Солунско-воденски дијалект

Член од
12 јуни 2018
Мислења
515
Поени од реакции
568
Од кај си по потекло пријателе :)
1/4 Коинско
1/4 Стујаково
1/8 Гивгилија
1/8 Бојмица
1/8 Гуменџа
1/8 Некое тракијско село на грчко-турската граница шо не му гу знам имто

Туку речи 7/8 уд гивгилијско су генерации наз'ди без помен за путекло уд друго место.
Вие уд дек сте пријателе?
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.792
Поени од реакции
17.151

Многу ми е мило кога гледам дека има сеуште вакви млади луѓе(океј постар си од мене но спаѓаш у млади со 33 години) што си го сакаат и негуваат своето, што не се глобализирани до степен да живеаат само во мал град на Балканот само физички, па некој и да се срамат од тоа што се. Дијалектите се навистина најбогата работа со која треба да гордееме а како што кажа и сам некој те направил Бугарин некогаш, уште пострашно е што многу луѓе на твоја генерација не ни знаат што значат некои зборови, не можат да го преведат ова во денешниот наш стандарден јазик.

Пишувај уште вакви работи, напиши неколку реченици на овој дијалект па да ги толкуваме.
 
Член од
12 јуни 2018
Мислења
515
Поени од реакции
568
Некуи уд поважните усубини на солунскиут дијалект е редукцијта на некуи самугласки уф срединта на именката коа са упутребве и одредниут член:
средин(а)та > срединта
мес(о)то > место
дет(е)то > детто
мас(а)та > маста

Уф некуи случаи првите самугласки са изд'лж'ват и дуплират уф именките и глагољте а пуследните са губат а уф други па са дудаават сугласки:
глав(а)та > глаавта
додава(а)т > дудаават
дрв(о)то > др''вто*
* (') апострофут е тврдиут знак, гулем ер или (') кој шо е исфрљ'н уд нашта азбука.

А уф други па освен редукцијта на самугласки, са дудаават и сугласки:
ќе играме > ки играјме
ќе пе(е)ме > ки пејме

Редукцијта на сугласки и самугласки са случуве уф глагуљте најчесто:
ќе о(д)ам > ки оам
ќе ја(д)ам > ки јаам
ќе пи(ј)ам > ки пиам
ќе од(е)ме > ки одме

Вториут начин на кој шо можат да са изменат виа глагули уф прво лице е:
ки одум
ки јадум
ки пијум итн.

Друга важна усубина е прумента на глас'вте: (а), (о) и (е) уф ('), (у) и (и) ву некуи случаи:
рака > р'ка
мака > м'ка
тага > т'га
волк > в'лк
голем > гулем
Сабота > С'бута
Недела > Нидеља
Гевгелија > Гивгилија
дебел > дибел
болен > болин

Ак са чуите уд дек тоа "уф" ву дијалектут, су прумента уд о > у и редукцијта на "в". Уд там излеве оти "уф" настанал уд "воф".

Исто ного важна усубина е шо глагољте уф прво лице ву минано време, секујп'т зав'ршават на "х" место "в":
направив > направих
отидов > утидех
заспав > заспах итн.

Уф солунскиут дијалект нема три рода туку само два и м'шкиут и средниут род са узначават сус иста заменка:
тој маж > тоа м'ж
тоа дете > тоа дете
таа жена > таа жена
овој човек > воа чувек
оваа жена > ваа жена
ова дете > воа дете

Именки уд машки род са менуват различно уф множина уд литературниут јазик:
М.р:
мажи > м'же
чорапи > чурапе
зборови > збораве
Ж.р:
жени > жени
коли > коли
марами > марами
С.р:
деца > деца
срциња > срцијна
села > села

Некуи интиресни и различни збораве уф солунскиут дијалект:
една копа > една толпа алт. сурија > толпа
надвор > вонка
надворешен > вонкашен
аресе > допаѓа
б'лтија > секира
Сл'нце > Сонце
витрина > креденец
папуци > чевли
патати > компири
чуждо > туѓо
сношти > синоќа
гашти > гаќи
нанаки > натаму
наваки > наваму
се шегувам > са б'згум
ми здосади > ми б'ктиса
вадин > денес(ваа + ден>ва(а)д(е)н>вадин)
унадин > после два дена(унаа + ден)

Сеа за сеа толко. Ки прудолжум понанаки па...
 
Последно уредено:
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.568
Поени од реакции
17.968

Чист македонски говор, како тој во Пловдив што го зборат. ;)
 
Член од
12 јуни 2018
Мислења
515
Поени од реакции
568
Чист македонски говор, како тој во Пловдив што го зборат. ;)
Иако има удредана доза на иронија уф воа кументар требе да кажум некуи лични искуства.
Сум бил уф друштво и су Бугаре уд Пловдив и су Македонце уд Скопје, Битола, Струга, Велес и шо е најинтиресно Бугарто повише ги разбираа виа друјзте отколко мен. Дали зарди спицифичнуста на акцентут или зарди редукцијта на зборавто, или нешто друго, мен не ма разбираа и треабше ного често да са пувторавум.
Најнакрај, виа гласувни закојне шо ги објасних не са спицифични за бугарскиут јазик.
Уд друга страна па, присутноста на тврдиут знак (') уф солунскиут дијалект кут и некои збораве шо са исти или слични су бугарските, гу приближават солунскиут дијалект ду бугарскиут литературен јазик. Арно ама може истата логика да а упутребме и за литературниут ни јазик и некуи спицифични гласаве, акценти па и збораве да ги припишме на некакво српско влијание кут на пример: туѓо > туђо, надвор > наполје итн. Т'ка да кој е чист а кој не е, не е баш најјасно...
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.748
Поени од реакции
13.965
Убава тема друже (y)

Прабаба ми е од тој регион ама штета немав можност да ја запознам па да напишам некој збор два повеќе. Она и скоро цела нејзина фамилија имаат избегано во Прилеп негде околу 1948/9 година. Па затоа нејзините деца (вклучувајќи ја и баба ми) зборат прилепски повеќе него егејски.

Али имаше нивни комшии егејци со кои имаат заедно бегано и се сеќавам на нив бидејќи во исто маало се имаа доселено. Посебно на таа една баба Дона што почина пред некоја година на 90+. Она збореше на сличен дијалект, а лафеше и грчки :D
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Ова са бзгум, не би го разбрал, како и патати(компири). Другово е горе долу разбирливо. Ова патати ме интересира откаде дошло. Јас веднаш со англиски го поврзав. Да не имаат нешто келтско-енглеско солуњани? :D
Автоматски споено мислење:

Во секој случај друже @GavranOT , да те пофалам и јас, палец горе имаш од мене за темава. Те охрабрувам да споделуваш говори, па и текстови од книги ако имаш за наречјево радо ќе те читаме.
 
Бзгум најверујатно е сродно су бугарското "базикам", само сменано според гласувните закујне на солунскиут дијалект.
Патати најверујатно грчко влијание уд грчкото πατάτες, пататес...
 
Член од
10 декември 2019
Мислења
77
Поени од реакции
219
(Болдираните букви се акцентот)

“Гудинти са ногу - дивидесит и две-три гудини им. Десит им рудену. Шес моми им туа и идно дети. Детто најмалечко биши. Деуто си умре. Дујде ут мианта и си изумре. Риче: Дај ми да јам, да пијам. Ки вичерами, вељам. Несакам, риче. Јадехми риби вааден, несакам. Дај малце млеко да пијам и малце лепче дај ми да топн`м.

Су лепче млекото гу јаде. Прискукна прагут. Дур да прискокни прагут да седни и хајде деуто си умре. Тиди, умре.

Идинајсит гудини лижа деуто за бугарин. М`ки мачихми, бре душо, м`ки мачихми на селто. М`ки, м`ки, м`ки, крај немат. Бигачки, дома да лежми хич. Са тука, там. Да не си виат (клетва) ни грцити, ни бугарјто, ни германцити. Германцити ако не доеа, мож да не бихми така. Арно ма дујдеа германцити. Си измачихми, бигахми с`та тајфа туа. Женцка тајфа там к`д (каде) ке а устајми на селто да? К`д ке а устајми. Дујдеха исљумиата (гр. астономија, полиција) ноќта - фиљан мома да ми а даш, идин веле.

-Нема, нема, не са туа. Бигани са. Шо, шо ке т`даат мома!

Ногу м`ки, ногу гладуси трпехми. Трева јадехми ву селто. Германците сѐ дигнаха. Ни брашно уставиха, ни лат уставиха. Ништо не уставиха, ни риба, ни ништо. Шо имаши бугати чувеци, су пари цели фудаи (одаи) имаха и трпаа за леп. Ка кинисали три деца, ја кату Митри, фодат п`тут да фатат за Кукуш, да уттам ке најат малце брашно. Имаши идна вудиница там. Фоат там, седнуват. Ка фоат да и видат - и трити умрени уд глат. Ногу м`ки мачили сми, душо.“

Раскажано во 1980, од Ѓурѓа Груткова, на 92 години од Градобор, солунско.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.792
Поени од реакции
17.151
Во кои градови најмногу се населени Егејците низ Македонија. Знам дека во скоро секој поголем град ги има, но се има ли некаде некој податок, колку по број, како, каде поточно биле населувани, општо за тој процес информации?
 
Член од
12 јуни 2018
Мислења
515
Поени од реакции
568
(Болдираните букви се акцентот)

“Гудинти са ногу - дивидесит и две-три гудини им. Десит им рудену. Шес моми им туа и идно дети. Детто најмалечко биши. Деуто си умре. Дујде ут мианта и си изумре. Риче: Дај ми да јам, да пијам. Ки вичерами, вељам. Несакам, риче. Јадехми риби вааден, несакам. Дај малце млеко да пијам и малце лепче дај ми да топн`м.

Су лепче млекото гу јаде. Прискукна прагут. Дур да прискокни прагут да седни и хајде деуто си умре. Тиди, умре.

Идинајсит гудини лижа деуто за бугарин. М`ки мачихми, бре душо, м`ки мачихми на селто. М`ки, м`ки, м`ки, крај немат. Бигачки, дома да лежми хич. Са тука, там. Да не си виат (клетва) ни грцити, ни бугарјто, ни германцити. Германцити ако не доеа, мож да не бихми така. Арно ма дујдеа германцити. Си измачихми, бигахми с`та тајфа туа. Женцка тајфа там к`д (каде) ке а устајми на селто да? К`д ке а устајми. Дујдеха исљумиата (гр. астономија, полиција) ноќта - фиљан мома да ми а даш, идин веле.

-Нема, нема, не са туа. Бигани са. Шо, шо ке т`даат мома!

Ногу м`ки, ногу гладуси трпехми. Трева јадехми ву селто. Германците сѐ дигнаха. Ни брашно уставиха, ни лат уставиха. Ништо не уставиха, ни риба, ни ништо. Шо имаши бугати чувеци, су пари цели фудаи (одаи) имаха и трпаа за леп. Ка кинисали три деца, ја кату Митри, фодат п`тут да фатат за Кукуш, да уттам ке најат малце брашно. Имаши идна вудиница там. Фоат там, седнуват. Ка фоат да и видат - и трити умрени уд глат. Ногу м`ки мачили сми, душо.“

Раскажано во 1980, од Ѓурѓа Груткова, на 92 години од Градобор, солунско.
Иначе сакум да укажум дека воа расказ е ного добар и оригинален пример за солунскиут дијалект. Непувлијаан уд чужди дијалекти и јазици туку оригинал. Само да питум, има ли повиќе раскази уд ваа бабичка и дек можум да ги најдум ак ги има?

Превудут на воа расказ за тиа шо имат тешкутии да гу разберат:

"Годините се многу, - деведесет и две - три години имам. Десет имам родено. Шест моми имам овде и едно дете. Детето најмало беше. Дедото си умре. Дојде од меаната и си умре. Рече: дај ми да јадам, да пијам. Ќе вечераме, велам? Не сакам рече. Јадевме риба денес, не сакам. Дај малку млеко да се напијам и малку лебче дај ми да топнам.

Со лебче млекото го јаде. Го прескокна прагот. Дури да го прескокне прагот, да седне и ајде, дедото си умре. Отиде, умре.

Единаесет години лежеше дедото за Бугарин(се мисли на затвор, лежел затвор). Маки мачевме бре душо, маки мачевме во селото. Маки, маки, маки, крај немаат. Се бегајќи, дома воопшто не седевме. Се тука, таму. Да не видат аир ни Грците, ни Бугарите, ни Германците. Германците да не дојдоа можеби немаше да бидеме вака. Арно ама дојдоа Германците. Се измачивме, побегнавме цел род овде. Женскиот род таму во селото каде ќе го оставиме? Каде ќе го оставиме? Дојде полицијата ноќта - една мома да ми дадеш, еден вели.

Нема, нема, не се тука. Побегнаа. Зошто, зошто да ти дадат мома?

Многу маки, многу глад трпевме. Трева јадевме во селото. Германците се дигнаа. Ни брашно оставија, ни стомна оставија. Ништо не оставија, ни риба, ни ништо. Што имаше богати луѓе, со пари цели одаи имаа и трпееа за леб. Кога тргнале три деца, еве како Митре, одат да го фатат патот за Кукуш, за да најдат малку брашно одтаму. Имаше една воденица таму. Одат таму, седнуваат. Кога одат да ги видат - и трите умрени од глад. Многу маки сме мачеле душо".
 
Последно уредено:
Член од
10 декември 2019
Мислења
77
Поени од реакции
219
Само да питум, има ли повиќе раскази уд ваа бабичка и дек можум да ги најдум ак ги има?
Расказот е последниот од збирката раскази собрани од Благој и Екатерина Шклифови.
Збирката е насловена „Бугарски дијалектни текстови од Егејска Македонија“ печатена во Софија 2003.

Дедото убил Бугарин и лежел десет години затвор за тоа (со самото спомнување на националноста на убиениот, прави дистинкција од националноста на мажот ѝ), бабата колне ни Бугари, ни Грци, ни Германци да се видат (ги става во иста група), ама книгата е насловена „бугарски текстови“. Иронијата на бугарскиот пропагандистички ум.
Автоматски споено мислење:

Од наши автори:

Дијалектите на македонскиоот јазик
том 1,2,3
Божидар Видоески

Лингвистички атлас на македонските дијалекти
издавачки центар „Божидар Видоески“ МАНУ

Интерактивна карта на македонските дијалекти
(аудио записи и текстови)

Дигитални ресурси на македонските дијалекти
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom