Соларни колектори за топла вода за домашна употреба

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.659
Поени од реакции
6.525
Гледам нема тема (ако грешам нека изгорам :D) па реков ај да отворам и да прашам. На мисла сме дома во станов да си наместиме соларен колектор за топла вода. Може да се постави на балкон, пошто сме на 5-ти спрат, а позицијата е идеална, цел божји ден е сонце. Сакам да слушнам мислења и пред се искуства од луѓе што имаат вакви колектори, каков тип имаат, колку го платиле, колку е заштедата и сл..?
 
Член од
16 септември 2013
Мислења
687
Поени од реакции
514
Одлична работа е. Моите гледале квалитетни соларни колектори околу 60,000 денари, нешто погоре, подолу. Имаш и колектори до 30,000 ама тие се кинески и немаат гаранција долго.
 
Ф

Флеш

Гостин
Гледам нема тема (ако грешам нека изгорам :D) па реков ај да отворам и да прашам. На мисла сме дома во станов да си наместиме соларен колектор за топла вода. Може да се постави на балкон, пошто сме на 5-ти спрат, а позицијата е идеална, цел божји ден е сонце. Сакам да слушнам мислења и пред се искуства од луѓе што имаат вакви колектори, каков тип имаат, колку го платиле, колку е заштедата и сл..?
Супер е , немај гајле , лупај пари и земи и стави без мислење .... ако има сега акција од Владава за субвенции за колекториве , чувај си документација и ако си ксметлија , ќе бидеш меѓу првите кои ќе си доби рефунд ( неам збор за македонски) ..... Многу важно е шо материјал и издржливост на температура шо може да издржат цевките .... тука е најкритичниот дел од целата работа .... позади комшијата еден,вгради еден панел ...... напред мојот комшија дури 2 вгради во една куќа .... луд си е ,ама паметно игра ... за 2 години му се враќа штедење .... :)
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.659
Поени од реакции
6.525
Од Еуротерм јас гледав....ваљда се добри тие?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
Колекторот е наменет за добивање на санитарна топла вода и врз основа на тоа се прави пресметката колкава инвестиција е оправдана.
За загревање на еден бојлер од 80 литри на температура од 60 степени потребни се околу 5 KWh. Денес струјата чини 6,37 денари за еден KWh ( скапа тарифа за домаќинства ). Што значи загревање на еден бојлер чини 5 * 6,37 = 31,85 денари. Зависи колку души сте дома и колку пати дневно имате потреба да го затоплите бојлерот. На пример ако два пати дневно го затоплувате и сметајќи дека сезона во која ќе го користите сончевиот колектор трае 150 дена ( од средината на април до средината на септември ), за една година ќе заштедите 2 пати * 31,85 денари * 150 дена = 9555 денари или 150 - 160 евра.
Практично тоа се парите кои вреди да ги потрошиш за колектор
Врвна технологија за колектори за затоплување на топла вода има НР Кина. Таа и најголем произведувач и најголем потрошувач на колектори. Цената на колекторите, комплет, во Кина е од 60 долари па нагоре. Но кај нас истите колектори доаѓаат многу поскапи. Не се исплати за колектор да се потрошат повеќе од 200 - максимум 300 евра.
Затоа најдобро е сам да си направиш колектор. Погледни на Јутуб има илјадници видеа како сам да си направиш колектор.
 
Па мислам дека и сегашниов бојлер ни е 80 литри ама на струја, класик...а сега летово ќе се користи секој ден обавезно. Инаку 4-ца сме дома.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.062
Поени од реакции
11.411
Инаку 4-ца сме дома.
Обавезно да си ставиш, инвестицијата се враќа 3-5 години.
Моите ставија 180 литарски за 20 и кусур илјади, со се монтажа и пропратни елементи ги фати 30.000.
Лани цела пролет, лето и есен имаа топла вода 80-99 степени, дури и зимава им се погоди поголемиот дел беше со 40-60 степени.
Заштедата е 100-150 евра годишно, а како што ќе поскапува струјата може и повеќе да биде.

Штета што живеам во стан, па нема услови за монтажа, до сега сто пати ќе нарачав и за кај мене.
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.618
На Јутуб отчукав self made solar heater, појавија 433 000 видеа -
погледни
http://www.youtube.com/results?search_query=self made solar heater&sm=3
Абе да беше така,сите се ќе правеа сами...не знае секој,односно ретки се тие што знаат,и имаат можност да направат нешто вакво..никогаш нема да можеш да го направиш толку квалитетно како некој што вложил милиони евра во фабрика,вработил луѓе со висок кадар.За било што,не само за ова.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
Абе да беше така,сите се ќе правеа сами...не знае секој,односно ретки се тие што знаат,и имаат можност да направат нешто вакво..никогаш нема да можеш да го направиш толку квалитетно како некој што вложил милиони евра во фабрика,вработил луѓе со висок кадар.За било што,не само за ова.
Наполно си во право.
Но подобро е сам да направиш нешто, отколку да немаш ништо.
Ако најдеш и купиш казан од стар бојлер за 500 денари, го обоиш со црна боја - ќе имаш колектор и во јуни, јули и август ќе го користиш и ќе се бањаш.
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.618
Наполно си во право.
Но подобро е сам да направиш нешто, отколку да немаш ништо.
Ако најдеш и купиш казан од стар бојлер за 500 денари, го обоиш со црна боја - ќе имаш колектор и во јуни, јули и август ќе го користиш и ќе се бањаш.
Абе не се заебавај сега и ти :D кај живееш,21 век сме...ОК,ако немаш стварно,ако живееш у шупичка,па да правиш такви експерименти...ама ако имаш пари,кој што не се којзнае колкава сума,не купуваш стан или вила,зошто да се мачиш,да трошиш време,нерви,пари ? Сиромашниот два пати плаќа,не за џабе рекле старите :)
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.342
Не можам да кажам колку точно ме фати тоа чудо, бидејќи кога ставав водовод, канализација, парно го ставав и него, исти мајстори се ми работеа, ама врши работа. Голема работа.
Имам бојлер од 240 литри.
Го направија да не грее на повеќе од 80 степени, летото е нон стоп околу 80... зимата со парното грее, стига докај 70, и во исклучителни периоди на струја (кога нема сонце, а не е парното вклучено, многу малку денови во годината) на струја одржува температура од 50 степени.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.288
Поени од реакции
4.664
Ти чим си во стан треба да си купиш затворен систем, Кој епоскап од отворениот.
Отворениот мора да биде на повисоко ниво од просториите каде се употребува, затоа што се употребува птиродниот пат.
Ние монтиравме сами отворен систем 80 литарски, 13000 не кошташе, сами го монтиравме, но уште не можеме да го употребиме максимално, изгледа треба да направиме некоја комбинација со електро магн. вентили за да се исклучи елек. бојлер за да се отвори неоивратниот вентил.
 
upload_2014-4-1_9-50-11.png

Браво ...
Еве шема за поврзување на твојот колектор.
Те молам за мене и останатите членови да дадеш податоци каде си го набавил колекторот и податоци за него
Инаку отворен термосифонски систем може да се користи и кога колекторот не е на покрив, туку е пониско од станот, на пример во двор, само што тогаш треба да се постави и пумпа која чини плус две, три илјади денари
 
Последно уредено:
Член од
25 март 2012
Мислења
8.288
Поени од реакции
4.664
Прегледај го приврзокот 88355

Браво ...
Еве шема за поврзување на твојот колектор.
Те молам за мене и останатите членови да дадеш податоци каде си го набавил колекторот и податоци за него
Инаку отворен термосифонски систем може да се користи и кога колекторот не е на покрив, туку е пониско од станот, на пример во двор, само што тогаш треба да се постави и пумпа која чини плус две, три илјади денари
Во Алфи техноцентар, се наоѓа во Куманово.
Да со пумпа ама кога и колку ќе работи пумпата?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom