Сонови, толкување на сонови

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.544
Поени од реакции
5.855
Вака, другарка ми сонувала сон во врска со мене, како некоја жена и се јавила и кажала дека нешто многу лошо се случило со мене, но неможела да и каже што точно и и спуштила. Од тука цело време во сонот пробува да ме најде или да разбере за мене и имала грижа на совест (затоа што последниот наш разговор во реалниот живот и не заврши баш добро), но секогаш нешто ќе се случи и не успева да разбере, за на крај да ја сретне сестра ми која и кажала дека сум во болница со одсечени дава прста (не се знае кои). Дали има некакво значење сонот или е само улав сон :)
Како што и самата кажа, другарка ти имала грижа за совест поради вашиот последен разговор. Најверојатно ти е многу блиска личност и многу ти значи, исто и она така те чувствува. Се ова се совпаѓа со губењето на прстите. Да изгубиш прсти во сонот значи дека губиш битна личност од твојот живот.

Може да се каже и улав сон, сега гушнете се :)
 
Ф

Флеш

Гостин
доколку имате смартфон базиран на андроид ,навистина ви препорачувам да ја симнете апликацијата Dormeo Sonovnik ....одличен е .... навистина прецизен и опширен соновник е .... искрено не верував многу во сонови и тие срања ... но еден ден се случи да ја симнам апликацијата од љубопитност ,да ѕирнам дали има допирна точка на вистина ,дали тоа што го сонувам е еден вид на психолошка дијагноза која би ми помогнала .... ми се сони дека сме на патување,како јас сум причината за патувањето,дека сите ме сакаат,јас горд на тоа дека сите ме сакаат и прифатен сум,туто комплето со професорката-класна од средно другари од средно и пар неколку другари од основно(другари што ги познавам ,со кои најблиску сум се познавал во маало) ..... секако тука беше и симпатијата од средно за која имав чуства,сме на некое патување ... идеме некаде на патување ,со мене сум го земал и лаптопот .... после следи некое рипање на сонот не се сеќавам ... се сеќавам на крајот само .... на враќање од патувањето ,отседнуваме во некој хотел ... онака веќе сите сме во хотелот,одмараме .... ја начекувам симпатијата од средно,седнувам до нејзе,и паднавме во разговор ,и ги изразувам моите чуства дека ја сакам ,дека навистина сакам да бидам со нејзе ... но од нејзе добивам негативна реакција дека не ме сака ..... јас разочаран од тоа идам кој мојата хотелска соба , во собата ги наоѓам мојот цимер од близок пријател од основно(Турчин) со неколку други другари .... влегувам се обидувам да го најдам лаптопот мој каде е .... го гледам го нема .... некој го украл изгледа .... јас во панична состојба,решетам секаде низ хотелот КАДЕ Е МОЈОТ ЛАПТОП !!!! КАДЕ Е !!!! кој кого стигнам .... овој Турчинот се нуди да ми помогне да го најдеме лаптопот преку некој негов контакт-хакер,тој хакерот се обидува да го лоцира лаптопот (знаете она кога ќе го изгубип мобилниот ,преку ЏПС да го лоцираат) .... за жал хакерот не може да го најде,неуспешна мисија .... јас уште повеќе паничам,каде би бил мојот лаптоп ... готово е .... го изгубив лаптопот засекогаш ... и тука фулстоп,се будам и се прекинува сонот .... станувам од кревет го земам мојот телефон и се обидувам да дознаам што значење имаше мојот сон преку DORMEO соновник ... барав четири клучни збора ....

  • Симпатија
  • Лаптоп
  • Пријател
  • Помош
и најдов објаснувања .....
  • Симпатија - отлсикување на привлечноста и фасцинацијата од таа личност ... доколку ја сонувате,тоа значи моментална излуденост од неа .... Доколку сте одбиени од таа личност во сонот,тоа ги преставува вашите чуства на несигурност и анксиозност ...
  • Лаптоп - ако видите или користите лаптоп,тоа ја преставува вашата потреба да се поврзете и да комуницирате со другите,во секакви околности ... Доколку го сонувате дека ви го нема или пак е украден,тоа укажува дека премногу се потпирате на својата социјална мрежа ... треба да се обидете да успеете врз база на соптвените способности и вредности ....
  • Пријател - ако видите пријателот, тоа укажува дека треба да се соочите со своите демони и мрачното минато ...
  • Помош - ако сонувате дека некој вам ви дава помош,посочува на вашата беспомошност во одредена ситуација ....
мој заклучок е дека главна тема околу кој се вртел сонот е мојата симпатија од средно,на која ,никогаш не и ги изразив моите чуства и никогаш не се обидов да го направам првиот чекор на контакт за запознавање ... со нејзе не се познавав лично,само бевме на база како соученици ... соученици како доаѓам денес во школо , ја гледам,но никогаш не направив разговор со нејзе,да се запознаам ..... и значењето на сонот .... дека жалам што не се поврзав со нејзе,не ја запознав како треба,не станавме пријатели како треба,подоцна и да и ги изразам моите чуства кон нејзе итн .... сега имам 23 години и сеуште изгледа копнеам по неа .... лаптопот украден значел изгледа потребата да се видам со неа .... а пријателот ... изгледа што реков од основно.... он изгледа значел дека треба да се соочам и да го решам проблемот со симпатијата од средно .... а помошта значела дека моментална моја состојба и стравот кој го носам сега моментално .... дали голема грешка направив,си поставувам прашање .... БУДАЛО ЗОШТО НЕ СЕ ЗАПОЗНА СО ДЕВОЈКАТА !!!? ти се допаѓаше,сакаш да бидеш лично близок со неа ... НО СЕГА !!!? изгубена е шансата и едноставно изгубив ајде да речеме контакт со неа .... заедно бевме во исти клас ... учевме заедно во средно,бевме во периодот заедно во клас во трета и четврта година ... после заврши средното и сега сме на различни патишта .... не знам каде е .... јас на факултет .... она е на факултет исто ,како што дознав последниот пат преку другари за нејзе .... дипломирала ..... имала дечко ... кој и бил прв .... дечкото и бил некој нејзин близок пријател .... во сериозна врска се .... И ТОА Е изгледа ....
ме интересира ваши мислења и впечатоци за мојот сон а и за апликацијата .... ?!
ова е линкот од апликацијата .... одлична е !!! ....

https://play.google.com/store/apps/details?id=com.dormeo.activity
 
КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.544
Поени од реакции
5.855
Vori

Соновник со објаснети зборови, за мене не е соновник. Не дека тие не погодуваат, ама неможеш ти се да прочиташ од збор. Можеш да поврзуваш колку сакаш.

Додека не го раскажеш целиот сон на некој што се разбира, зборам до детаљи, ништо не правиме.

На пример, баш вчера сонував како сум нашол бициклистичко одело на кое имало штитник само на левиот лакт. Возејќи, за малце ќе сум летнел од планина и паднав на десниот лакт. И кажи ми за сонов што зборови ќе бараш? :) Знаев дека нешто лошо ќе се случи, и се случи уште истиот ден и тоа исто со велосипед, каде што дури дојде и до болница.

И кажувајте сонови, најдов wifi, ќе доаѓам од време на време :)
 
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.356
Поени од реакции
184
се видов самиот себе во сон, од 2ро лице, како имам долга коса, нешто налик битлси :)таа дужина. иначе природно си носам кратка (црна) нормална машка фризура.
и таа сцена трае кратко 2-3 секунди, потоа се префрлувам во прво лице, како ја допирам косата, фаќам прамените ги гледам, и си размислувам како ова е кич фриз, али ако ја дотерам , би можела добро да ми стои.
тоа е како се осеќав и размислував за време на сонот.
што би требало да значи сонов?

благодарам
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031

Долга коса е големи грижи, проблеми...
 
Змејко и

Гледачот Дуле од Велес
Член од
10 април 2005
Мислења
1.103
Поени од реакции
1.419
се видов самиот себе во сон, од 2ро лице, како имам долга коса, нешто налик битлси :)таа дужина. иначе природно си носам кратка (црна) нормална машка фризура.
и таа сцена трае кратко 2-3 секунди, потоа се префрлувам во прво лице, како ја допирам косата, фаќам прамените ги гледам, и си размислувам како ова е кич фриз, али ако ја дотерам , би можела добро да ми стои.
тоа е како се осеќав и размислував за време на сонот.
што би требало да значи сонов?

благодарам
Значи дека си геј.
 
Размислуваш долго и претпазливо пред да направиш било каква одлука, што е добро. Моментално си концентриран на исполнување на некоја твоја желба, и тоа сакаш да го завршиш што побрзо. Не? :)
 
iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Искрено, незнам дали треба да прашам овде или не ама ајде ќе се обидам. Никогаш досега не сум ја посетил темата, ниту пак сум пишувал и читал на неа бидејќи едноставно не ме интересирало. А сега за она за што сум дојден.

Во последно време многу често ми се случува кога спијам да сонувам лоши сонови и кога во сонот ќе се случи нешто страшно веднаш се будам целиот исплашен, вознемирен, шетам низ собите а неретко ми се случува да влезам во ВЦ и да плачам за да не ме чујат моите дома. Во поголемиот број од случаите веднаш заборавам и колку и да се трудам неможам да се сетам што сум сонувал и од што сум се исплашил толку многу. Последен пат ми се случи вакво нешто синоќа, и овој пат се сеќавам на мал дел од она што го сонував. А сонот е ова, се возам на нешто огромно налик на велосипед, ама велосипед огромен висок колку зграда. И одеднаш заглавувам на некое високо место налик на кров од куќа или зграда и едвај се додржувам да не се испуштам. После некое време, не сум сигурен колку, се испуштив и паднав од таа висина. Она што ми е неверојатно е колку само реално го доживувам тоа што го сонувам, се чувствувам како навистина да ми се случило тоа. Кога се разбудив после ова бев целиот испотен, срцето ми чукаше со 200 на саат уште да ми излета од градите и бев тотално без ориентација на просторот каде се наоѓам и што се случува. Ми требаа 5-10 минути за да се смирам.

Ова е само еден од неколкуте сонови што ги паметам бидејќи како што кажав во 95% од случаите не се сеќавам на ништо туку само се будам исплашен, дезориентиран, испотен и понекогаш ми се случува да плачам.

Ако некој знае дали овие сонови и плашења имаат некое значење и како да го решам овој проблем тогаш советувајте. Ако на некој му е дојдено до смеење тогаш слободно, но имајте на ум дека мене баш и не ми е смешно бидејќи се плашам некогаш да не направам некоја беља после ваков сон.
 
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.356
Поени од реакции
184
Размислуваш долго и претпазливо пред да направиш било каква одлука, што е добро. Моментално си концентриран на исполнување на некоја твоја желба, и тоа сакаш да го завршиш што побрзо. Не? :)

па да, може да се каже.
Пробувам да совладам голем залак за брзо време, да се докажам и да се изборам за позицијата која ми решава многу прашања.
 
КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.544
Поени од реакции
5.855
па да, може да се каже.
Пробувам да совладам голем залак за брзо време, да се докажам и да се изборам за позицијата која ми решава многу прашања.

Тоа е се во ред, само не избрзувај затоа што може ќе добиеш "контра ефект" . Не се откажувај од целта, но имај на ум дека најблиските би ти помогнале повеќе. :)

И iksimkd

Не се секирај за ништо, не си ни прв ни последен да се плаши од сон. Имено, соновите се агенти на мозокот, пратени да ти ја прикажат твојата најубава и најсурова имагинација, со цел да станат реалност. Во случајов, мозокот те надвладеал од што и се плашиш. Најчесто, иницијатор на овој страв од сонови е преокупираност со нешто трето. Дали има нешто што те мачи? Можеби љубов, пари, работа, социјален живот?
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.860
Поени од реакции
34.895
Може ли некој да ми помогне? Не станува збор за сон , туку нешто што ми се деси пред месец дена но дури сеа ми текна да прашам , а несакав нова тема да отварам па да прашам тука.

Што би можело да значи безопасна игла закачена на маица? Незнам како стигнала таму , но се гледа дека беше закачена и закопчена што значи некој морал да ја закачи , не беше само набодена на маицата. Е сеа , мајка ми ја пере јас ја носам , а ниту еден од нас не ја закачил на маицата така да морало тоа да биде трето лице. Може ли некој од прилика што би можело да значи? Некаков вид на магија или? Додуша не верувам во такви работи , али ако е нешто слично на тоа би сакал да знам дека имам некој што ми мисли лошо.
 
Упати се овде:
http://forum.kajgana.com/threads/Ви-се-случила-некоја-натприродна-работа.480/page-117#post-6006798
 
Член од
24 јуни 2009
Мислења
310
Поени од реакции
124
многу чуден сон сонив. соував како со друштво сме отишле негде како на излет мислам. и таму јас открив дека ако ставам во уста влакна или дел од крзно од животно (верверица мислам беше) се претварам во орел и можам да летам. и цело време се фрлам од високо, и летам надоле. ама ефектот траеше да речеме 1 минута и после пак се враќам во човек. цело време како да се фалев на другите "глеј те ме што можам да направам" и пробувам пак, и пак и така цело време, колку повеќе пати ставам влакна,крзно во уста за да летам, повеќе ми се згадува, и ефектот ослабува се потешко летам. и на крај кога ставив во уста крзното за пак да се фрлам и да летам од високо, ми се слоши во сонот од гадно и некако темница гледав неможев ништо да видам и си реков во себе, ај доста беше и јас претерав и таман да мавнам во земја се разбудив.
што може да значи ова?
 
Излетите се исполните со среќа, дружба и разменување на информации. Некој, независно дали поблизок или поодалечен очекува од тебе дека ќе му споделиш некаква информација од која тој би имал голема корист. Кој и да е, тоа сигурно нема да го направи дирекно, а ти нема ни да приметиш. Незнам за каква информација се работи, дали те искористува или му треба во позитивни цели, тоа сам треба да го откриеш. Крзното од животно го потврдува ова. Неговото значење е пружена топлина, љубов и доверба. Нешто се поклопуваше со пикникот, се додека не прочитав дека ти се гади од самото крзно. Мислам дека си во почетната фаза на "капирање" за каква информација се работи. Полека го воочуваш лицемерието. И конечно летањето, кое потврдува многу работи. Да леташ високо значи дека треба да имаш самодоверба и храброст, а како ќе ги искористиш, тоа е твое. Мислам дека доволно те упатив, твое е само да препознаеш кој е и како сака да те искористи.
 
Sapphire

Persona non grata
Член од
30 јануари 2011
Мислења
935
Поени од реакции
1.559
Некој да ми каже што значат?

Првиот сон е сонував како поранешните пријатели со кои се дружев од училиште ме исмејувале, а јас сум била немоќна да им се спротивставам.
И вториот сон, со детето што се мував.. сме оделе по улица.. тој ме гушнал и ме бакнал и потоа јас сум му ја фатила раката а тој ја тргнал одма бидејки зад нас идел некој негов друг. После тој застанал со другарот а мене ми рекол да се завртам да не ме види.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom