Не знам дали е стварно за тука ова моево... затоа што не сум сигурна дали беше сон или стварно го доживеав тоа. Мајка ми од тоа што го виде.. мисли дека сум сонувала... јас од друга страна мислам дека бев будна додека сето тоа се случуваше.
Значи.. си легнав се најнормално... не сонував ништо.. бар на ништо не се сеќавам, одеднаш се разбудив (бар јас мислам дека бев будна) бев малку завртена настрана и видов фигура во мојата соба на крајот од мојот кревет. Помислив дека е мајка ми... кога се спрема за на работа и се случува да влезе и да земе нешто од соба. Се завртев убаво на грб за да ја прашам што и треба и таман да отворам уста... сватив уствари што гледам.... беше црно огромно... не беше човек... беше само црно како сенка.. како фигура... али немаше лик немаше ништо... само такво..
али беше точно до мојот кревет и имав чуство дека ме гледа. Се вкочанив од страв затоа што ништо вакво предходно ми се нема десено и не можев да мрднам ... се осеќав како парализирана .. не го тргав погледот од него.. сакав да вриштам ама не излегуваше ништо од мене. По некое време се осетив дека можам да мрднам .. рипнав наеднаш.. ги затворив очите и почнав да вриштам.
Не знам колку време помина.. ја сетив мајка ми како ме гушка и ме прашува што ми е ... знам само дека цело тело ми се тресеше неконтролирано, плачев и бев бледа (тоа го видела мајка ми). Не можев да заспијам до сабајлето.. и еве цел ден внатрешно се осеќам како изморена како да сум болна.. а уствари ништо не ми е.
Ако било сон како што вели мајка ми.. тогаш ако има некој објаснување нека каже..