Согорувачи на масти

Дискусија во форумот 'Фитнес, бодибилдинг и рекреација' започната од Stelicity, 6 август 2018.

  1. Stelicity

    Stelicity

    Член од:
    3 август 2018
    Мислења:
    2
    Допаѓања:
    1
    Кој е најдобриот согорувач на масти кај нас во мкд, по пожност да праќаат до дома, јас обично купувам производи од fitbody и ultimatenutrition и сакав да почнам и со согорувач на масти само не знам кој е најдобар (цената не е проблем)

    Ultimate Nutrition
    http://ultimatenutrition.mk/index.php?option=com_virtuemart&Itemid=168

    Fitbody
    http://fitbody.mk/product-category/topaci-na-masti/
     
  2. Кеплер

    Кеплер

    Член од:
    14 јануари 2015
    Мислења:
    4.518
    Допаѓања:
    5.461
    Ниту еден, среди ја исхраната за почеток.
     
    На Mr.Bear, S.L, Sasa Ilic и уште 5 други им се допаѓа ова.
  3. Ron Burgundy

    Ron Burgundy

    Член од:
    29 јуни 2014
    Мислења:
    7.118
    Допаѓања:
    7.640
    Не јади леб и житарки или намали ги на минимум, тоа ти е најдобар согорувач на сало, за месец-два ќе се стопиш.
     
    На Govinda му/ѝ се допаѓа ова.
  4. GavolRulz

    GavolRulz hippopotomonstrosesquipedaliophobia

    Член од:
    23 март 2008
    Мислења:
    10.543
    Допаѓања:
    6.180
    На Кеплер и Stelicity им се допаѓа ова.
  5. Govinda

    Govinda Lud, Zbunjen, Nenormalan

    Член од:
    20 април 2014
    Мислења:
    1.696
    Допаѓања:
    1.258
    Jas veke 4 dena postam. Ne jadam nisto osven lubenica i dinja i domasno ceden sok. Vagata veke kazuva 2-3 litra pomalce.
     
  6. Ilumious

    Ilumious Патник, педер, поет, администратор, масон

    Член од:
    29 јануари 2007
    Мислења:
    74.030
    Допаѓања:
    148.304
    Само продолжи така, се гледаме на ендокринологија за месец - два.
     
    На Gandradelic, Mich0MKD, Sasa Ilic и уште 6 други им се допаѓа ова.
  7. Forza Milan!!!

    Forza Milan!!!

    Член од:
    1 јуни 2011
    Мислења:
    19.187
    Допаѓања:
    28.697
    Кога ќе помине сезоната на лубеницата којзнае со што ќе пости. :icon_mrgr:

    Толку е тешко по природен пат и да се има посебен режим на исхрана?
     
  8. Ron Burgundy

    Ron Burgundy

    Член од:
    29 јуни 2014
    Мислења:
    7.118
    Допаѓања:
    7.640
    Што е ова со ендокринологија?
     
    На whatto му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ilumious

    Ilumious Патник, педер, поет, администратор, масон

    Член од:
    29 јануари 2007
    Мислења:
    74.030
    Допаѓања:
    148.304
    На лето е гужва пред гол од држење вакви чул, не дочул диети, прво таму ги праќаат хаха ослабел другаров деновиве, ќе ги видиме за месец два последиците од malnutrition, да беше тоа тајната сите на лубеница ќе бевме, што ќе трошевме пари за риба, млеко, месо, зеленчук, овошје. Како еден познаник мој само боровинки и остали такви работи кога јадеше, ослабна да ама за две недели цела кожа му испука од хипервитаминоза.
     
    На Mich0MKD, Sasa Ilic, Makaron и уште 5 други им се допаѓа ова.
  10. Ron Burgundy

    Ron Burgundy

    Член од:
    29 јуни 2014
    Мислења:
    7.118
    Допаѓања:
    7.640
    Па глупи луѓе тоа прават, а решението е наједноставно, да се намали внесот на јаглехидрати во телото на нормала односно колку трошиш толку и да внесуваш, плус повеќе јадење овошје и зеленчук и физичка активност. Само луѓево преку ноќ чекаат резултати, еден ден така и после пак товање со леб, тостови и хамбургери наредниот ден.
     
    Sasa Ilic, Dr. Wish, whatto и на уште 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Кеплер

    Кеплер

    Член од:
    14 јануари 2015
    Мислења:
    4.518
    Допаѓања:
    5.461
    Поголема мака со овие ваквите диети е што ќе го зезне метаболизмот, ако отидеш долго време со екстремно низок калориски внес телото ќе отиде во фаза на преживување и ќе се привикне да живее на помалку храна, после со години нема да успееш да го вратиш метаболизмот во нормала.

    Проверена работа од диетите ви се кето диета, интермитент фастинг, ротација на јаглехидрати...на сите мал калориски дефицит до 700ккал и немате мака, за неколку месеци ќе бидете супер.
    Зеленчук може да јадете во големи количини, а овошјето може да го прескокнете за време на цела диета, гликогенските резерви во скелетните мускули се надохнадуваат само со гликоза, фруктозата оди во црн дроб и ако не ја потрошите за енергија ќе ви ја спакува во сало, па ако не сте некој што прави екстремно експлозивни тренинзи не ви оди во прилог.

    Без разлика која диета да ја одберете, гледајте да ви се прилагодува на начинот на живот и да може да ја држите долг период, се што е екстремно ќе го баталите за неколку денови и ќе вратите повеќе од што сте стопиле.
     
    На martin01, Sasa Ilic, Makaron и уште 2 други им се допаѓа ова.
  12. S.L

    S.L ...

    Член од:
    1 јули 2013
    Мислења:
    554
    Допаѓања:
    266
    Абе како 700 калории дневно шо збориш? Треба да гладуе. Плус диета без тренинг е нишо, може да скине некое кило или масти, ама пак ќе си се врати после одреден период. Со тренинг се ствара навика за исхрана. Конзумирај доволно вода. Избегавај секаков вид на сокови и такви шеќери. Прости шеќери заборави го како поим, едноставно не ти треба си го унакажуваш организмот... му ствараш проблеми. Месо конзумирај 2 пати неделно 3 еве рецимо од кој едниот ќе биде риба. Готви го месото со минимално масло и тоа да биде одбрано. Јаткасти плодови, мешункасти, зеленчук, овојшје. Воведи во исхрана грашок, ченка, леќа, грав, боранија... имаш милијарда разни јадења шо можат да ти сменат се. Со мењавање на начино на исхрана го менуваш и живот. Плус напрај си план да имаш минимално 45 минутна активност на почеток. Тоа не мора да биде експлозивна, максимална или не знам каква. Лесен тренинг, нека биде брзо одење, трчкање со неколку одмори, пешачење по угорница... последново за топење масти ти е врв, ама со одредено темпо за да има некаков ефект.
     
  13. Кеплер

    Кеплер

    Член од:
    14 јануари 2015
    Мислења:
    4.518
    Допаѓања:
    5.461
    Не сме се разбрале, дефицит од 700ккал, или во превод од калориите за одржување на намали до 700ккал (пример ако Maintenance му е 2700ккал, за да топи треба да внесува помалку од таа бројка, најдобро од 2000-2000ккал).
    Гладување е најлош начин за да стопиш сало, има протоколи и за такво слабеење пример HCG протоколот, но тие се напредна варијанта каде што треба да имаш големо познавање на хормоните во човечкото тело, пример на HCG протоколот се внесуваат 500ккал дневно и се боцка човечки хорионски гонадотропин (генеричко прегнил) од 125-140 единици, но не би сакал да навлегувам во детали за нешто што не е дозволено од страна на ФДА.
    Исто не се согласувам дека кардио со низок интензитет е добра опција за слабеење, сум испробал различни типови на кардио, но мислам дека најдобра опција е HIIT, али како и да е, кардиото е само алатка.
     
    На S.L и Macedonian97 им се допаѓа ова.
  14. S.L

    S.L ...

    Член од:
    1 јули 2013
    Мислења:
    554
    Допаѓања:
    266
    Моја грешка се извинувам не сум прочатал добро. Во однос со дефицит од 700 до 1000 калории е сасвим добро и здраво за организмот( кинење на 1 кило на наделно ниво).
    Кардиото може да се комбинира. Кога се работи за почетници мора да биде тоа некое полесно за да створи некоја навика, да може организмот да се навикне. Затоа одењето по планински предел, водно или такви места е супер за кинење масти. Со одредено темпо може да се дојде до добар согорувач. Баш пробуваме со еден пријател и има добар ефект 9 кила скина во рокот од 2ипол месеци.
     

Сподели преку: