Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Член од
27 мај 2016
Мислења
349
Поени од реакции
133
Друже ти гарантирам дека убедливо највеќе се извозени тди дали волксваген или ауди...ретко кој зел алфа, цитроен или пежо за да ги скине во возење, зел оти му се бендисал дизајнот, оти има конфор, оти има некој филинг на волан, итн. Ги земаат мераклии во главном...

Ако му треба за возење зема тди демек проверено е тоа, германско, само турај и вози...си се пати од комлекси, а и од незнаење. А споредено со 1,9 jtd и 2.0 хди, 2.0 тди е повеќе проблематичен.

Истата приказна е и со алфа 159...ако споредиш алфа 159 со пасат од иста година, пасатот ќе има многу повеќе поминато во 90 % од случаите и плус генерално со послабо одржување.

Сеа има исклучоци секаде али сликата е таа во глобала
Па може да земе и Акорд 2.2 150кс или Авенсис 2.2 150кс..
 
Член од
26 октомври 2016
Мислења
1.911
Поени од реакции
1.378
За почеток дали кога ќе ја однесам на мајстор да му кажам да исчисти мафот и мапот со спреј, исчисти усисна грана и актуаторот за турбината да не е "зарѓан" ?
Nema potreba.
 
Член од
25 февруари 2019
Мислења
351
Поени од реакции
203
Здраво и од мене..
Дојде време за старо-ново (фамилијарно) возило па ако имал некој искуство со следните модели нека сподели:
-passat b7 2.0 tdi
-mercedes e200 cdi w212
-a4 avant b8 2.0
-peugeot 508 1.6 hdi
Буџетот е околу 10к а за моделите ме интересира како се покажани, мани, како се движат цените за одржување и сл.
Пс немам искуство со овие коли па барам што е best buy. Намена на возилото ќе биде претежно отворен пат.

Фала ви.
Од понуденото ако би одбирал
за цело семејство најкомфорно би било аудито (искуство со а6 но и ова треба да е слично), за состојбата е битно да ја провери некој што му тоа работа, ако имаш пријател/познаник добар механичар.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.961
Поени од реакции
14.714
Друже ти гарантирам дека убедливо највеќе се извозени тди дали волксваген или ауди...ретко кој зел алфа, цитроен или пежо за да ги скине во возење, зел оти му се бендисал дизајнот, оти има конфор, оти има некој филинг на волан, итн. Ги земаат мераклии во главном...

Ако му треба за возење зема тди демек проверено е тоа, германско, само турај и вози...си се пати од комлекси, а и од незнаење. А споредено со 1,9 jtd и 2.0 хди, 2.0 тди е повеќе проблематичен.

Истата приказна е и со алфа 159...ако споредиш алфа 159 со пасат од иста година, пасатот ќе има многу повеќе поминато во 90 % од случаите и плус генерално со послабо одржување.

Сеа има исклучоци секаде али сликата е таа во глобала
Тотално се согласувам.....една од причините што купив Алфа е субјективната страна, а втората е тоа што кажуваш: на запад никој не купува Алфа да за тепа милиони км. ја купува за уживање во вожња

Незнам за другите Алфи, но кај мојата на пример шалтерот за менување на брзини е толку стегнат како сеуште да не е разработен(не е сменет...проверено е)

Термостатот страда....и кај мене заглави и тоа на пат. Стигнав некако до Прилеп, купив за 50 евра и за 10 минути го сменив сам и продолжив(во гепек имам алат скоро за ремонт....ми фали само момент клуч)
 
argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.590
Поени од реакции
2.095
Има и доста запустени алфи 147-ки а и 159-ки...зошто дојдоа да бидат доволно ефтини за Рајко, Петко и на нему слични од таму преку девет рида и девет планини да возат алфа. Седнал од југо или лада во алфа, демек супер кола си зедов за мали пари.

Пред некој месец видов до толку запустена 159-ка што почна да ми се гади...немам ништо против селани ама она беше грозно...кожни седишта а внатре на кочина за свињи мирисаше, буквално. Како е можно да некој е толку без осет не знам али све има по земјава.

Колата беше гроб, тропаше се можно и не можно на нејзе, масло не знам од кога не сменето, повеќе на катран личеше него на масло. Е утре таа кола едно хемиско, ќе подсредат нешто, и оди на продажба па нека се чеша некој од коа ќе ја купи. Затоа и пред некое време му спомнав на галакси да пази добро со алфата.
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.286
Поени од реакции
4.689
1.6 моторите на ХДИ општо не се погодени барем тие првите верзии затоа што имаат проблеми со турбина, имам комшија со Партнер 1.6 и се изнамачи, еднаш тргна за Белград и му пукна турбина, ја направи, пак исто. Му рекле такви се тие мотори, имале проблеми и не се за тешки каросерии, само градска вожња, кратки релации.
Додека за 2.0 ХДИ од сите имам слушнато само најдобро, татко ми цел живот вози Пежо, од 405, 406, 307, и сега има 407, сите 2.0 ХДИ со 136 коњски мотор и никад не сме имале проблем со дефекти или општо, само редовен сервис и тоа е тоа.
Ова ти го кажувам најобјективно, не ми е гајле мене за Пежо, ниту да ги фалам или форсирам иако цел живот ги возам, ама сметам дека во однос на пари и што нудат, тие мотори и коли се бар за мене едни од најдобри. Имам другари со Ауди, Алфи и сите имаат поскапи одржувања, делови, бар за ова ја што го возам има еден куп делови и стари и нови.
Изгледа ме се разбравме тука, јас врска немам како се покажал тој 1.6 мотор ама од искуство каде имам и30 со 1.0 мотор (џабе е 2020 кога на угорници е трома не знам дали напред или назад се движи :) )
Потполно се сложувам со препораката на @argenthessis каде вика дека за 508 тој мотор е слаб
Друже ти гарантирам дека убедливо највеќе се извозени тди дали волксваген или ауди...ретко кој зел алфа, цитроен или пежо за да ги скине во возење, зел оти му се бендисал дизајнот, оти има конфор, оти има некој филинг на волан, итн. Ги земаат мераклии во главном...

Ако му треба за возење зема тди демек проверено е тоа, германско, само турај и вози...си се пати од комлекси, а и од незнаење. А споредено со 1,9 jtd и 2.0 хди, 2.0 тди е повеќе проблематичен.

Истата приказна е и со алфа 159...ако споредиш алфа 159 со пасат од иста година, пасатот ќе има многу повеќе поминато во 90 % од случаите и плус генерално со послабо одржување.

Сеа има исклучоци секаде али сликата е таа во глобала
Делумно се сложувам со тебе, јасно ми е дека првенствено пасат Ауди па и мерцедес, а може и бмв да се вброи ги зимаат и маста им ја вадат пред да ги продадат у некоја вујојебина како МКД под мотото баба ја возела гаражирана со само 70.000 поминато за 12 години

ама во некои земји без разлика што кола е ја зимаат за маста да и ја извадат не само ради името туку и ради удобна вожња и цената

искрено без разлика на тоа што кола е од увоз у МКД јас под 200к не би ја сметал (ова посебно за возила од италија Германија швицарска)

пример за Скандинавија е друга песна тука најголем дел зимаат на лизинг од 3 години со максимална километража од 45-60к за целиот тој период, ретко кој надминува зашто изгор скупо ќе го кошта тоа, ама па затоа и половните се изгор скапи
Се сеќавам другар бараше да купи кола и гледаше цени од Германија и тука (Шведска) каде Германија беше едно добри 30-35% поефтина на цена ама затоа и сите беа доста повеќе возени

маната ма кола од Шведска пример е што цела ќе ти е со гребаници од камчињата што фрлаат зимно време на пат ицената зашто се значително поскапи како што пишав
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.821
Поени од реакции
2.911
Sea me pismani a i site vikaat da begam od nea. Baska i ne e za mene tuku za majka mi a gledam skapo odrzuvanjeto spored ona sto go pisa ti.
Бегај подалеку од Алфата не дека не чини туку бие лош малер ама не сите Алфи модели,подобро Астрата како што предлага горниот пост, астра ,Корса или Поло
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.303
Поени од реакции
7.269
Тотално се согласувам.....една од причините што купив Алфа е субјективната страна, а втората е тоа што кажуваш: на запад никој не купува Алфа да за тепа милиони км. ја купува за уживање во вожња

Термостатот страда....и кај мене заглави и тоа на пат. Стигнав некако до Прилеп, купив за 50 евра и за 10 минути го сменив сам и продолжив(во гепек имам алат скоро за ремонт....ми фали само момент клуч)
1654428527435.jpg
Коментаров твој ме потсети на сликава :)
Автоматски споено мислење:

Изгледа ме се разбравме тука, јас врска немам како се покажал тој 1.6 мотор ама од искуство каде имам и30 со 1.0 мотор (џабе е 2020 кога на угорници е трома не знам дали напред или назад се движи :) )
Потполно се сложувам со препораката на @argenthessis каде вика дека за 508 тој мотор е слаб

Делумно се сложувам со тебе, јасно ми е дека првенствено пасат Ауди па и мерцедес, а може и бмв да се вброи ги зимаат и маста им ја вадат пред да ги продадат у некоја вујојебина како МКД под мотото баба ја возела гаражирана со само 70.000 поминато за 12 години

ама во некои земји без разлика што кола е ја зимаат за маста да и ја извадат не само ради името туку и ради удобна вожња и цената

искрено без разлика на тоа што кола е од увоз у МКД јас под 200к не би ја сметал (ова посебно за возила од италија Германија швицарска)

пример за Скандинавија е друга песна тука најголем дел зимаат на лизинг од 3 години со максимална километража од 45-60к за целиот тој период, ретко кој надминува зашто изгор скупо ќе го кошта тоа, ама па затоа и половните се изгор скапи
Се сеќавам другар бараше да купи кола и гледаше цени од Германија и тука (Шведска) каде Германија беше едно добри 30-35% поефтина на цена ама затоа и сите беа доста повеќе возени

маната ма кола од Шведска пример е што цела ќе ти е со гребаници од камчињата што фрлаат зимно време на пат ицената зашто се значително поскапи како што пишав
Новите коли се продаваат на лизинг во 85-95% и ретко кој купува чисто нова кола у кеш. Каменчињата од Шведска кажуваат дека колата се вози многу брзо (кое за Шведска чудно пошто има ограничување) или е увезена од Германија каде се дува на автопат со максимална брзина колку што држи колата. Од 120 km/h не се прават дупчиња на хаубата од ситни каменчиња.
 
Последно уредено:
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.961
Поени од реакции
14.714
Прегледај го приврзокот 335617
Коментаров твој ме потсети на сликава :)
Автоматски споено мислење:
Тоа ми е од дамнешни времиња кога со тристаќот сум останувал дефект за све и сешто...скоро целиот алат што го имам го чувам во резервната гума во багажот
 
Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.634
Поени од реакции
1.489
Прегледај го приврзокот 335617
Коментаров твој ме потсети на сликава :)
Автоматски споено мислење:

Новите коли се продаваат на лизинг во 85-95% и ретко кој купува чисто нова кола у кеш. Каменчињата од Шведска кажуваат дека колата се вози многу брзо (кое за Шведска чудно пошто има ограничување) или е увезена од Германија каде се дува на автопат со максимална брзина колку што држи колата. Од 120 km/h не се прават дупчиња на хаубата од ситни каменчиња.
Dobar si? Dupcinja po boja na branik i hauba se pravat pri sekakva brzina.
Bukvalno na 60kmh mi ja imaat sofersajbnata puknato koga voziloto od sprotivnata strana nagazi kamen i preleta u mojta sofersajbna.
Ako ima pesok ili slicno na pat nebitno e kolku brzo vozis, gumite na toj pred tebe ke frlaat se na tebe.
 
Друже нова ја купив бе од салон со 0 поминати. Еве ја година ипол покасно е партал од камчиња. Лично јас ретко кога сум ја возел повеќе од 110 ама другите си возат убаво над тоа.
И МКД има ограничување па знаеме како возат. Не зборам што сум гледал на плац него што сум доживеал.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.303
Поени од реакции
7.269
Dobar si? Dupcinja po boja na branik i hauba se pravat pri sekakva brzina.
Bukvalno na 60kmh mi ja imaat sofersajbnata puknato koga voziloto od sprotivnata strana nagazi kamen i preleta u mojta sofersajbna.
Ako ima pesok ili slicno na pat nebitno e kolku brzo vozis, gumite na toj pred tebe ke frlaat se na tebe.
Јас не знам по какви калдрми возиш, али кај мене опелот доби дупчиња од камчиња после 200 km/h. Другиот автомобил ретко е возен над 130 и нема ниедно дупче.
 
Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.634
Поени од реакции
1.489
Јас не знам по какви калдрми возиш, али кај мене опелот доби дупчиња од камчиња после 200 km/h. Другиот автомобил ретко е возен над 130 и нема ниедно дупче.
Pa bas po tie germanskite kaldrmi vozev i gleam novi dupcinja ispadnale :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom