Соларни колектори за топла вода за домашна употреба

Член од
24 септември 2016
Мислења
497
Поени од реакции
679
Си зимаш 150литарски, кинески, за 200еур.
Го користам 5год, пријател мој веќе 10год.
Нормален болјер немам уклучено од кога го имам овој, 2 месеца макс у зимо само го догревам
Нема нешто подобро за парите ...
Moze sovet ili link od kade u MK?
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Moze sovet ili link od kade u MK?
Сите се исти
Конкретно мојот е од Џајо од Струмица, ми испадна на ФБ на реклама. (https://www.facebook.com/pages/category/Discount-Store/Diskont-Dzajo-475523455953626/) еве го сега го барав

Догревањето е исто брзо, струја потрошувачка НУЛА, зимно време статистичка грешка.
И во најладното време, минус температура, ако нема магла или облаци, се гледа сонцето, имаш мин 20 степена, и догреваш до 40-50
Што не е исто да загреваш од Нула и сл ..
Никогаш го немам испразнето (зимно време нема проблем)
Летно време нон стоп е 90-99 степена, и не зимајте 300+ литри, со 150-200 имаш подобра оптимизација на полнење / загревање

пак ќе речам сите се исти (кинеските) само со различна налепница, не правам некоја реклама за овој и сл.

Само треба да имаш минимум 2.5+ метри висина од местото каде ќе го употребуваш (од купатилото) за да има притисок подобар (освен ако не ставиш дополнителна пумпа)
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.401
Никогаш го немам испразнето (зимно време нема проблем)
Си ставил мерач за потрошувачка на електрична енергија за да видиш во зима каква е потрошувачката?
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Си ставил мерач за потрошувачка на електрична енергија за да видиш во зима каква е потрошувачката?
За пола саат 1KW греач догрева од 20 до 40
треба ли да размислувам дека троши повеќе од нормален болјер кој треба да загрее од нула до 40 на пример?
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.401
За пола саат 1KW греач догрева од 20 до 40
треба ли да размислувам дека троши повеќе од нормален болјер кој треба да загрее од нула до 40 на пример?
Сум видел каква изолација имаат, навечер и кога нема сонце мора да троши струја, не само за употреба туку и за да не замрзне.

Дури и со тоа сигурно годишната пресметка е во плус (во однос на обичен бојлер) но ете чисто ме интересира месечната потрошувачка на бојлерот во зима наспроти лето, посебно ако резервоарот е сместен надвор (како кај повеќето).
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Сум видел каква изолација имаат, навечер и кога нема сонце мора да троши струја, не само за употреба туку и за да не замрзне.

Дури и со тоа сигурно годишната пресметка е во плус (во однос на обичен бојлер) но ете чисто ме интересира месечната потрошувачка на бојлерот во зима наспроти лето, посебно ако резервоарот е сместен надвор (како кај повеќето).
Никогаш не замрзнал, струја троши само кога догреваш. Незнам што не ти е јасно.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.401
Се ми е јасно.

Се разбира дека струја троши само кога догреваш.
Но колку троши за да догрева за да не замрзне. Пошто догрева. За да не замрзне. Инаку ќе... Ќе замрзне. Во зима се минусни температури навечер, дури и во најблагите зими. Надвор е резервоарот, изолацијата е пар сантиметри.

Не се надитрувам ниту не велам дека и ваквите бојлери не се исплатливи (на годишно ниво пресметано). Само помислив да не имаш мерено потрошувачка, во зима, пошто ме интересира. Немаш и ОК тоа е тоа.
 
Не замрзнал досега. Не го догревам за да не замрзне навечер. Претпоставувам дека температурата која ќе ја направи преку ден, и ако сум го догреал за употреба е доволна за да не замрзне. Знае да падне навечер и на Нула, не покажува минус, но со појава на сонцето пак се загрева.
 
Член од
6 април 2014
Мислења
132
Поени од реакции
164

Не замрзнува надвор. Ми се деси пред некоја година да замрзне цевката од соларот до чешма, но самиот бојлер не замрзнува и исто така не троши струја за да не замрзне. По мене едина мана е што има многу бигор бидејќи крева голема температура, но не е нешто страшно. Овие денови бојлерот е скоро 99 степени па преку цевче исфрла малку вода. Како и да е е топ работа.

Sent from my SM-A105FN using Tapatalk
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
1.959
Поени од реакции
1.234
Соларните болери се вистинска инвестиција за секое домаќинство, јас би ви препорачал да земете соларно под притисок со тоа што ќе немате проблем за притисокот на водата и регулацијата на температурата (топла+ладна вода) ова кај соларните кои работат по слободен пат на водата доаѓа до проблем во регулацијата на температурата (еден момент е ладно, веќе наредниот е жешко додега да ја наштимаш идеалната температура). Кај соларните кои не се под притисок има опција да се стави пумпа за да го добијат потребниот притисок, но во зимно време се јавува проблем на замрзнување на пумпата при што доаѓа до поплави на крововите каде што најчесто ги монтираат. Можеби се поскапи соларните под притисок, но се исплаќаат во секој случај. Мој совет соберете плус пари и купете под притисок.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.401
Не замрзнал досега. Не го догревам за да не замрзне навечер. Претпоставувам дека температурата која ќе ја направи преку ден, и ако сум го догреал за употреба е доволна за да не замрзне. Знае да падне навечер и на Нула, не покажува минус, но со појава на сонцето пак се загрева.
Можеби има некаква електроника која без твоја интервенција одржува температура над ~5с на вода?
Во спротивно не може да не се погоди некоја зима да нема ниски температури и преку денот, без сонце... И сето тоа и по неколку денови. Тие пар сантиметри изолација не може да спречат да замрзне водата, освен ако активно не се догрева.

и исто така не троши струја за да не замрзне.
Сигурен си за ова?
Знаеш за сигурно, или само претпоставуваш?

Озбилно прашувам, ако немаш поставено мерач за потрошувачка од каде знаеш дали нема некакво догревање за да не замрзне водата на подолги периоди со минусни температури.
 
Затоа што има еден грејач и се уклучува само кога ти сакаш мануелно или на одреден временски период.
 
Претпоставувам, не знам за сигурно. Кога беше пред некоја година -20 ми замрзна само цевката од бојлерот кон дома. Дисплејот за температура во бојлерот секогаш зимно време е во плус.

Sent from my SM-A105FN using Tapatalk
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Претпоставувам, не знам за сигурно. Кога беше пред некоја година -20 ми замрзна само цевката од бојлерот кон дома. Дисплејот за температура во бојлерот секогаш зимно време е во плус.

Sent from my SM-A105FN using Tapatalk
Секогаш е во плус или нула (минус не покажува, нема можност)
Зимно време ако преку ден качи 20-30 степена (некогаш и повеќе ако има сонце, зраци, иако е минус надворешната температура)
Навечер се намалува и паѓа до 2-5-7 па и нула, но никогаш не замрзнал за да не функционира.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.401
Затоа што има еден грејач и се уклучува само кога ти сакаш мануелно или на одреден временски период.
ОК, значи нема електроника. Оставено е на тебе да си пазиш.
Автоматски споено мислење:

Претпоставувам, не знам за сигурно. Кога беше пред некоја година -20 ми замрзна само цевката од бојлерот кон дома. Дисплејот за температура во бојлерот секогаш зимно време е во плус.
Тоа може голема беља да направи некогаш, да испука цевка и...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom