Сонови, толкување на сонови

B

BooBojan

Гостин
Сонував како,седам во дворот,и гледам влегуваат крадци во дворот,пет души,додуша во сонот некако како лицата да им ги видов,деца кои ги знам,еден од нив ме удара со дебел синџир,по глава,па после ударот,му го земав синџирот,и сите ги претепав,па потоа се расправавме по болници,и полиција,каде ја докажував дека не сум крив бидејки први ме нападнаа.

Какво значење би имал сонот?
 

pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
многу чуден сон сонив. соував како со друштво сме отишле негде како на излет мислам. и таму јас открив дека ако ставам во уста влакна или дел од крзно од животно (верверица мислам беше) се претварам во орел и можам да летам. и цело време се фрлам од високо, и летам надоле. ама ефектот траеше да речеме 1 минута и после пак се враќам во човек. цело време како да се фалев на другите "глеј те ме што можам да направам" и пробувам пак, и пак и така цело време, колку повеќе пати ставам влакна,крзно во уста за да летам, повеќе ми се згадува, и ефектот ослабува се потешко летам. и на крај кога ставив во уста крзното за пак да се фрлам и да летам од високо, ми се слоши во сонот од гадно и некако темница гледав неможев ништо да видам и си реков во себе, ај доста беше и јас претерав и таман да мавнам во земја се разбудив.
што може да значи ова?
Одењето на излет е нуркање во непознатото, природата, односно животот. И се` додека се храниш со стравот (крзно од верверичка, плашливо животно) нема да можеш да станеш орел и да полеташ.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
Сонував еден форумџија што го немам видено во живо, му испржив пилешки џигер (!) и му видов некој документ во кој му пишува дека е Македонец муслиманин.
-А, му викам, затоа ли ти толку знаеш за Исламот?
Бидејќи е голем сеирџија, ми отиде паметот дека можеби не е тој тој! Па му поставив прашање во врска со нашиот заеднички омилен пејач, ми одговори точно.
Цело време се трудев да му го запаметам ликот, ама попусто.
 
Член од
22 декември 2010
Мислења
290
Поени од реакции
204
се видов самиот себе во сон, од 2ро лице, како имам долга коса, нешто налик битлси :)таа дужина. иначе природно си носам кратка (црна) нормална машка фризура.
и таа сцена трае кратко 2-3 секунди, потоа се префрлувам во прво лице, како ја допирам косата, фаќам прамените ги гледам, и си размислувам како ова е кич фриз, али ако ја дотерам , би можела добро да ми стои.
тоа е како се осеќав и размислував за време на сонот.
што би требало да значи сонов?

благодарам
go prilagoduvas tvoeto ego na nekoja novonastanata situacija ili na situacija koja doprva se stvara, znaci , imas problemi , ama se naviknuvas i i si spremen da gi nosis, ne ti e seedno , ne ti odgovara bas , ama sepak mozes i odis ponatamu i pokraj toa... povrzi go so sekojdnevieto i ke sfatis sam , a najverojatno i do sega si go sfatil vekje...pozdrav!
 

Змејко и

Гледачот Дуле од Велес
Член од
10 април 2005
Мислења
1.103
Поени од реакции
1.419
Сонував еден форумџија што го немам видено во живо, му испржив пилешки џигер (!) и му видов некој документ во кој му пишува дека е Македонец муслиманин.
-А, му викам, затоа ли ти толку знаеш за Исламот?
Бидејќи е голем сеирџија, ми отиде паметот дека можеби не е тој тој! Па му поставив прашање во врска со нашиот заеднички омилен пејач, ми одговори точно.
Цело време се трудев да му го запаметам ликот, ама попусто.
Те очекува туристичка обиколка на Лажани и Пласница, ол инклузив.
 
Член од
19 август 2013
Мислења
16
Поени од реакции
2
вака....пошто сум за прва сеа и сонував како ја уште неколку другари сне каснале за на прв час у средно и влегуваме у училница више на пола час и професорот почна многу да ни се дере и за тоа и башка што не носевме ни ранец ни тетратка онака со празни раце дојдвоме....и после знам на др ччас по мак професорката беше учителка од основно исто и тааа мн ни се дереше и рече одма да си најдеме папки и тетратки за тој час...ја некако се снајдов украдов најдов една стара и ок тоа.. после наеднаш стемнето ноќ и треба неколку души да идеме у некое село да зееме нешто .у школски двор таман да тргнам доаѓа убава кола спортска кој што ја вози еден дечко 23,4,5 год. и позади една девојка малку поголема од мене. И ја и викам ај дојди со мене..пешки да идеме..и таа вика не ај со кола..ја се качив и стигнавме у селото..Идеме низ селото пешки за да стигнеме кај што треба..тоа селото страшно у пм утепано старо.И ја наедшнаш глеам една стара баба со некое животно беше му кажуваше нешто ,одма ја реков еј видете вештерка и девојчево и дечково само се насмеаа ,продолживме и толку беше... -------------а и како др сон незз како...пред да идам у школо тоа коа ми викаат со децата....спиев у некоја пештера со одд. од основно и неднаш почнаа да ми се појавуваат некој знаци како месечини некој одблесоци некој чудни светла.И на таа другарката што лежеше до мене и викам еј погледни и она не гледа ништо..т.е ваљда ја го можам да го гледам само..help ???? p.s знам не го напишав постов мн убаво со некој добар редослед..зашто тешко ми беше да се сетам се у магла ко да ми е ....
 
Член од
12 март 2013
Мислења
92
Поени од реакции
17
Ај ќе бидам краток. Сонував сон како ми паднал еден заб но притоа не ме болеше. Што значи тоа дали некој знае...?
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
1.964
Поени од реакции
2.867
Ај ќе бидам краток. Сонував сон како ми паднал еден заб но притоа не ме болеше. Што значи тоа дали некој знае...?
Не се разбирам околу толкување на сонови, ама за ова имам слушнато дека ако сонуваш вакво нешто ќе ти почине некој роднина.. Не сум сигурен.
 
Член од
12 март 2013
Мислења
92
Поени од реакции
17
Не се разбирам околу толкување на сонови, ама за ова имам слушнато дека ако сонуваш вакво нешто ќе ти почине некој роднина.. Не сум сигурен.
На една страна пишуваше предизвик за тешка болест или смрт, а денес татко ми од работа дојде многу болен па мораше на инфективно на инфузии да оди сигурно било тоа. Фала ви иначе.
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
1.964
Поени од реакции
2.867
На една страна пишуваше предизвик за тешка болест или смрт, а денес татко ми од работа дојде многу болен па мораше на инфективно на инфузии да оди сигурно било тоа. Фала ви иначе.
Дај боже се да помине во најдобар ред..
 

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.544
Поени од реакции
5.855
Да, тоа е заб ако сонуваш. Крв и заб се предзнак за лошо.
 

pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
Сонував еден форумџија што го немам видено во живо, му испржив пилешки џигер (!) и му видов некој документ во кој му пишува дека е Македонец муслиманин.
-А, му викам, затоа ли ти толку знаеш за Исламот?
Бидејќи е голем сеирџија, ми отиде паметот дека можеби не е тој тој! Па му поставив прашање во врска со нашиот заеднички омилен пејач, ми одговори точно.
Цело време се трудев да му го запаметам ликот, ама попусто.
Најпрвин, кој и да е тој форумџија, нема никаква поврзаност со сонот. Не си сонувала за него, туку за некоја друга личност, ситуација, активност, предмет (субјект или објект, независно), која ја доживуваш во реалноста како неверојатна или невозможна. Асоцијацијата за форум е нешто што е виртуелно, имагинативно, непознато и за кое однапред си создаваме слика како треба да биде или изгледа (во тој контекст размислувај). Штом пржиш џигер, значи дека е нешто што ти значи и ти е при срце, бидејќи готвиме само за оние што ни се блиски и драги.

Што и да ти се случило во реалноста, дошле во конфликт твојата однапред креирана замисла за нештото и она што го гледаш и чувствуваш на јаве. Тој конфликт те остава зачудена и збунета и не знаеш дали да веруваш или не. Затоа и бараш лична карта, како најсигурен документ за идентификација и постојано поставуваш прашања со кои бараш доказ. Може да биде и ситуација која ти се случила или нечија реакција која ни на крај памет не си ја замислувала дека е возможно да се случи. Просто, не ти се верува, можно и да е само шега (бидејќи форумџијава е сеирџија). Може да биде и твоја реакција за нешто/некој со која самата себе се имаш изненадено, зошто така си реагирала. Религиозната нишка во сонот упатува дека, што и да е она во твојот живот за кое си сонувала, или е нешто што е втемелено во твоите основи или е личност која те познава to the very core. Бидејќи религиозната определба (макар била и атеистична) е печат кој лежи во базата кај секој од нас.

Се надевам ќе успееш да идентификуваш.
 

Змејко и

Гледачот Дуле од Велес
Член од
10 април 2005
Мислења
1.103
Поени од реакции
1.419
Штом пржиш џигер, значи дека е нешто што ти значи и ти е при срце, бидејќи готвиме само за оние што ни се блиски и драги.
Не се слагам. Џигерот значи дека се ова има врска со биохемија, бидејќи тој ги изведува повеќето биохемиски процеси. Алтернативно, може да значи цироза, но тоа лесно може да се открие ако џигерот кој го готвела бил набабрен.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom