Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.649
Поени од реакции
34.918
Не сака со шпицки … јбг ке му се помачам малку
Е малку заебано, ама колку да завршиш работа.
Инаку на ибеј имаш (кај мене барем беше ваков).
Автоматски споено мислење:

Бандажи ми требаат нигде неможам да најдам.
Абе тие дури бев таму имаа се, ама беа многу скапи и неконзистентни со цените. За една пластика што ја најдов нова (реплика) за 10 евра, ми бараше 80 евра, а целата беше избледена од сонцето и користењето.
Си разгледал по реклама 5, фб, пазар 3? Која големина?
 
Последно уредено:

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.590
Поени од реакции
2.095
Zdravo decki imam problem so Ford kuga 2009 4x4, zatresuva mi koga vrtam naglo na leva strana, majstor mi rece sponite, smenime gi seushte go ima istiot problem, sho bi mozelo drugo da bide ?

90 % ти се полуосовини или внатрешни зглобови...внатрешните зглобови на многу коли не се менуваат посебно, треба полуосовината цела да се смени.

Колата треба да се стави на дигалка, да се запали, да се стави во поголема брзина и да се виде од каде иде тресењето.

За жал можно е и колата да имала поголема сообраќајка претходно и да не е “во линија“ шасиски.
 
-x-

punished
Член од
2 март 2013
Мислења
1.191
Поени од реакции
837
Од кај може кај нас да се земе блок плејт за EGR за 1.9CDTI или па некој што може да го направи?
 
Член од
12 јули 2011
Мислења
854
Поени од реакции
405
Е малку заебано, ама колку да завршиш работа.
Инаку на ибеј имаш (кај мене барем беше ваков).
Автоматски споено мислење:

Абе тие дури бев таму имаа се, ама беа многу скапи и неконзистентни со цените. За една пластика што ја најдов нова (реплика) за 10 евра, ми бараше 80 евра, а целата беше избледена од сонцето и користењето.
Си разгледал по реклама 5, фб, пазар 3? Која големина?
Е да , баш таков е … да и сменев плочки на кочници напред на сестра ми на клиото… абе ако немаш вакво , не дај боже да ти се дупне гума на пат …
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.167
Поени од реакции
15.962
Ја испофалив Тојотата ама почна да ја јаде времето изглеа :D
Туку ситуацијата е следна, стануе збор за Јарис, 1.0, 2009 год. едно сабајле се запали сијаличка за АБС (еднаш претходно ми се појави истово, го решив со промена на сензор на лагер). Ја однесов на дијагностика ми рекоја проблем со АБС пумпата, дали некој сензор на пумпата или проблем со притисокот, не знаеја точно да ми прецизираат. Како и да е, требало да се мења.
Проблемот е што таму кај што ми ја направија дијагнозата не можеа да ми најдат пумпа, тражеа и у Грција, џабе.
Прашав и официјален сервис у Скопје, ми рекоа го немаат делот.
После брат ми најде некој дечки исто у Скопје што као демек биле најдобри за Тојота, напраеле замена со половна пумпа, проблемот не се решил. За да му речат дека ќе бараат нова пумпа у Бугарија па ќе го контактираат.
Ја го тражев делот у Германија, и на неколку места ми рекоа дека не постои таков дел, а на едно место ми рекоа дека тој дел не бил за комерцијална продажба и да барам у официјален сервис.
У официјален сервис у Германија ми викаат донеси ја колата, што е немогуќе :D

Па прашањето ми е, би имал некој идеја кој може да ја опрае колава или дали може да биде таа пумпа или нешо друго да е?
Таа е у возна состојба, само шо нема АБС и боде у очи сијаличката на таблата.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.649
Поени од реакции
34.918
Е да , баш таков е … да и сменев плочки на кочници напред на сестра ми на клиото… абе ако немаш вакво , не дај боже да ти се дупне гума на пат …
Фрустрирачки е, јас уште од денот кога ја зедов беше без ова, го имаа изгубено претходните газди.
Се сеќавам барав во 2 наврати низ Скопје ама не успеав да најдам, барав и кај овие што расклопуваат возила ама немаа во тој момент, и решив да користам шпицангла :D
Е сега ако треба да отвора женско со клештите ќе биде потешко, си бара да стегнеш на подлактица.
 
Член од
14 октомври 2017
Мислења
232
Поени од реакции
109
Во иднина сум во план да земам друга кола половна се разбира, ма да не можам да се одлучам ради некои причини.

Во игра е Audi A3 8P 1.9 TDI 105hp ; Mazda 6 1.8 бензин и Mazda 3 1.6 бензин ; Honda Civic 1.4/1.8 бензин и VW Golf 6 1.6 TDI.

Моментално возам јапонско возилце, бензин. Задоволен од колата, меѓутоа кога ќе дојди за замена на некој дел, мака мачам со наоѓање на тој дел, или го нема или немаш избор, што пред некое време мораше да идам до Србија за ситно, а за чудо во Грција го немаше. Ова е главната причина зошто се предомислувам за јапонскиве а не дај боже да затреба нешто за каросерија, а сакам атмосферци заради едноставната конструкција на агрегатот и не толку голема компликација како кај другиве со турбо.

Ради ова, во план влегоја и германциве погоре. За цела ФауВе групација кај нас има достапност на делови на секој ќош, трафики, има поголем избор. Но тука мие проблем тоа шо дизелот како дизел е масен, а колава половна возена, возена маста изваена, и овие масните делови како замаец, турбина, дизни итн.. коштаат ѓаол ипол а македонска плата се знае колку е... Плус заебанции со дпф бла бла шо тоа го нема кај бензинциве. За германска кола бензинец не ми се прае ќефот, некако млитаво ми изгледаат за разлика од докажаниве дизели.

Мислења?
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.636
Поени од реакции
38.816

Земи си Опелче. Имаш Астра H 1.6 за 2-3 илјади евра. Многу солидни коли а и добар мотор. Башка многу поефтини за одржавање од сите овие што си ги навел.
 
Член од
27 мај 2016
Мислења
349
Поени од реакции
133
Во иднина сум во план да земам друга кола половна се разбира, ма да не можам да се одлучам ради некои причини.

Во игра е Audi A3 8P 1.9 TDI 105hp ; Mazda 6 1.8 бензин и Mazda 3 1.6 бензин ; Honda Civic 1.4/1.8 бензин и VW Golf 6 1.6 TDI.

Моментално возам јапонско возилце, бензин. Задоволен од колата, меѓутоа кога ќе дојди за замена на некој дел, мака мачам со наоѓање на тој дел, или го нема или немаш избор, што пред некое време мораше да идам до Србија за ситно, а за чудо во Грција го немаше. Ова е главната причина зошто се предомислувам за јапонскиве а не дај боже да затреба нешто за каросерија, а сакам атмосферци заради едноставната конструкција на агрегатот и не толку голема компликација како кај другиве со турбо.

Ради ова, во план влегоја и германциве погоре. За цела ФауВе групација кај нас има достапност на делови на секој ќош, трафики, има поголем избор. Но тука мие проблем тоа шо дизелот како дизел е масен, а колава половна возена, возена маста изваена, и овие масните делови како замаец, турбина, дизни итн.. коштаат ѓаол ипол а македонска плата се знае колку е... Плус заебанции со дпф бла бла шо тоа го нема кај бензинциве. За германска кола бензинец не ми се прае ќефот, некако млитаво ми изгледаат за разлика од докажаниве дизели.

Мислења?
Кој дел ти е толку мачно да го најдеш, јас за тојотава аурис све најдов(браници, долни капаци-под мотор, и др. иначе 2.0диз возам топ мотор издржлив троши 6.5/7 градска јако ланче и сл.
За бензинец опел 1.6 атмосферец како и тојота 1.6, можеш и со цивикот 1.8 бенз да земеш.
 
Член од
14 октомври 2017
Мислења
232
Поени од реакции
109
Кој дел ти е толку мачно да го најдеш, јас за тојотава аурис све најдов(браници, долни капаци-под мотор, и др. иначе 2.0диз возам топ мотор издржлив троши 6.5/7 градска јако ланче и сл.
За бензинец опел 1.6 атмосферец како и тојота 1.6, можеш и со цивикот 1.8 бенз да земеш.
Разводник ми требаше за Маздата, ни тука ни Грција немаше, за чудо Србија имаше па морав да одам до таму. Исто и шапи задни нема нигде. Да беше за европско има на секој ќош. Во однос на Тојотата, можеби има повеќе делови зошто Тојота се произведува на европско тло ама сепак, немаш толку избор како за ФауВе.
 
Член од
27 мај 2016
Мислења
349
Поени од реакции
133
Разводник ми требаше за Маздата, ни тука ни Грција немаше, за чудо Србија имаше па морав да одам до таму. Исто и шапи задни нема нигде. Да беше за европско има на секој ќош. Во однос на Тојотата, можеби има повеќе делови зошто Тојота се произведува на европско тло ама сепак, немаш толку избор како за ФауВе.
Делови има само пари имај ;)
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.636
Поени од реакции
38.816
не знам што се пали народов на овие јапанци, па и некои ретки италијанци како ланчиа, алфа, и слично. Што поретка кола, тоа повеќе главоболки у поглед на делови и слично.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom