такво нешто како застарена санкција или пресуда, кога тогаш ќе мораш да ја однесеш возачката на продолжување и тогаш ќе ти ја одземат, или пак ќе ја стават пресудата на разгласна табла и ќе биде исто како да си ја однел возачката тоест одземена е тогаш ако те фатат добиваш казна 500 еур одземање на категорија и две години забрана да полагаш. Ако се проаѓаше со застарување од неносење никој немаше да ја носи возачката да му стават забрана и ќе чекаше три години да застари делото
 
B

BigMac

Гостин
Ako moze info
Imam zabrana za upravuvanje na vozilo od 6 meseci ,odzemena mi e vozackata.Dali ova vazi I za megunarodnata vozacka za vo stranstvo izvadena e pred da mi ja zemat mkd vozacka i vazi 3 godini.Sakam da odam vo stranstvo pa vo slucaj da me zastane policija dali ke bide ispravno se.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718

I jas go imav istiot slucaj pred poveke godini. Togas se rasprasuvav isto, I mi rekoa deka megunarodna vazi samo so vazecka MK dozvola.
 
Член од
22 јули 2015
Мислења
607
Поени од реакции
493
Нема такво нешто како застарена санкција или пресуда, кога тогаш ќе мораш да ја однесеш возачката на продолжување и тогаш ќе ти ја одземат, или пак ќе ја стават пресудата на разгласна табла и ќе биде исто како да си ја однел возачката тоест одземена е тогаш ако те фатат добиваш казна 500 еур одземање на категорија и две години забрана да полагаш. Ако се проаѓаше со застарување од неносење никој немаше да ја носи возачката да му стават забрана и ќе чекаше три години да застари делото
Не е точно, пресудата можи да се објави на разгласна табла но забрана за категоријата немаш се додека не се сликаш за нова возачка и во неа не ти ја вметнат забраната, доколку при запирање од сообраќајна полиција проверат по систем дали ти е за одземање возачката, ќе ти биди одземена на лице место и ќе бидиш отстранет од сообраќај и ќе мора да одиш да се сликаш.

Одземањето на категоријата е доколку 2 пати добиеш казна за управување во забрана, третиот пати ти се одзема категоријата. А во врска дали застарува делото т.е забраната (санкцијата) 3 години после правосилноста на пресудата доколку не одиш да ти ја впишат, застарува.
 
Член од
8 април 2022
Мислења
184
Поени од реакции
269
Ako moze info
Imam zabrana za upravuvanje na vozilo od 6 meseci ,odzemena mi e vozackata.Dali ova vazi I za megunarodnata vozacka za vo stranstvo izvadena e pred da mi ja zemat mkd vozacka i vazi 3 godini.Sakam da odam vo stranstvo pa vo slucaj da me zastane policija dali ke bide ispravno se.
Покрај меѓународна, бараат и државна да покажеш. Во случајов ич не тргај на пат оти никако не си исправен со одземена возачка.
 
C

californication

Гостин
Знае некој дали прават проблеми за возач почетник ако вози кола појака од 77kw?
 
Да прават,имаш закон и пишува почетник до колку kw смее да вози,неможе некој денес положил утре да седне да вожи 200kw ,нема логика.
 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.055
Поени од реакции
1.177
Да прават,имаш закон и пишува почетник до колку kw смее да вози,неможе некој денес положил утре да седне да вожи 200kw ,нема логика.
ај малку :oftopik: ама генерално тоа е, пр. сум положил пред 2-3 год. и поради Х фактори не сум купил и воопшто не сум возел кола, потоа идам до пара купувам 200 HP и што правиме? пред законот сум чист а впрочем сум полош дури и од почетник кој положил вчера а плус и до пред некој ден возел часови под надзор, полагал тестови, градска...
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.502
Поени од реакции
62.304

Moјата сопруга има дозвола 11 години. Пре би прифатил слеп да ме вози, а не возач со такво "искуство". Не може законот секогаш да има смисла.
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
ај малку :oftopik: ама генерално тоа е, пр. сум положил пред 2-3 год. и поради Х фактори не сум купил и воопшто не сум возел кола, потоа идам до пара купувам 200 HP и што правиме? пред законот сум чист а впрочем сум полош дури и од почетник кој положил вчера а плус и до пред некој ден возел часови под надзор, полагал тестови, градска...

:icon_lol::icon_lol::icon_lol:

Муабетот е баш „што би било кога би било“. Законот никогаш не може да ги предвиди сите ситуации во животот. Еве ајде за твојава ситуација кое е чарето? Шо ќе му речеш на почетникот возач, доаѓај ми секој ден со нова слика од километража, да видам дали стварно си возел и колку си извозел? Еве хипотетички и така да напраат, пак можеш да направиш дубара.
Вака ако тргнеме со редење на хипотетички ситуации, зошто па да морам баш со наполнети 18 години да полагам? Ако можам да извадам лична карта од 16 години (ми се чини од толку беше) и ако доктор оцени дека сум доволно зрел, зошто да не можам и на 17 години да полагам? Демек не знаеме сите по некој со 20+ години шо џабе годините коа у размислувањата е ко детиште од 15 години? Зошто он пример да има возачка, а ја и покрај тоа што сум позрел и посериозен да не можам на 17 да имам возачка?

Законодавецот претпоставил дека возачката не ја вадиш за украс и дека искуството за да можеш да управуваш појака кола или пример побрзо да возиш на автопат ќе го стекнеш во тие први две години.

На крајот на денот оставено е и на совеста на секого и вршење правилна процена како да се однесуваш на пат. Истата беља шо можеш да ја направиш со кола од 75+ киловати можеш да ја направиш и со 40 киловати.
 
filjandecko

Komandant benzini-HAVUZ
Член од
5 мај 2012
Мислења
313
Поени од реакции
380
А во врска дали застарува делото т.е забраната (санкцијата) 3 години после правосилноста на пресудата доколку не одиш да ти ја впишат, застарува.
Ај те молам провери ја информацијава..мислам дека повеќе од 3 години е
 
Член од
14 јули 2017
Мислења
604
Поени од реакции
1.166
Која е потребата да го има законот за после 11 за возач почетник? Ајде за кола над 77kw ќе разберам, почетник е, појака кола може да направе глупост, ама за после 11? Шо има врска ако возам во 10 ноќе и после 11 ноќе а сум почетник? Да ти ебам законот глуп колку пари да прават само.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom