Сол во слатководен аквариум

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
10 јуни 2007
Мислења
322
Поени од реакции
156
solvoslatkovodenakvarium.jpg

Солта е корисен лек за повеќето болести што може да се појават кај слатководните риби. Таа истотака помага во лекување на повреди, репродукција на лигавиот слој на рибата, ја подобрува жабрената функција, се намалува нивото на нитрити и е ефикасна против некои паразити. Солта не треба да се користи во украсен аквариум, бидете свесни дека некои некои видови растенија и риби не може да толерираат сол, па затоа мора да се користи во карантински аквариум. Со други зборови, солта е нож со две острици.
Паразити - Многу паразити може ефективно да се отстранат со користење на сол.
Фамилијата Scaleless -особено Cordydoras, се многу чувствителни на сол. Дури и мала количина може да им наштети. Тетрите исто така се многу чувствителни на сол.
Растенијата - избегнувајте користење на сол во аквариум со растенија. Растенијата можат да се оштетат со релативно мала доза на сол, ова е една од главните причини за тоа да се третираат болните риби во карантински аквариум наместо во украсниот.



Количество на сол
Количеството ќе зависи од тоа за што се користи. Кратко изложување е корисно за искоренување на паразитите. Во раствор од 3% се чува рибата до половина час.

Лекување од паразити
Кога лекувате од паразити, се додава целосно вода од аквариумот во карантинот и на секој литар се додава по една лажица сол, се меша се додека не се раствори убаво. Откако солта потполно ќе се раствори, рибата се става од 5 до 30минути. Внимавајте на однесувањето на рибата, ако има било какви знаци на неволја, вратете ја веднаш рибата во аквариумот.


Лекување на стресот и труење од нитрити
Ова лекување е идеално, кога се прави ова лекување карантинот е чист од нитрити и се намалува стресот.
За лекување на стресот, мерка по 1 лажичка сол на 4л вода. Користејќи мал сад, се раствара солта според онаа која е потребна за карантинот (пр: 60волумен : 4л = 15 лажици сол). Откако ќе се раствори целосно, полека додадете го во карантинот каде што се наоѓа рибата.


Третман и превенција на труење од нитрити, мерка 3 лажички сол на 4л вода. Користејќи мал сад, се раствара солта според онаа која е потребна за карантинот (пр: 60волумен : 4л = 15 * 3 = 45 лажици сол). Откако ќе се раствори целосно, полека додадете го во карантинот.
Третманот трае една недела.
Дозата е мерена според кафени лажички.




Извор: freshaquarium.about.com
Превод и адаптација: Горан Маневски​
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom