Сообраќајни прекршоци и казни

Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Не би требало, мора да ти ја пише казната, не бегаш туку стоиш.
Иначе низ Скопје да не се изненадиш има ПРЕМНОГУ полиција и ПРЕМНОГУ контроли. Секој ден ги глеам и се чудам што праат со толку пункта. Најверојатно била само рутинска контрола. Оф топик малце, Те праша кај работиш?
Мене тоа ми е нај чудно и нај дебилно, коа и да ме застанат небитно каде сум ме прашуваат кај идам и кај работам. Иако не знам што е тоа уопште битно коа се ми е исправно...
Мене или некој од вработените кога ќе не сопрат прво прашање ааа ......дооел, сопственик или вработен си само? Ако кажеш, абе за плата работам каков сопственик одма те пуштаат. Па веќе уиграна шема, кој изветреан ќе признае дека е газдата ;)
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Мене тоа ми е нај чудно и нај дебилно, коа и да ме застанат небитно каде сум ме прашуваат кај идам и кај работам. Иако не знам што е тоа уопште битно коа се ми е исправно...
За да му завршиш некоја работа ако си на некое такво работно место. :icon_mrgr:
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.453
Поени од реакции
5.435
Мене или некој од вработените кога ќе не сопрат прво прашање ааа ......дооел, сопственик или вработен си само? Ако кажеш, абе за плата работам каков сопственик одма те пуштаат. Па веќе уиграна шема, кој изветреан ќе признае дека е газдата ;)
Да не идам мн оф топик..
Ме застануваат у 3 сабајле, трезен, тазе пиен кафе очите 100ка. Ми вика
- Знаеш ли зашто те застанав ?
не
- Не ти работи фарот...
чек да видам, искачам, глеам му викам другар може сеа откажал немав приметено..
- Кај работиш ?
(у глава си викам што те боли кур) му викам таму и таму
- Кај идеш ?
накај дома, бев (вршев работа нешо тотално не поврзано)
- Треба сеа 100 евра казна да ти пишам
(за без светла е 50 бтњ) му викам тоа е другар, немав приметено се е осветлено, моја грешка
- Ај терај еве ти документите и мењањ сијаличка
Фала ти , поздрав...

у целава ситуација , Кај идам/кај сум бил и кај работам ми беа тотално глупи и не основани прашања... Со оглед на тоа што се бев исправен освен таа сијаличка. 3 пати после тоа ме имаа застанато каде што бев комплет исправен, нормално облечен (без никаква работна униформа) и првото прашање им беше Кај работиш па после тоа Кај и од кај идеш...
ај да е службена кола, ај да сум во било каква униформа/работна облека, ова ти кажувам пред коронава пред полициски часови и слично... Многу глуп пристап ми е некако тоа кај работиш, кај живееш кај идеш и слично. Особено во нормална ситуација каде што нема никакви ограничувања. И да, казната била 25 евра ако не ти работи фар, 2пат коа ми се расипа ме опоменаа пак...
Автоматски споено мислење:

За да му завршиш некоја работа ако си на некое такво работно место. :icon_mrgr:
Ако чека на мене да му завршам работа ќе му биде завршена :D
 
M

Macedon1um

Гостин
За да му завршиш некоја работа ако си на некое такво работно место. :icon_mrgr:
На газди на ресторани, сендвичари, пекари највеќе им се радуваат кога ќе ги застанаат. Мене еднаш кога ме застанаа по презимето веројатно па и името се поклопува помисли дека сум син на сопственик на една позната сендвичара во градов, па кога му реков не - инстатно разочарување му се виде во фацата :ROFLMAO:
 
Член од
18 јуни 2017
Мислења
387
Поени од реакции
265
Kolklava e kaznata za ne registrirana kola denes me zaprea ama mu rekov ne ja nosam sobrajcajnata samo vozacka mu dadov mi rece sledniot pat ce te proveram
 
Член од
18 јуни 2017
Мислења
387
Поени од реакции
265
za kolku vreme da ja cekam pokanata ako me ima pisano
 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.053
Поени од реакции
1.176
Samo se nadevam deka nema da proveri oti rece sledniot pat ce proveram inaku 8 meseci ne mi e registrirana
добро бе човек си земал да возиш нерегистрирана кола 8 месеци :aplauz:, што ви е проблемот вас бе луѓе немате памет или имате многу пари?

дали си се запрашал што ако те запре полиција како сега (отидоа 500 евра или 2 год. регистрации, настрана забраната за возење до една година), што ако направиш сообраќајка со нова и скапа кола па плаќање од џеб (а колку пари ќе те кошта не ни можеш да претпоставиш), што ако во сообраќајката има повредено луѓе си помислил ли кој ќе им исплаќа штета.

разбирам немаштија и криза секој може да го снајде (ако е тоа причината) но и за тоа има решение ќе позајмиш од некој и ќе бидеш исправен на патот, извини вака изгледам нападен и безобразен но само ти ја кажувам вистината,

и простете ми но никако не можам да најдам оправдување за:
- возење не регистрирано возило,
- возење без возачка,
- возење пијан,дрогиран или преморен...

едноставно не можам.
 
Член од
21 јули 2015
Мислења
4
Поени од реакции
0
Пред една година на Автокоманда ме фатија на радар со 50 поена пишав и дур сеа ми стаса пресудата.месец забрана имам. Сеа како иде процедурата, да идам да ја оставам возачката или треба да лекам неш? Имам можност да направам по 2- 3 месеци да почне забраната?
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.637
Поени од реакции
27.838
Пред една година на Автокоманда ме фатија на радар со 50 поена пишав и дур сеа ми стаса пресудата.месец забрана имам. Сеа како иде процедурата, да идам да ја оставам возачката или треба да лекам неш? Имам можност да направам по 2- 3 месеци да почне забраната?
Однеси им ја кога најмалку ти е потребна.Доста луѓе си играа мајтап и си калкулираа кога најмногу им одговара да ја предадат
 
Член од
21 јули 2015
Мислења
4
Поени од реакции
0
Однеси им ја кога најмалку ти е потребна.Доста луѓе си играа мајтап и си калкулираа кога најмногу им одговара да ја предадат
Читам горе низ мислења треба покана неш да ми стаса од полиција или? Со оглед на ситуацијата се надевам да добијам 2 3 месеца барем. Зимоска да ја дадам. Несакам да си направам проблем да не ја однесам пошо 30 дена се, можев полошо да поминам
 
G

Gjoksi

Гостин
Читам горе низ мислења треба покана неш да ми стаса од полиција или? Со оглед на ситуацијата се надевам да добијам 2 3 месеца барем. Зимоска да ја дадам. Несакам да си направам проблем да не ја однесам пошо 30 дена се, можев полошо да поминам
Често поставувано прашање, па да ги расчистиме работите:
Член 29 став 3 од Законот за прекршоците гласи: „Забраната на управување со моторно возило се евидентира во досието на возачот најдоцна во рок од 15 дена од правосилноста на одлуката и започнува да тече од денот на евидентирањето во возачката дозвола, односно во возачката книшка.“.
Член 268 од Законот за извршување на санкциите гласи: „(1) Правосилната пресуда со која е изречена санкцијата забрана на управување со моторно возило надлежниот суд и ја доставува на извршување на полициска станица за определено подрачје според местото на живеалиште, односно престојувалиште на сторителот на кој му е изречена оваа санкција. (2) Извршувањето на санкцијата од ставот (1) на овој член се спроведува со евидентирање во досието на возачот најдоцна во рок од 15 дена од правосилноста на одлуката и започнува да тече од денот на евидентирањето во возачката дозвола, односно возачката книшка, за одреден вид или категорија или во забрана на нејзино издавање на сторителот за времето за кое му е изречена (4) Изречената санкција забрана на управување со моторно возило се запишува во казнената евиденција.“.
Од цитираните законски одредби со сигурност може да заклучиме дека НЕМА РОК во којшто МВР мора да ја евидентира (запише) забраната на управување со моторно возило во возачката дозвола, односно во возачката книшка. МВР само ти испраќа покана за да ти ја запишат забраната во дозволата, односно книшката и толку. Рокови кога мора да се јавиш на поканата нема. Сепак, забраната како таква стои во досието на возачот и казнената евиденција во МВР.
Е, тука веќе настанува проблемот.
Во член 341 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата е наведено: „(1) Полицискиот службеник на самото место привремено ќе го исклучи од сообраќај и ќе му ја одземе возачката дозвола на возачот кога: ... - ќе утврди дека му е изречена прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило, а забраната не е запишана во возачката дозвола, односно во возачката книшка;...(6) Возачката дозвола одземена согласно со одредбата од ставот (1) алинеја 3 на овој член, се доставува до надлежната организациска единица во Министерството за внатрешни работи која истата ја издала.“.
Од овие законски одредби може да го заклучиме следново: Ако не дај боже ве фатат како возите без запишана забрана во возачката дозвола, односно возачката книшка, полицаецот ќе ти ја земе возачката дозвола и ја носи во МВР за да ти ја запишат забраната.
И во едниот и во другиот случај, забраната тече од моментот кога е запишана во возачката дозвола, односно возачката книшка.
Само да ви напоменам дека казната за возење на возило за време додека трае забраната за управување со моторно возило е 500 евра или 65 негативни бода и задолжително се изрекува повторно истата забрана, ама овојпат во траење од 6 месеци до 1 година.
Се надевам дека ги разјаснивме работите околу фамозната санкција: забрана за управување со моторно возило.
Поздрав.
 
Член од
10 јули 2019
Мислења
90
Поени од реакции
67
Денес имав свртено на полна линија, имаше сообраќајни полицајци во близина што ме видоа но не ме застанаа. Можно е да ме запишале и да ми стигна казна? И колкава е казната за ваков прекршок?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom