Сода бикарбона или натриум хидрогенкарбонат, треба да се користи многу внимателно.
Многу луѓе кои имаат проблеми со гастритис, зголемено лачење на киселина во желудникот често ги гледам како пијат и нон-стоп се расправам со нив.
Оваа супстанца ќе ја неутрализира моментално киселината во желудникот но нема да го реши проблемот долготрајно, натриум хидрогенкарбонат во воден раствор дава pH вредност над 7 (значи базно), со конзумирање на натриум хидроген карбонат се неутрализира киселината во желудникот, но организмот повторно ќе ја воспостави рамнотежата и повторно ќе лачи киселина, проблемот не е решен. Значи повторно ќе треба да се внесе сода бикарбона.
Затоа постојат лекови, специјално дизајнирани кои го контролираат лачењето на желудочната киселина ова го имам слушнато од моите по дома, секогаш се лечи причината за настанокот на некој проблем, а не последицата.
Сода бикарбона од друга страна е многу ефикасна при конзумација на увин чај, многу од луѓето го пијат така, но тоа не е исправно, за да делуваат состојките од чајот потребно е да се пуферира мокраќата со pH поголема од 7, за да може да делува на бактериите. Но и тука не треба да се претерува, увин чај не се пие подолго од недела дена заедно со секоја шолја по половина лажиче сода бикарбона.
За дејството на врз канцерозните ткива, прв пат прочитав, некако не ми се верува, сешто може да се најде по интернет.
На крај, секоја хемикалија кога се внесува со организмот, било да е витамин, лек, сол па и обична и на изглед безопасна сода бикарбона, треба да се внимава. Секоја хемикалија е опасна, само дозата е различна.