Сообраќајни прекршоци и казни

Член од
7 октомври 2022
Мислења
2
Поени од реакции
0
Едно прашање ако може, поминав семафор во десната лента и веднаш после раскрсница преминав во левата (прописно со жмигавец со сѐ). На некои 20-30 метри после тоа има автобуска и како што поминував видов дека има полициска контрола и едниот од нив ми светкаше со сијаличка во кола од страна. Сега прашањето ми е дали било знак за да застанам или не, зашто јас не видов ништо од далеку, туку само кога поминував вниманието ми го фати трепкавата сијаличка од страничното стакло (што како што трепкаше би требала да биде приметлива и од далеку). А да застанев не можев зашто бев на булевар во лева лента, ќе требаше во десна да одам па на тротоар. Не знам дали е прекршок или не.
 
Член од
6 февруари 2014
Мислења
1.010
Поени од реакции
865

Zavisi dali si zensko ili masko :)
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.127
Поени од реакции
788
Како вработен во јавно претпријатие Паркинзи поставувам прашање дали полицијата може да не повикува нас од паркинзи да им ставаме т.н. шепи на возилата т.е. да ги блокираме иако тие возила се надвор од нашите обележени зони за паркирање?
Токму тоа ми се случи вчера,јас не знаев што да правам пошто возилото беше надвор од зона за паркирање само непрописно паркирано на пешачки,ме викна полиција,поставив шепа,после се јави сопственикот на возилото,го казнија 45 евра за непрописно паркирање на пешачки плус 1000 ден. за вадење на шепата,е сега дали полицијата работи според законите?
 
OMG!!

Пилот
Член од
27 февруари 2017
Мислења
2.723
Поени од реакции
2.479

Немаш право. Има полиција право да го казни за непрописно паркирање и тоа е тоа.
 
Член од
9 декември 2012
Мислења
812
Поени од реакции
875
Jas da sum sudija sekoj pijan vozac bi mu ja odzemal vizackata za navek
За неносење возачка е казна 100 евра, за одбивање алко тест е 500 евра. Со 600 евра , ти можеш да пиеш и да возиш колку ти душа сака. Закон врз закон е муабетот. И за каиш, неносење прва помош, светла, прекумерна брзина, поминување на црвено, се е тоа би му ја одземал возачката за навек.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom