Сообраќајни прекршоци и казни

Дискусија во форумот 'Право и закони' започната од dungeon master, 22 февруари 2006.

  1. Shteff Mathers

    Shteff Mathers

    Член од:
    10 декември 2010
    Мислења:
    2.822
    Допаѓања:
    2.033
    Е сега дали има врска што не ме застанале или не(дека веќе имаа застанато друго возило)?Дали има некој вакво искуство?
     
  2. dark warrior™

    dark warrior™

    Член од:
    5 септември 2009
    Мислења:
    3.319
    Допаѓања:
    565
    Може да ти стигне дома пријава ако те имаат на радар фатено, ќе пишат дека немале услови безбедно да те сопртат ;)
     
  3. K!KI

    K!KI

    Член од:
    28 март 2015
    Мислења:
    2.559
    Допаѓања:
    4.571
    Не верувам дека ќе ти стигне нешто за брзо возење на овој булевар. Ретко кој вози тука 50, сите цепаат преку дозволеното во овој дел зошто нема семафори и пешачки. Ако почнат да лупаат казни во овој дел ќе треба цела Македонија да плаќа.
     
  4. Shteff Mathers

    Shteff Mathers

    Член од:
    10 декември 2010
    Мислења:
    2.822
    Допаѓања:
    2.033
    Искрено у нашава вукојебина не ме чуди ништо па така и ова.
    Не беше класичен радар, камера имаше на такви штаки.Ми кажаа вчера дека купиле нови камери партал праеле, мада веројатно и ме зезале.
     
  5. Bonnie and Clyde

    Bonnie and Clyde

    Член од:
    12 декември 2010
    Мислења:
    3.982
    Допаѓања:
    2.965
    не те зезале, сега скоро на обиколница фаќаа со таков радар и те сликаат, плус може да фаќа неколку коли истовремено


    Sent from my iPhone using Tapatalk
     
  6. dark warrior™

    dark warrior™

    Член од:
    5 септември 2009
    Мислења:
    3.319
    Допаѓања:
    565
    Не те зезале тие се веќе во употреба околу 1-2 години проект имаше во пријавите да стигаат со се слика на суд како доказ за да нема не бев ја ;)
     
  7. marchesk

    marchesk

    Член од:
    20 октомври 2013
    Мислења:
    1.073
    Допаѓања:
    496
    Дај боже да те сликале и да ти стигне казна, може ќе ти дојде памет дека 100-ка не се вози во населено место.
     
    Great Dragon, micho73, Zbo и на уште 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Goran_D

    Goran_D

    Член од:
    18 февруари 2008
    Мислења:
    1.339
    Допаѓања:
    94
    Изречена ми е прекршочна санкција, забрана за управување со моторни возила од Б категорија, да се изврши по правосилност на одлуката.
    Како е редот да одам во МВР, или треба да чекам известување од таму да ме повикаат?
     
  9. micho73

    micho73

    Член од:
    15 јануари 2015
    Мислења:
    143
    Допаѓања:
    71
    Ќе ти дојде полицаец на врата да те извести кога да ја однесеш дозволата да ти ја напишат забраната(може заедно да се договорите кој ден).
     
  10. Mister No

    Mister No

    Член од:
    5 ноември 2012
    Мислења:
    1.627
    Допаѓања:
    3.542
    Треба да ти дојде на домашна адеса известување од МВР да одиш и да ја однесеш возачката.
    -Ако отидеш, ке ти ја земат и ќе ти дадат нова возачка на која ќе биде отштампано периодот на забраната.
    -Ако не отидеш, ќе возиш на ризик и ќе чекаш да помине застарување ( мислам 2 години )
     
  11. Someone22

    Someone22

    Член од:
    25 јануари 2016
    Мислења:
    37
    Допаѓања:
    17
    сами ќе те побараат и ќе ти пратат известување..прво судија за извршување санкции треба да донесе решение врз основа на пресудата со која ти ја изрекле мерката, кога ќе им стигне од полиција ќе те повикаат тие да се сликаш за нова возачка..на неа позади ќе ти ја пишува забраната..ако случајно застари меркава кога ќе примиш решение од суд ќе си бараш застареност
     
  12. micho73

    micho73

    Член од:
    15 јануари 2015
    Мислења:
    143
    Допаѓања:
    71
    Од лично искуство напишав,Полиција те бара на врата!
    Ако не те најдат пак ке те побарат,ќе пратат абер по комшиите итн.
    И тоа со дозволата дека ќе те барат за сликање за Нова дозвола незнам дали е така.На истата ти куцат дата забрана од-до.Така беше барем пред 10 години :cautious:
     
  13. Someone22

    Someone22

    Член од:
    25 јануари 2016
    Мислења:
    37
    Допаѓања:
    17
    ехе од пред 10 години до сега колку измени има во закони....значи јас имам работено во прекршочно одделение во суд и знам до пред 1 година како одеше процедурата, сега ако се сменала тоа е друго..од кога ќе те прогласат за виновен дури да ти почне забраната има време..ако е помала забраната од судот побрзо ќе достават до МВР решение зошто спротивно мерката ќе застари, ако е подолга имаат поголем прозорец за чекање (иначе извршувањето застарува за дупло време од времетраењето на забраната, ако е 3 месеци тогаш за 6 месеци судот ако не донесе решение и достави до МВР, тоа е веќе застарена мерка и можеш да приговараш)..и со биометрискиве возачки знам дека те викаат да те сликаат од ново и ти прават нова со запишана забрана позади зошто на пластична картичка неможат да ти пишат забрана со пенкало или да ти искуцаат од-до
     
    На micho73 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Black Knight

    Black Knight

    Член од:
    16 мај 2010
    Мислења:
    4.189
    Допаѓања:
    1.692
    Слушај вози си така немој да се лажеш да идеш, прво ке ти ја соберат па ке плаќаш за нова возачка у која ке ти пишува забрана и има веројатност после пак да плаќаш да ти дадат нова на која нема да пишува забрана - ова у случај ако не пишуваат до кога трае забраната. Овака полицаецот кога ке те стопира не проверува дали имаш забрана само запишува податоци така да терај си додека да ти истече возачката и у меѓувреме поднеси си за бугарски пасош хахаха додека да ти истече ке си извадиш бг документи win-win ситуација и да ти лупнат забрана тука ке си купиш кола бугарска ке си ја тркалаш со тие документи плус ке можеш да ја шитнеш од државата :D
     
  15. Баженце

    Баженце

    Член од:
    21 септември 2012
    Мислења:
    1.245
    Допаѓања:
    1.354
    Од каде си ти толку сигурен дека само ќе му запише податоци ? Јас знам стотици случаи каде што полицаецот по радио врска проверува дали лицето ИМА ЗАБРАНИ за некоја категорија ? Најчесто тоа се случува кога ќе запрат некого, а дечкото нема возачка во него. Кажува матичен и проверуваат дали има положено и дали има забрани. :)

    Така да, шансите се 50:50. А па шансите да те запре полиција, ако си возиш нормално се многу мали, така да... :)
     

Сподели преку: