Сообраќајна Несреќа во друга држава.

Член од
1 јуни 2014
Мислења
5
Поени од реакции
0
Здраво.

Имам прашање до сите кои се нашле во слична ситуација или се разбираат од процедура во таква ситуација.
Татко ми е шофер на камион и пред неколку дена беше учесник во потешка сообракајна несреќа во Софија, Бугарија. Тој нема никаква кривица во сообракајката (100% кривица на друг учесник), а е најтешко повреден. Бил итно префрлен во Софија во болница и после укажана прва помош бил пуштен. Затоа што немал пари во него (не ја носел ни полисата за патничкото осигурување) не можел да плати и не му дале никаква документација од болницата (повреди, хирушки интервенции и трошкови). Имаме само копија од записникот од полиција.
Работата е во тоа што тој нема да биде во можност да работи најмалку 2 месеци (напукнато ребро) и тоа би требало некој да го плати. Плус имаме трошкови во Македонија за преврски, лекови, снимки, проверки итд. Има и пост-трауматски стрес (нервоза, раздразливост, емоционалност, инсомниа итд)
Сакаме и да поднесеме тужба до причинителот за сите горе-наведени физички и психички повреди. Ако на некој му е позната оваа процедура, ме интересира кои документи се најпотребни и колку сериозно судот го зема психолошкото пост трауматско растројство во судењето. Дали некој знае некој добар адвокат за овие работи во Ќустендил (пошто е најблиско) и дали вреди да се поднесе тужба (колку би можел да земе).

Фала
Поздрав,
Александар
 

Kajgana Shop

На врв Bottom