Соларни колектори за топла вода за домашна употреба

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во Алфи техноцентар, се наоѓа во Куманово.
Да со пумпа ама кога и колку ќе работи пумпата?
Кога ќе сакаш да се бањаш ќе ја вклучиш пумпата.
Може и да се стави автоматика - но зошто да комплицираме. Се бањаме еднаш дневно и не е тешко еднаш дневно да вклучиш пумпа и исклучиш пумпа со притискање прекинувач
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.698
Поени од реакции
6.619
Доста мислења на темава, тоа ме радува. Ајде уште сакам да читам. Гледам на 2 спрат во соседната зграда имаат на балкон ваков термосифонски систем. Е сега дали имаат и пумпа за да ја тера водата пошто е на исто ниво со бојлерот, можда и за нијанса пониско, не знам.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.299
Поени од реакции
4.681
Кога ќе сакаш да се бањаш ќе ја вклучиш пумпата.
Може и да се стави автоматика - но зошто да комплицираме. Се бањаме еднаш дневно и не е тешко еднаш дневно да вклучиш пумпа и исклучиш пумпа со притискање прекинувач
Но како да ја исклучиш водата од бојлерот?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Но како да ја исклучиш водата од бојлерот?
Нема потреба да ја исклучиш водата од постојниот бојлер.
Бојлерот од колекторот се приклучува само со едно црево на излезната цевка за топла вода од домашниот бојлер. Летно време домашниот бојлер не го користиш. Ако имаш потреба да за затоплуваш водата на струја во бојлерот на колекторот има електричен грејач и тогаш тој го користиш.
Еве еден едноставен начин на поврзување.
На излезната цевка за топла вода ставаш еден топчест вентил и еден Т - приклучок.
На Т - приклучокот имаш сега два слободнин излези
На едниот излез се продолжува кон батеријата над кадата а на другиот излез се става уште еден топчест вентил и со црево го поврзуваш бојлерот од колекторот.
Летно време имаш два режими
Ако го полниш бојлерот на колекторот двата вентили се отворени и водата која најнапред поминува низ домашниот бојлер го полни бојлерот над колекторот
А ако се тушираш, го затвораш вентилот непосредно до бојерот и топлата вода од сончевиот колектор доаѓа до батеријата низ истото црево
Зимно време, го затвораш вентилот на цревото и го користиш само бојлерот во купатилот. Цревото го демонтираш и празниш
Инаку, ако е потребна пумпа тоа ништо не менува.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.299
Поени од реакции
4.681
Сите колектрои што ги погледнав се со два излези, за топла и ладна вода.

Во твојот случај не знам како континуирано ќе се полни бојлерот кај колекторот.
Untitled.jpg [DOUBLEPOST=1396369619][/DOUBLEPOST]Пред неодмана правевме реконструкција на внатрешноста и ставивме нова водоводна инсталација, и од најгорната бања од батеријата на кадата продолживме до таван со два цевки, топлата и ладната, моментално кај тие цевки сум го поврзал колекторот. А домашниот болјер се наоѓа во сутерен.
Изгледа најдобор за мене е да го најдам вентилот за толпа вода за најгорната бања за да доаѓа топлата вода од колекторот.
awdaw.jpg

Не знам дали доволно е јасно, не сум сигурен дали ќе функсионира. И доста сум скептичен дали ќе функсионира секј ден и летоска да е. Па и проблематично е програмирањето, затоа што цело време мануелно треба да се дополни со вода, колку што забележив не е автоматски.
Дали си информиран во зимно време дали постои ризик за пуцање на стаклените цевки?
 
Последно уредено:

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
За зимата, колку што знам, има во цевките (или незнам каде, не сум стручњак за ова, само гледав како местат) нешто како антифриз.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.299
Поени од реакции
4.681
За зимата, колку што знам, има во цевките (или незнам каде, не сум стручњак за ова, само гледав како местат) нешто како антифриз.
Антифриз има кај затворените системи, овие отворениве се со вода
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Антифриз има кај затворените системи, овие отворениве се со вода
Се извинувам за мојата неинформираност :)
А, сега од муабетов дознав дека имам затворен систем.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.299
Поени од реакции
4.681
Се извинувам за мојата неинформираност :)
А, сега од муабетов дознав дека имам затворен систем.
И јас се информираф кога се интересирав што да ставам кај мене, се измамив заради цената и ставив отворен систем. На сите би им препочитал затворен систем но пак значително се поскапи.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
1. Сите колектрои што ги погледнав се со два излези, за топла и ладна вода.
2. Во твојот случај не знам како континуирано ќе се полни бојлерот кај колекторот.
3. Дали си информиран во зимно време дали постои ризик за пуцање на стаклените цевки?
4. И јас се информираф кога се интересирав што да ставам кај мене, се измамив заради цената и ставив отворен систем. 5.На сите би им препочитал затворен систем но пак значително се поскапи.
1. Не е исто бојлер на термосифонски колектор и обичен бојлер во купатило. Бојлерот над колекторот не е предвиден да издржи притисок. Тој е изработен од тенок лим и ако го приклушиш под притисок тој едноставно ќе прсне.
Отвотвори имаш горе и доле. Ако доведеш две цевки можеш горната цевка ја користиш за полнење со ладна вода со тоа да оставиш и прелив а долната за празнење со топла, но не мора. Ако користиш една цевка до колекторот која служи и за полнење и за празнење тогаш таа се приклучува доле. А горниот отвор е прелив.
2. Кај сончевите бојлери нема „ континуирано полнење “. Бојлерот ќе го наполниш, ќе почекаш да се загрее, ќе се избањаш односно ќе го испразниш и потоа повторно ќе го наполниш
3, Не постои ризик од пукање на цевките зимно време. Цевките се стаклени вакум цевки ( како кај термос ) и нема опасност од пукање. Дури и да остане вода таа е како во термос и не замрзнува
4, не си згрежил што си ставил отворен систем. Напротив си направил многу паметна работа. Се работи за трајни, ефикасни и едноставни системи. Грешат тие кои трошат по илјада или две илјади евра за затворен систем кој е комплициран и многу по осетлив на дефекти. Рачунај колку бо те чинело само замена на едно стакло на рамен колектор
5 Препораката за затворен систем не ти е на место. И таму има неколку под видови но сите се далеку поосетливи на дефекти и помалку ефикасни. Стаклените вакум цевки се нарекуваат четврта генерација ( најнова ) колектори. Ти си купил модерен производ.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.698
Поени од реакции
6.619
Јас па денеска има двајца луѓе (од две различни фирми) кои ми сугерираа дека затворените со селективни колектори се то то...едниот ми процени на околу 60 000 ден другиот на 50-52 000 нешто што веројатно ќе ме оддалечи од желбата, барем за оваа година. Овие евтините со цевки биле вакви, такви....
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Јас па денеска има двајца луѓе (од две различни фирми) кои ми сугерираа дека затворените со селективни колектори се то то...едниот ми процени на околу 60 000 ден другиот на 50-52 000 нешто што веројатно ќе ме оддалечи од желбата, барем за оваа година. Овие евтините со цевки биле вакви, такви....
Зошто им веруваш? Тие продаваат технологија од пред 50 години
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Ти шо би предложил? Сакам и конкретно примери и фирми да ми посочиш.
Предлог - термосифонски колектор, без притисок со стаклени вакум цевки каков што земал @puno
Тој постираше една адреса од Куманово каде што купил ваков колектор зе 13 илјади
Јас пред две години се интересирав. Потоа се зафатив со криминалците од Топлификација така да не сум барал.
Тогаш цените беа 250 евра и повеќе. Но цената паѓа
Цената на вакви колектори во Кина не е ни 100 долари, но нема понуда кај нас. Тие колектори се испорачуваат во делови пакувани во кутии со големина на фрижидер. За жал големите увозници на бела техника од Кина не увезуваат и сеуште владеат препродавачите.
Гледај да земеш што поефтино, бидејќи и @puno прескапо го платил
Те молам да не известиш што си нашол
 
Член од
19 април 2014
Мислења
2
Поени од реакции
1
solarni paneli ima dva tipa zatoren i otvoren sistemili temosifonski, od koj istiot ima pa 2 tipa na kvalitet
kineski koi se so cena daleku poeftini i koj istite ne podnesuvaat pritisok i termosifonski koj izdrzuvaat pritisok so raspon do 6-10 bara.
za ovie prvite ili kineskive ne bi se zaletal mnogu posto cena i kvalitet nema nigde u svet .
kako prvo kineskite razvivaat mnooogu visoka temperatura na vodata odi do 90 stepi ,a taa temperatura na sanitarna instalacija odnosno slavina, ek ventili ,pancir creva popara gi pravi.kako vtoro rabotat po pat na gravitacija odnosno vodata paga slobodno do potrosuvacite, e sega cenata si igra i uloga tuka .
od termosifonskite ili otvoren sistem sprema cena kvalitet tuka vi se nasite od prilep euroterm koj se daleku pokvalitetni od kineskite i koj rabota pod pritisok, ima dr proizvoditeli od mk prifatlivi co cena .
posto panelite gi rabotam povece od 10 godini najdobro e zatvoren sistem so antifriz koj daleku e podobar od kineskite i daleku povece mu e rokot na upotreba 20-25 godinii koja investicija se vraca za 5do7 godini,
a deka istite cesto se rasipuvale ne e toooocno.znaci ova go pisuvam od licno iskustvo koe ima montirano
solarni paneli koj isto taka uste gi montira od site vodovi.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom