Сонови, толкување на сонови

Член од
30 мај 2012
Мислења
1.966
Поени од реакции
2.876
Не верувам воопшто во соновници. Баш пред неколку страни напишав и зошто. Мора целиот сон да се раскаже, затоа што и во детаљите секогаш се крие нешто.
Ако можеш Квик одговори на моите сонови погоре. :)
 
pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
Член од
30 мај 2012
Мислења
1.966
Поени од реакции
2.876
LavoviGjorce1992

Јас мислам дека на детето некое девојче му пушта ишарети, а тој е изгубен во свемирот.
Башка уплав го фаќа да слета на Венера. :)
Прашав како човек, посебно за тој вториот сон сакав да дознаам што значење би можел да има дека не ми делуваше добро.
 
pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
Прашав како човек, посебно за тој вториот сон сакав да дознаам што значење би можел да има дека не ми делуваше добро.
Не знам зошто ме читаш како да терам сеир, кога искрено ти кажав што мислам.

Некој (претпоставувам дека е девојче) ти изразува верност, ти покажува внимание, ти се приближува многу срамежливо и внимателно, а ти си изгубен у свемир и сетики фрлаш со леб (кој btw, не е основна храна за кучиња). И си решил да се враќаш дома, па дома, трчаш накај колата, уште малку само што не си се и заклучил внатре. Дури и самиот кажуваш како кучето делувало и малку разочарано, претпоставувам исто како и девојчево. Башка пратила и абер преку другарки (тие двајцата со косите што ти шкрабаат на шофершајбна), а ти уште делуваш како мува без глава и се криеш во колата. А штом толку си се упрпал, страв ти е да се впуштиш во сето тоа.

Појасно?

И олабај се малку, како што кажав, не постојат лоши сништа. :)
 
Фала многу на целово објаснување.. Сето тоа беше во сон, а и кучето прво ми делуваше како да сака да ме нападне и дека е гладно, од страв избегав накај колата, тоа цвичење беше доста тажно подоцна, веднаш потоа се појавија двајцата со долги коси(прво мислев дека се нешто наркомани но потоа ми личеа како свети лица..) кои мислев дека идат по мене со цел да ми направат нешто но тие ништо не ми направија само на прозорот од мојата страна во долниот ќош напишаа нешто.. Прво помислив на лоши работи во врска со сонов :)
 
Нема да пројдеш само со лајТ. :)
Трефнав нешто или не, не прашувам за друго, туку планирам да отворам магичнилница, па правам бизнис план, а ова ми е маркет рисрч на пазарот. Да видам дал` се исплати да ја купувам куглата од циганката. :)
 
Како мислиш нема да поминам само лајт? :) тие два сонови некако ми се поврзаа.. Иначе отварај, пробај си ја среќата(на мене очекувај секогаш за вакви работи) :)
 
pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
Како мислиш нема да поминам само лајт? :) тие два сонови некако ми се поврзаа.. Иначе отварај, пробај си ја среќата(на мене очекувај секогаш за вакви работи) :)
лајТ = лајк = клик за допаѓање :)

П.С.
Инаку, се вели соништа или сништа.
Не се вели сонови, како што е и промашен насловот, ту бигин витХ. :)
 
Член од
24 декември 2008
Мислења
394
Поени од реакции
222
Многу често ја сонувам куќата каде што живеев пред 13 години(,таму го поминав моето цело детство.)
Ги сонувам секоја соба посебно секој детал во неа, иако помина мн време од тогаш се сонувам кај што се наоѓаше, заедно и со фамилијата која што живее сега во неа и често во сонот му поминувам на гости само онака да ја видам куќата.

Дали некој знае што значи сонот?
 
Член од
30 април 2013
Мислења
674
Поени од реакции
1.293

дека ти фали куќата? :) (можеби периодот во кој си живеел во неа,можеби ти фалат тие спомени..зависи што си доживеал во неа..)
и дека треба да им поминеш нагости :)
 
Член од
8 јули 2009
Мислења
68
Поени од реакции
0
Сонував се возев во афтомобил (незнам кој возесе ) наеднас црна мачка се спремасе да скокни и скокна на афтомобил проба да влези низпрозор ама не упеа посо го затворив :) ме погледна некако дусманси , наеднас падна или сама се фрли незнам ја прегазифме се распрска крв насекаде ама продолзивме со возене .
 
Член од
4 септември 2010
Мислења
1.002
Поени од реакции
582
Сонував дека сум во една куќа(кај мои роднини, средена убава, блеска), односно сум на поседок кај нив. седнувам на една маса таму во куќата, и си го отворам телефонот мој, и гледам андроидот ми е надграден. Го тестира, и се разбудувам. Но во меѓувреме, се појавува тетками во собата додека си го чачкам телефонот. Инаку, кога се разбудив имав гуд филинг, си велев камо да сум таму. Инаку, не се далеку од мене ако е до та, ама убаво чувство имав.
Што би значело ова?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Сега се разбудив од сон за кој барам толување
Одам заедно со мојот Син во посета кај еден кој во реалноста само го познавам.
На влезот соблекуваме кондури
Седнуваме во дневната соба а таму се неговата мајка и брат со кои разговараме.
Одеднаш во куќата почнуваат да доаѓаат многу луѓе, така да сите соби се преполни.
Прашувам што е ова и ми велат дека денес им е слава
Луѓе има се повеќе и јас велам - ние ќе си одиме
само дајте ни ги кондурите.
Братот ми донесува кондури од кои едната е моја а другата е различна и не е моја
Јас велам најдете ми ја кондурата.
Братот бара но неможе да ја најде и ми вели оди си така со различни кондури
Како ќе си одам со различни кондури се бунам но сепак ги облекувам различните кондури и си одам
 
Тоа што одиш на гости значи дека си навлегол во област која ти е непозната, поле на кое немаш експертиза или искуство. Твојот син во сонот, не го претставува твојот син на јаве, туку твојата лична проекција за тебе самиот. Пластично кажано, се гледаш себеси како дете на тоа поле, неискусно и наивно, независно што можеби син ти во реалност е возрасен. Идејата за син ти е всушност идејата за тебе, односно јас и тој помалиот јас. И свесен си за фактот дека можеби не си дораснат за тоа поле на интерес, па оттаму ги слекуваш кондурите, како што е редот. Со тоа, на аудиториумот јасно даваш до знаење дека твоето мислење или тоа што го кажуваш е, можеби не од аматерски аспект кажано, но повеќе дека кажаното е подложно на критика (не` судат по чорапите :)).

Имаш контакт, или поточно, те интересира мислењето и муабетиш само со оние за кои сметаш дека се поучени или поинформирани на тоа поле, некои кои во твои очи имаат кредибилитет (муабет само со домаќините). Поточно, имаш контакт со некој што не е на врвот, но патот во иднина натаму го води, или ти така го гледаш во реалноста (присуството на мајката и братот, но не и на таткото, глава на фамилијата). Но, шансата да го прошириш видикот, знаењето, искуството не ја прифаќаш. Само не можам да кажам дали е страв или непријатност во прашање. Тоа што луѓето те викнале на слава значи дека сакаат да го запознаеш кругот на нивните пријатели, односно конкретно за толкувањето, кругот на нивните соработници. Ти даваат шанса да влезеш во фелата на тоа што те интересира, но ти си решен да си одиш, пак ќе кажам не знам од која причина.

Можеби се` што те интересира е само одредена информација (дајте ни ги само кондурите, па ќе си одиме по патот), а не и поголемо знаење. Самото тоа што ти е понудена различна кондура, значи дека ти е понудено знаење или информација, која ти не ја гледаш или не ти е по мерак, бидејќи однапред си имаш замислено што е тоа што треба да ти го кажат. Велиш, дајте ми ја мојата кондура, а не велиш дајте кондура. Бидејќи, во основа гледано, кондурите се за да не одиме боси и да не се наденеме. Бојата, формата и спарувањето, тоа се` е дел од естетика, а не дел од суштина. Затоа велам, понудено ти е знаење или информација, која ти или не ја гледаш (упорно ја бараш својата кондура, иако и со таа различната нема да одиш бос) или пак не те бендисува тоа што ти е кажано (затоа се бунтуваш за кондурата), односно си очекувал нешто друго.

Ова е вака, од прво читање.

П.С.
Леле луѓе блазеси ви што си сонувате. Јас немам сонувано со месеци и месеци уназад, дури и ми недостасува, се чувствувам како да немам double check. Како потсвеста во свест да ми е претворена, по ѓаволите. Ваљда сонувам, кој да знае, ама не се сеќавам, бидејќи да сум сонувала ќе знаев. Тогаш одма се расонувам и на лице место го толкувам.

П.П.С.
Ајмо момци, ајмо џевојке, сФите у магичнилница да ви го гледим.
На раци, нози, мишки и табани, сФито има код Фатиме. :pipi:
На карти, конци и кугло, на тавани, на ќошој и округло.
Ајмо, ајмо, супер џабе за 500 дИнарос. :vozbud:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom