Здраво дечки, ако може на кратко малку совети околу купување на половна кола. Девојчето е возач почетник, бара да земе некоја мала количка, мал буџет до 2000-2350е. Нема некои посебни побарувања, битно е да биде со клима, и да биде некое мало, женско количе и нормално, што е можно посочувана.
Немам купувано до сега половна кола, па имам некои прашања, кој не го мрзи, нека помага
:
- Што кола може да се најде за овие пари и што е најдобро да се бара? Со оглед на тоа што најверојатно ќе биде кола 2003-2006 год. приоритет е да се најде што е можно посочувана и поиздржлива.
- Каде е најубаво да се бара? Од приватно лице, пазар3 и реклама5, итн, или автоплацеви/салони за половни коли?
- Како најубаво да се проверуваат колите, дали се исправни или да не имаат случајно некој скриен дефект? Претпоставувам со приватно лице е лесно да се договорам да се однесе на некој мајстор, дали тоа е можно со коли од автоплацеви?
- Дали генерално колите од автоплацеви се позачувани/поодржувани во споредба со коли од приватни лица, или нема врска тоа?
Секој совет е добродојден.