Сода-бикарбона природен лек против ракот

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.804
Тој систем најчесто од разни причини меѓу кои и исхраната, се пореметува па така се јавува ацидитет односно Пх пониско од 7. Одамна постирав за храна која го пореметува Пх балансот (кој беше нормално мислам некаде малку над 7)
Брат ти да не си читал за ПХ баланс кај зомби ??
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.804
неутрален пх баланс е 7, не те сфаќам
Грешка,јас се префрлив на муабетот од првата страна со пх-то на половите органи(поврзано со кандидата дека нели била предизвикувач на малигни заболувања).
 
Член од
28 март 2006
Мислења
16.860
Поени од реакции
10.223
Брат ти да не си читал за ПХ баланс кај зомби ??
не кај зомби, скраја да е :)
не сум учел биохемиски или не знам какви процеси кај човекот и животните па затоа и не знам да објаснам што точно се случува, но ако истражувачи го потврдуваат овој податок за значењето на пх вредноста во организмот, сигурно зависи здравјето и од такво нешто. Линкови, кого не го мрзи да чита :)
http://www.ehow.com/how_4824973_improve-ph-levels-human-body.html
Acid-base Regulation
Acid-base Disorders
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
4.009
Поени од реакции
3.135
Не сакам да спорам со некоj што не е компетентен за медицина, али pH=7 на човечка крв е речиси смрт и малку се шансите да преживее.

Нормално pH e 7,40 плус минус 0,05!
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.624
Поени од реакции
38.510
Еве ајде да не речеш после мрчиме без основа.

Значи чоекот вели дека кај жената кандидата е причина за ракот и треба сода бикарбона да си става на вагината.
Имаше пред една година истражување (вртеше по фб) кај жените во Македонија кое средство го користат како контрацепција, над 60% одговориле сода бикарбона. Значи освен рак, спречува и бременост. После секс се одмивале.
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
4.009
Поени од реакции
3.135
Имаше пред една година истражување (вртеше по фб) кај жените во Македонија кое средство го користат како контрацепција, над 60% одговориле сода бикарбона. Значи освен рак, спречува и бременост. После секс се одмивале.
Заборави да jа спомнеш кока колата и универзалното лекарство ракиjа :icon_mrgr: :facepalm:

Од бременост се штителе со ракија, сода бикарбона и со „кока-кола“

Младите ретко посетуваат гинеколог и не се информирани за контрацептивните методи

Ракија, сода бикарбона и „кока-кола“ погрешно употребувале студенти од Скопје за да се заштитат од несакана бременост. Младите се недоволно информирани за контрацепцијата, покажуваат студии направени од професионални медицински организации. Официјалните податоци покажуваат дека на 1.000 бремени жени во земјава, 40 се тинејџерки.

- Ние бевме вчудовидени кога на трибини кажуваа дека од бременост се штителе кога по односот девојките употребувале „кока-кола“, или ракија или, пак, сода бикарбона. Дотогаш верувавме дека се работи само за митови. Затоа младите мора да се едуцираат. Студиите покажуваат дека најмалку несакани бремености меѓу адолесцентите има кај оние што поминале некаков облик на сексуална едукација во основните или средните училишта - вели д-р Татјана Гуржанова.

Автор: Н.Б

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=9309100199&id=9&prilog=0&setIzdanie=21800
 
К

Кнез Мишкин

Гостин
Сода бикарбона или натриум хидрогенкарбонат, треба да се користи многу внимателно.
Многу луѓе кои имаат проблеми со гастритис, зголемено лачење на киселина во желудникот често ги гледам како пијат и нон-стоп се расправам со нив.
Оваа супстанца ќе ја неутрализира моментално киселината во желудникот но нема да го реши проблемот долготрајно, натриум хидрогенкарбонат во воден раствор дава pH вредност над 7 (значи базно), со конзумирање на натриум хидроген карбонат се неутрализира киселината во желудникот, но организмот повторно ќе ја воспостави рамнотежата и повторно ќе лачи киселина, проблемот не е решен. Значи повторно ќе треба да се внесе сода бикарбона.
Затоа постојат лекови, специјално дизајнирани кои го контролираат лачењето на желудочната киселина ова го имам слушнато од моите по дома, секогаш се лечи причината за настанокот на некој проблем, а не последицата.

Сода бикарбона од друга страна е многу ефикасна при конзумација на увин чај, многу од луѓето го пијат така, но тоа не е исправно, за да делуваат состојките од чајот потребно е да се пуферира мокраќата со pH поголема од 7, за да може да делува на бактериите. Но и тука не треба да се претерува, увин чај не се пие подолго од недела дена заедно со секоја шолја по половина лажиче сода бикарбона.

За дејството на врз канцерозните ткива, прв пат прочитав, некако не ми се верува, сешто може да се најде по интернет.

На крај, секоја хемикалија кога се внесува со организмот, било да е витамин, лек, сол па и обична и на изглед безопасна сода бикарбона, треба да се внимава. Секоја хемикалија е опасна, само дозата е различна. :)
 
Член од
1 декември 2011
Мислења
2.572
Поени од реакции
3.052
Од кога излезе статија на нет, мајка ми се ми лечи со сода.
Грло ме болеше, гаргара со сода. Нос ми тече, сода. Стомак ме боли, сода. Неверојатна е!
 
Член од
28 март 2006
Мислења
16.860
Поени од реакции
10.223
Сода за секоја прилика, сода за удрен прст, за расипан заб, депресија,... :)

Немојте баш ова да го применувате во секојдневна пракса..., она за што главно ја споменав содата е користење кога се работи за терминални болести каде било какви алтернативи и легални лекарства повеќе не помагаат или не можат да се применат, скраја да е. Во обични околности самиот организам (треба да) воспоставува рамнотежа во желудникот и во телото, а исхраната му помага во тоа. Најдобро прашајте лекар.
 
V

Vollstandig

Гостин
Следно што ќе дојди, ракот не постои? Или, цигарите, природен лек против ракот. Луѓе даваат илјадници евра, али ете лекот 5 пари бил, што би рекол цепенков, сода бикарбона.
 
Член од
9 јануари 2018
Мислења
427
Поени од реакции
1.003
Voće i povrće prskano pesticidima je dobro potopiti u vodu u koju sipate sodabikarbonu.Neutralizuje pesticide.
 

Govinda

Божански Магарац
Член од
20 април 2014
Мислења
3.618
Поени од реакции
3.967
Човечкото тело си има сопствен систем на подржување на pH, дали мислиш дека ако пиеш сода бикарбона нешто ќе се смени со крвта а со тоа и со раковите клетки???
Не заебавај! :eek: А ние со нашиот неприроден начин на живеење , со преждеравање ич не го закиселуваме телото и ич не го нарувашуваме системот на телото и целата негова функционалност!
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
4.009
Поени од реакции
3.135
Не заебавај! :eek: А ние со нашиот неприроден начин на живеење , со преждеравање ич не го закиселуваме телото и ич не го нарувашуваме системот на телото и целата негова функционалност!
И да го закиселиш организмот си има механизам дс се врати пак у нормала, а иначе моеш да идеш и у другата крајност којашто ако не се компензира од механизмот е исто е исто така смртоносна како и закиселувањето. Моеш да си бираш.
 
На врв Bottom