Совет: Бодибилдинг

Messanger

Аскер
Член од
15 октомври 2011
Мислења
380
Поени од реакции
344
Почнав со теретана пред 6 месеци, имам 60тина килограми, вежбам интензивно. Но, братучед ми ми даде мали сини апчиња во форма на срце, знам дека се нешто за сила, за маса не се разбирам, рече дека се јаки, но дека се ефикасни. Би сакал да пробам да ги земам со преполовена доза токму поради тоа што немам тежина и затоа што тие се јаки супстанци. Се хранам добро. Земам едно пред вежбање, половина апче пак ако не одам на теретана некој ден.

Ве молам за совет, пред да го уништам желудникот, сакам да дојдам до некоја добра, нормална за мене големина и да не претерувам со такви средства, а дури и да сакам немам пари. Така што, дали е во ред да ги земам? Станува збор за 150 апчиња.
 
Член од
9 август 2014
Мислења
423
Поени од реакции
993
Да сум твое место не би земал ,,сини апчиња" пред вежбање. Барем во Македонија сме сведоци колку средновечни чичиња сме изгубиле заради ,,сини апчиња." :свиркам:

Шала на страна, со стероиди нема играње.
 
Последно уредено:

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Ти дал орален стероид, Dianabol или скратено Dbol.

Како прво дискусија за стероиди на форумов е забранета и темава најверојатно ќе биде избришана или заклучена.
Како второ ако земаш Dianabol ќе треба да земаш дополнително и тестостерон зашто сите анаболични стероиди го намалуваат природното лачење на тестостеронот, што е многу нездраво.
Плус од ова ако не знаеш што правиш може да имаш и многу други несакани појави како акни, опаѓање на коса, кардиоваскуларни проблеми итн.. Желудникот ти е најмал проблем.

Така да или прво едуцирај се здраво и осигурај се дека стварно сакаш да влезеш во светот на стероидите и покрај сите ризици, несакани ефекти итн, или врати му ги апчињата на братучед ти и продолжи си да си вежбаш за здравје а не за изглед.
 
Член од
1 мај 2015
Мислења
477
Поени од реакции
657
Edno ne mi e jasno po prvo ke zboruvas so bilo koj odkolku so vrabotenite vo teretanata koi najdobro ke te upatat i ke ti kazat sto ti treba, a za filozofi sekade ke najdes.

Zemi nekoj preparat za masa dokolku sakas da dobies tezina.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.296
Поени од реакции
5.864
Како можеш да зимаш апче ако не знаеш што е... ? Човече утре некој фраер ке ти даде дрога и ке ти рече батка ова топ за мускулите само пробај... Читајте бе луѓе не е бонбонче. Единствено ако си 100% сигурен дека е ок тогаш треба да зимаш некаков додаток во исхраната.
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Јас имам праено муабет со многу искусен билдер 30+ години во теретана, ги има препорачано овие и уште едно друго средство како комбинација.
Ако сакаш распрашај се поубо и шибај.

Јас не сум по иглите, јбг.:D
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Неонинџа ти ги објасна накратко работиве како стојат, исто и јас ќе ти речам немој.
Сакаш да се попрајш, да се изградиш ко маж и да си го зачуваш здравјето?
1. Не пати од комплекси
2. ЈАДИИИ
3. Тренирај[DOUBLEPOST=1454451005][/DOUBLEPOST]
Јас имам праено муабет со многу искусен билдер 30+ години во теретана, ги има препорачано овие и уште едно друго средство како комбинација.
Ако сакаш распрашај се поубо и шибај.

Јас не сум по иглите, јбг.:D
После дан отворат теми во здравје, ми се појавија некој црвени плуски на телот, првиот ден беа малку, сега сум нафрлан по цело тело, помош шо ми е шо да прам?
 
Последно уредено:

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Неонинџа ти ги објасна накратко работиве како стојат, исто и јас ќе ти речам немој.
Сакаш да се попрајш, да се изградиш ко маж и да си го зачуваш здравјето?
1. Не пати од комплекси
2. ЈАДИИИ
3. Тренирај[DOUBLEPOST=1454451005][/DOUBLEPOST]
После дан отворат теми во здравје, ми се појавија некој црвени плуски на телот, првиот ден беа малку, сега сум нафрлан по цело тело, помош шо ми е шо да прам?
То е негова работа, сигурно имат ризик ако шибат игли кај шо нетребит, ама некои се ќе направат за да имаат јако тело за на фб, то е.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: M-1

Messanger

Аскер
Член од
15 октомври 2011
Мислења
380
Поени од реакции
344
Како можеш да зимаш апче ако не знаеш што е... ? Човече утре некој фраер ке ти даде дрога и ке ти рече батка ова топ за мускулите само пробај... Читајте бе луѓе не е бонбонче. Единствено ако си 100% сигурен дека е ок тогаш треба да зимаш некаков додаток во исхраната.
Братучед ми е роднина сигурно нема намера да ми наштети, просто јас се информирам повеќе од тоа што он го кажа.
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.610
Поени од реакции
11.154
Братучед ми е роднина сигурно нема намера да ми наштети, просто јас се информирам повеќе од тоа што он го кажа.
Немој да се налутиш, ама изгледа толку му сече и него. Нема намера да ти наштети, толку му е познавањето.

Јас реков порано и уште стојам на ова, ТЕМА ЗА СТЕРОИДИ треба да се отвори од член кој ги разбира овие работи и да биде или Read Only или да се поставуваат прашања, ама одговори да можат да даваат 2-3 члена исто кои имаат познавање од таа област, заедно со тој што ја отворил темата.
 
Член од
10 март 2014
Мислења
1.018
Поени од реакции
1.276
Оралнио стероид бил е и ќе биде непријател со желудникот јас само толку имам да кажам.
 
Член од
16 јули 2014
Мислења
842
Поени од реакции
573
Ајде сега малце кочи. Ако немаш килажа и ако сакаш да ставиш мускул НИКАКО НЕСМЕЕШ ДА ГИ ЗЕМАШ ТИЕ. Тоа ти е 100% стероид кој прави ЕНОРМНО ОГРОМНА ШТЕТА на телото. Тоа ти е како прво. Како второ без контра мерка ти ќе си се заебеш за цел живот. Додека и со контрамерка ќе заебеш организам но без неа сега ќе ти ги пишам нус ефектите.

БЕЗ КОНТРАМЕРКА :
- 90% има шанса да останеш стерилен и да немаш деца понатака во животот.
- 50% има шанса да ти удри на коса-ќелавост или на заби-да ти се расипат сите за година дена.
-100% ќе го заебеш односно замастиш црниот дроб и со тоа понатака да имаш дополнителни здравствени проблеми.
-Желудникот исто така ќе го расипеш па често ќе боледуваш од него.
-30% може да мавне на видот.
-50% алергија некоја или исфрлање да добиеш можеш.

Со КОНТРАМЕРКА може да ти се случи се од предходното но само шансите се помали за заболување. Додека ЦРНИОТ ДРОБ И ЖЕЛУДНИКОТ ќе ги заебеш 100% дали со или без контрамерка.

Стероидите дали во течна или цврста состојба прават иста штета. Само што кај течните побрзо се манифестираат другите појави додека кај цврстите односно апчињата прво страдаат желудникот и црниот дроб.

Да ми речеше дека имаш голема килажа и си се улежал и мораш да симнеш некое кило више, можеби ќе те сватев иако не би те оправдал. Но вака при помала килажа од потребната-односно потреба имаш да качиш килажа и мускул, ти си одбрал тотално погрешен пристап.

И НА КРАЈ ДА НЕ ЗАБОРАВАМ ДА ТИ КАЖАМ Е ДЕКА СТЕРОИДИТЕ МОРАШ ДА ГИ ПОТРОШИШ ОДНОСНО ДА ВЕЖБАШ ДО САМОИСЦРПУВАЊЕ БИДЕЈКИ ВО СПРОТИВНО СТАНУВАШ РАЗДРАЗЛИВ (ЛЕСНО ИЗБУВЛИВ), НЕРВОЗЕН И СКЛОН КОН НАСИЛСТВО.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.649
Поени од реакции
34.920
@UNISTUVAC процентиве не знам кој ти ги кажал, а и во глобала тоа што напиша ми изгледа дека е муабет од пред кооперација.
„Метан“ (methandrostenolone, dianabol) за симнување на килажа ти е страшно добар совет, поздрави го тој што те учел така ;)
Околу штетата што би ја направил е дискутабилно, најмногу би му настрадал црниот дроб, а околу ароматизацијата зависи од човек до човек, процент на масти и тн.

Грешка е што дечкото без да побара дополнителни консултации одлучил слепо да го следи умот на братучедот и посегнал по стероиди, претпоставувам дека и братучед му толку разбира, а и консултациите да ги побарал зависи од кој ќе ги побарал.[DOUBLEPOST=1454635338][/DOUBLEPOST]
Почнав со теретана пред 6 месеци, имам 60тина килограми, вежбам интензивно. Но, братучед ми ми даде мали сини апчиња во форма на срце, знам дека се нешто за сила, за маса не се разбирам, рече дека се јаки, но дека се ефикасни. Би сакал да пробам да ги земам со преполовена доза токму поради тоа што немам тежина и затоа што тие се јаки супстанци. Се хранам добро. Земам едно пред вежбање, половина апче пак ако не одам на теретана некој ден.

Ве молам за совет, пред да го уништам желудникот, сакам да дојдам до некоја добра, нормална за мене големина и да не претерувам со такви средства, а дури и да сакам немам пари. Така што, дали е во ред да ги земам? Станува збор за 150 апчиња.
Апчињата да му ги вратиш на братучед ти и прекини да ги пиеш, не знам колку си испил, али ете чисто превентивно може да си купиш Силимарин или лив 52 (liver care може да го најдеш), макар што не би требало да имаш направено штета, ако не си испил многу таблети.
 

L1quiD

Only Trees Grow Naturally
Член од
17 мај 2010
Мислења
139
Поени од реакции
108
Почнав со теретана пред 6 месеци, имам 60тина килограми, вежбам интензивно. Но, братучед ми ми даде мали сини апчиња во форма на срце, знам дека се нешто за сила, за маса не се разбирам, рече дека се јаки, но дека се ефикасни. Би сакал да пробам да ги земам со преполовена доза токму поради тоа што немам тежина и затоа што тие се јаки супстанци. Се хранам добро. Земам едно пред вежбање, половина апче пак ако не одам на теретана некој ден.

Ве молам за совет, пред да го уништам желудникот, сакам да дојдам до некоја добра, нормална за мене големина и да не претерувам со такви средства, а дури и да сакам немам пари. Така што, дали е во ред да ги земам? Станува збор за 150 апчиња.
Незнам дали си сериозен или не, имаш интернет, си можел да провериш: http://3.bp.blogspot.com/-9_HAZMLagDk/TtWgg8O8vSI/AAAAAAAAACU/dSJgKTUbjeE/s760/DSC04044.JPG
Инаку, веќе си го забавил (и во краен случај - зaпрел) природниот процес на лачење на тестостеронот, бидејќи самите апчиња (дболот) делуваат на андрогените рецептори, со што тоа реагира на процесот на лачење на тестостеронот. Со оглед на дозата што ја земаш, не верувам дека си направил голема штета ни во поглед на тестостеронското ниво, ни во оштетувањето на црниот дроб, овде битно е времетраењето на конзумирањето. Покрај тоа, со хормоните не се игра, а овде зборуваме за манипулирање (пореметување) на хормонските нивоа, што е крајно ризично и непотребно, бидејќи се сметаат за хемиски посредници и праќаат пораки и сигнали низ целото тело и на тој начин драстично влијаат на психофизичката состојба.[DOUBLEPOST=1454669388][/DOUBLEPOST]
Како можеш да зимаш апче ако не знаеш што е... ? Човече утре некој фраер ке ти даде дрога и ке ти рече батка ова топ за мускулите само пробај... Читајте бе луѓе не е бонбонче. Единствено ако си 100% сигурен дека е ок тогаш треба да зимаш некаков додаток во исхраната.
Кај се тие што даваат дрога беспари, тие ми требаат :) - Каков типичен неук македонски карактер , а у обична продавница ти шиткаат дрога секој викенд стуб што се правиш:)
 
Последно уредено:
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.296
Поени од реакции
5.864
Незнам дали си сериозен или не, имаш интернет, си можел да провериш: http://3.bp.blogspot.com/-9_HAZMLagDk/TtWgg8O8vSI/AAAAAAAAACU/dSJgKTUbjeE/s760/DSC04044.JPG
Инаку, веќе си го забавил (и во краен случај - зaпрел) природниот процес на лачење на тестостеронот, бидејќи самите апчиња (дболот) делуваат на андрогените рецептори, со што тоа реагира на процесот на лачење на тестостеронот. Со оглед на дозата што ја земаш, не верувам дека си направил голема штета ни во поглед на тестостеронското ниво, ни во оштетувањето на црниот дроб, овде битно е времетраењето на конзумирањето. Покрај тоа, со хормоните не се игра, а овде зборуваме за манипулирање (пореметување) на хормонските нивоа, што е крајно ризично и непотребно, бидејќи се сметаат за хемиски посредници и праќаат пораки и сигнали низ целото тело и на тој начин драстично влијаат на психофизичката состојба.[DOUBLEPOST=1454669388][/DOUBLEPOST]
Кај се тие што даваат дрога беспари, тие ми требаат :) - Каков типичен неук македонски карактер , а у обична продавница ти шиткаат дрога секој викенд стуб што се правиш:)
Алкохол не пијам кога веке пишуваш нешто директно за мене, него ова со дрогата само пример беше за опција дека ако не е сигурен апсолутно кој што му дава, секој се може да му подметне.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom