Сонови, толкување на сонови

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.656
Поени од реакции
4.713
Здраво
Ако може некој да го протолкува сонот и да ми помогне да го разберам

сонував како сум била Во црква и духот на мојата покојна баба ( сега во четв ќе и се прават 40 дена ) сака да ме земе сп неа да летнеме заедно а јас се карам и не сакам.
И како мојата др покојна баба веќе скоро 4 г и помогна да ме земе ..
последниот дел ми беше како во фазата на будење и неможам убаво да се сетам.
Се разбудив во 6 ч сабаље и после тоа неможев да заспијам
Дали значи ова дека наскоро ќе умрам ?
Се верува дека човечкиот дух талка во овој земјен свет до 40 дена и после оди во другиот свет.

Сонот ти е толкување на твојот страв од смртта.Очекувано во твојата состојба е субтилно да бидеш погодена и реално и свесно ако не мислиш за смрт - твојата потсвест се отсликува во сонот.Ако си се чувствувала исплашена после сонот - тогаш до стравот е.

Нема да умреш наскоро но и она клише - сите ќе умреме некогаш и не треба да си правиме тоа да ни предизвика анксиозности.
.
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
105
Поени од реакции
37

Мене ми беше страв и се разбудив од страв зАшто сум легнала со тие две мои баби
 
Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.656
Поени од реакции
4.713
Мене ми беше страв и се разбудив од страв зАшто сум легнала со тие две мои баби
Тоа е механизам на справување со стравот,тоа што си летнала или шо и да е со бабите. Странски кажано coping.
Соновите многу ретко се буквални и повеќето се симболични копинг механизми за справување со стравот кои ни немаат смисла ако не се протолкуваат.
 
Член од
3 септември 2022
Мислења
64
Поени од реакции
24
Се верува дека човечкиот дух талка во овој земјен свет до 40 дена и после оди во другиот свет.

Сонот ти е толкување на твојот страв од смртта.Очекувано во твојата состојба е субтилно да бидеш погодена и реално и свесно ако не мислиш за смрт - твојата потсвест се отсликува во сонот.Ако си се чувствувала исплашена после сонот - тогаш до стравот е.

Нема да умреш наскоро но и она клише - сите ќе умреме некогаш и не треба да си правиме тоа да ни предизвика анксиозности.
.
Тоа клише што предизвикува анксизности ако го прифатиш има позитивна страна. Што е човечкиот дух\душа ако не концепт измислен од човек за полесно да се носи со стравот од смртта и конечноста на неговиот живот.
 
Член од
26 ноември 2022
Мислења
2
Поени од реакции
1
Здраво,сонував многу чуден сон,на повеќето не се сеќавам, па ако може да ми кажете што значи. Вака, дум била со една другарка ( со таа другарка повеќе не се дружам ама како мали нон-стоп бевме заедно ) и сме се сретнале и сме седнале на некоја клупа, спроти нас имало автомобил во кој биле нејзините мајка и татко и не гледале. Ние сме правиле муабет ( ама не се сеќаам што ) и во еден момент сум си помислила “чекај да се покријам со џемперот за да не помисли татко и дека сум дебела????!!!!???!!!??” Не знам. Јас инаку сум била облечена во плави фармерки. После некое време сме одлучиле да отидеме до некој ресторан и во тој дел каде што сме седеле ние немало никој ,а во другиот било полно со луге. Сме јаделе и толку се сеќавам. Ако може некој да ми каже што значи би му била благодарна.
 
  • Љубов
Reactions: wot

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.514
Поени од реакции
3.639
Разбуди се (конечно...) и заборави го сонот...
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.860
Поени од реакции
1.680
Здраво,сонував многу чуден сон,на повеќето не се сеќавам, па ако може да ми кажете што значи. Вака, дум била со една другарка ( со таа другарка повеќе не се дружам ама како мали нон-стоп бевме заедно ) и сме се сретнале и сме седнале на некоја клупа, спроти нас имало автомобил во кој биле нејзините мајка и татко и не гледале. Ние сме правиле муабет ( ама не се сеќаам што ) и во еден момент сум си помислила “чекај да се покријам со џемперот за да не помисли татко и дека сум дебела????!!!!???!!!??” Не знам. Јас инаку сум била облечена во плави фармерки. После некое време сме одлучиле да отидеме до некој ресторан и во тој дел каде што сме седеле ние немало никој ,а во другиот било полно со луге. Сме јаделе и толку се сеќавам. Ако може некој да ми каже што значи би му била благодарна.
Можит да ти се појавит некој здравствен проблем(дали си имала некој проблем порано шо го имаш намерно занемарено).Сонот те упозорвит.
Пријателката е нешто од минатото,фармерките /плава боја...хормоните? јадењето во ресторанот -болест.
 
Член од
26 ноември 2022
Мислења
2
Поени од реакции
1
Не знам што ми е со соновите во последно време, го сонував симпатијата како ми пишал и ми рекол дека пријателите негови се во болница и не се сеќавам дали и тој со нив бил, толку е сонот. Имаше пораки на кои што не се сеќавам што точно пишуваше ама знам дека беа огромни реферати и јас сум била среќна што тој ми пишал. После знам дека го вртев чатот и се сеќавам дека имаше како стикери срциња испратено, не знам дали ова има значење или само ми е во потсвеста дека сакам да ми пише хахахаха. Кој знае нека каже.
 
Член од
16 јануари 2023
Мислења
1
Поени од реакции
0
Сонував како сум седела на едно место и до мене беше мојот поранешен дечко, а од другата страна беше дечкото со кој сега излегувам. Од никаде се појави жена со дете во раката, но не ја видов како изгледа само го остави детето кај мојот поранешен дечко. Детето беше со темна виткана коса и темни очи, имаше околу 2 годинки. Потоа јас се свртев кон сегашниот дечко и се качивме во кола, отидовме во некоја куќа. Таму се поздравив со еден непознат човек и влеговме во друга соба. Седевме и само одеднаш се разбудив… Дали некој би знаел што може да значи сонов?
 
Член од
4 февруари 2023
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво имам 2 чудни сонови па би сакал ако може да ми кажете што значат.

1. Се наоѓав на некоја непозната улица со дрво ред, бев со некоја плава девојка што не ја познавам. Знам дека некој не бркаше и цело време беше зад нас. Јас имав во рака прилично голема книга како со дрвени, стари, дебели корици и во неа имаше многу работи за тоа како можиш да се спашиш од лоши духови, лоши работи јас го барав тоа што нас конкретно ни треба низ книгата за да го прочитам и да се спасиме од тоа што не брка назад но тоа што не бркаше назад беше многу блиску до нас затоа што вниманието ни беше во книгата и бавно трчавме, ја затворив книгата за да трчаме побрзо свртивме десно и јас ја отворив книгата, книгата беше цела ичкртана, искината, запалена, максимално уништена за да не можам да прочитам и да се спасиме од нештото што не бркаше вртев низ страниците но се беше уништено. Во еден момент на девојката и реков “ Помогни ми те молам не можам сам да се снајдам во книгава “ не добив одговор, застанав се свртив кај нејзе таа стоеше пред дрво и лебдеше буквално со отворена уста во тој момент јас се уплашив и ми се стемни во сонот. Потоа се најдов во мојата соба на мојот кревет потпрен и на нозете ми беше книгата се уплашив ламбата трепкаше иако светеше не се гледаше ништо темно беше само книгата можев да ја видам и во еден момент почнав да слушам глас како ми вика “ Разбуди се (го кажува моето име), разбуди се (пак моето име), мораш да се разбудиш, разбуди се, мораш, разбуди се изговарајќи го и моето име со константно повишување на тонот. И се разбудив но сето ова накрајот со гласот што го слушав изгледаше и звучеше страшно многу реално како некој да беше до мене и да ми викаше дека морам да се разбудам. Сеуште немие јасен сонот.

2. Пред некој месец пријателка на мојата мајка беше во посета на Манастирот Острог. Оттаму ми донесе крст од Манастирот јас го ставив во новчаникот. По неколку дена го сонував тој истиот крст и некој како ми кажува дека треба да го ставам на моето ланче (јас веќе имам обично златно ланче) и како треба да го ставам на тоа ланче кога се разбудив не го ставив, истиот сон го сонував другиот ден и и кажав на жената што ми го донесе крстот ми рече да го ставам на ланчето и тоа го направив. Го носам веќе неколку месеци и имам чувство како да сум посреќен, како да ми е поубав животот, чувствувам некоја приврзаност кон крстот.
 
Член од
13 февруари 2023
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво од мене до сите во форумов!
Сакам да споделам еден сон кој неколку дена ме мачи...сонував дека јас сум невеста но во црн фустан, фустанот беше убав но неможев никако да се погледнам целосно само од половината надолу. Слушав музика играв но младоженецот не го видов никако.во еден момент влегов во една соба каде што дојде една моја оддамнешна пријателка која се наведна да ми го среди фустанот,јас погледнав и видов дека фустанот има зелени цветови.. се замислив и си реков па добро убаво стојат ќе ти носам.одеднаш од балконот гледам едно убаво езеро кое беше толку блескаво и чисто.. се разбудив веднаш, нешто како да ме мачеше во сонот .. нешто неописливо сеуште ме мачи.Ве молам за помош
 
Член од
18 декември 2017
Мислења
14
Поени од реакции
5
Здраво сакам да прашам доколку некој знае што значи да сонуваш река со матна вода сегде различно излегува па сакам да прашам дали знае некој да протолкува ?
 
Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.679
Поени од реакции
19.592
Здраво сакам да прашам доколку некој знае што значи да сонуваш река со матна вода сегде различно излегува па сакам да прашам дали знае некој да протолкува ?
По баба ми треба да е среќа, Оти бистра вода е солзи и тага.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom