Lester Freamon
A man of focus, commitment, sheer will...
- Член од
- 14 јануари 2015
- Мислења
- 15.651
- Поени од реакции
- 34.936
Обично во овластен сервис не ти прават промена на неоргинален дел/половен дел, а ако менуваш оригинални повеќе кошта делот од возилото (сепак правиме муабет за возила 10-15+ години).Прав си бе друже не викам не, ама за тоа постојат сервиси кои ти издаваат сметки и слично ама и тоа не одговара од незнам какви причини.
Треба да имаат саатници, ама и времетраење (разумно нормално на тој сервис)
Пример менување уље 2 саати, може него му треба активна работа 1 саат ама да го земе името да стави колата на канал да тргне и слично каде он губи време. На тој инжиниер што го спомна не му бројат само колку време средувал нешто имаш и тестирање и Поддршка и слично
Па и не е точно дека за мал сервис официјалните сервиси кола, кај нив е поскапо кога купуваш дел зашто ти продава оригинал дел не ти дава компатибилен
Друга работа, ако мора сите да одиме во овластен дај да ги затвориме сите приватни и како во комунизам ќе имаме само една локација што може и знае да ја поправа (донекаде и нема да е грешка, овие денес се прават експерти за сите модели што во ниеден нормален бизнис не е возможно).
Станати сме превара од држава и превара од народ, далеку понапреден капитализам има и во други земји, ама имаат некаков си џентлменски збор и се држат до истиот.
Овде е како во поговорката: терај право, крепи десно и пази да не ти го бапне некој од позади.
Каде и да отидеш добиваш тиња услуга и од ракав цена.
П. С и во овластен пред 3 години ми сменија дел по грешка и никој не одговараше за тоа, колата работеше неколку саати помирно и пак изгуби снага, на крај испадна сосема трето ама чукнав 150 евра за регулатор.