Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Аутофилтер во Карпош, цени ок, услуга милион пати подобра од останатите десетина продавници за авто делови во коишто сум влегол(мене и ова ми е битно) а за да се поквалитетни само избери подобар произведувач/бренд и тоа е тоа.
Пример?
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
За филтри ќе мора со сообраќајна да внесеш податоци да ти пратат понуда или да идеш на лице место.
Видов ова, ама мислев кои се тие подобри брендови за филтри.
Последно сменив комлајн, мајсторот ми мрчеше и ме убедуваше да земам МАН преку него од друга продавница
 
fcwiz@RD

Supreme Сasual Dating Real Women
Член од
30 јануари 2009
Мислења
459
Поени од реакции
376
Гледај реално ако правиш мал сервис на редовни интервали разлика во филтрите е минорна и што и да купиш само ќе врши работа , повеќе ресрч ти треба при изборот на масло неголи да се замараш многу за филтрите,
а сите мајстори мрчат оти ако им одлесеш делови они не земаат процент од делот шо ти го продале.
 
ahil

м-р
Член од
11 јули 2005
Мислења
628
Поени од реакции
618
Видов ова, ама мислев кои се тие подобри брендови за филтри.
Последно сменив комлајн, мајсторот ми мрчеше и ме убедуваше да земам МАН преку него од друга продавница
Само Hengst филтри. Од кога почнав да ги користам, друг не ставам. На одредени камиони кои имаат мала толеранција за проток на гориво, Хенгстот е убедливо најдобриот. Дури и да ги нема во локалната продавница ги порачувам и за ден два ги има. Цените отприлика и се малку над комлајн, во ранг на МАН
 
O

onefifty

Гостин
Гледај реално ако правиш мал сервис на редовни интервали разлика во филтрите е минорна и што и да купиш само ќе врши работа , повеќе ресрч ти треба при изборот на масло неголи да се замараш многу за филтрите,
а сите мајстори мрчат оти ако им одлесеш делови они не земаат процент од делот шо ти го продале.
Страшни се, бев кај еден да правам мал сервис на претходната кола што ја имав и му реков, филтрите што ќе ги смениш стави ми ги во кутија. Ми се налути дека сум го правел преварант и сум се сомневал во него, нема проблем, запалив кола и си бегав. Од тогаш сам со татко ми си правиме сервис, само одам да ми ресетираат чек сервисот на борд компјутер и тоа е тоа.
За мал сервис ми бараше 100 евра иначе, со менување уље и филтри ми излегува обично 3500-4000.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Страшни се, бев кај еден да правам мал сервис на претходната кола што ја имав и му реков, филтрите што ќе ги смениш стави ми ги во кутија. Ми се налути дека сум го правел преварант и сум се сомневал во него, нема проблем, запалив кола и си бегав. Од тогаш сам со татко ми си правиме сервис, само одам да ми ресетираат чек сервисот на борд компјутер и тоа е тоа.
За мал сервис ми бараше 100 евра иначе, со менување уље и филтри ми излегува обично 3500-4000.
Друже во Скопје забегуваат со цените упм.
Минатата година ми се скрши пластиката која го дига прозорот на возачката врата (внатре таа што го држи), само за работна рака ме ошури 2000 денари, а ја смени чиракот во рок од 10 минути (го нарачавме делот, ми вика врати се попладне да ја земеш, кога отидов уште не беше стигнат делот и ја почнаа да ја прават пред мене, баш гледав на саат колку време ќе му треба да ја извади маската од вратата (2 штрафа) и да ја намести новата пластика).
Плус ми вика ова дека си ми редовен, инаку требаше да ти земам поскапо :tapp:
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.266
Поени од реакции
4.665
Страшни се, бев кај еден да правам мал сервис на претходната кола што ја имав и му реков, филтрите што ќе ги смениш стави ми ги во кутија. Ми се налути дека сум го правел преварант и сум се сомневал во него, нема проблем, запалив кола и си бегав. Од тогаш сам со татко ми си правиме сервис, само одам да ми ресетираат чек сервисот на борд компјутер и тоа е тоа.
За мал сервис ми бараше 100 евра иначе, со менување уље и филтри ми излегува обично 3500-4000.
За тоа што си ги побарал старите делови и не сакал да ти ги даде не е во право (не смее да се лути)
Ама друже ако да ги купиш деловите ти искача 3500-4000 денари зашто се буниш што он ти побарал 6000 денари? Тоа и не е така скапо.
Зашто не се буниш кога идеш на пиво што они го купуваат 30 денари ( а може и помалку) а тебе ти го продаваат у кафич 100ка и повеќе?
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
За тоа што си ги побарал старите делови и не сакал да ти ги даде не е во право (не смее да се лути)
Ама друже ако да ги купиш деловите ти искача 3500-4000 денари зашто се буниш што он ти побарал 6000 денари? Тоа и не е така скапо.
Зашто не се буниш кога идеш на пиво што они го купуваат 30 денари ( а може и помалку) а тебе ти го продаваат у кафич 100ка и повеќе?
Затоа што го плаќаш работниот саат.
Ако пример како инженер денес заработуваш 4000 денари бруто, тогаш твојот час е 500 денари.
Ако тој губи 2 часа за да ги промени тие делови на возилото, тогаш треба да ми наплати 2 часови Х неговото време.
Е сега ако тој си увртил во глава дека саатот му е 3000ки, тогаш јас би сакал да добијам и фискална сметка и барем да си плати данок на државата + да регистрира фирма како што е во секој друг бизнис.
Финтата е што овие ниту имаат ценовник колку им кошта саат, ниту пак даваат фискална сметка и гаранција за сработеното.
 
Ти одговори Лестер подоле, да се надополнам.
Затоа што е претеризам да бараш 2к само за работна рака за нешто што го прави во саат време, дури и помалце. Ова зборам за помаливе мајстори, не официјални сервиси, таму кој знае колку ќе ми бараат.
Уште еден проблем со неофицијалниве сервиси е што не знаеш од кај го набавува уљето и едноставно знаеш дека ќе иде кај е најевтино за максимум профит а барем во Куманово, кај и да влезеш во продавница за авто делови врие од фалц уљиња, ова ми го имаат кажано и неколку што работат во продавници за авто делови и ми рекоа ако сакам да бидам 100% сигурен за потекло на уље најдобро од Макпетрол репсол да земам.
 
Прав си бе друже не викам не, ама за тоа постојат сервиси кои ти издаваат сметки и слично ама и тоа не одговара од незнам какви причини.
Треба да имаат саатници, ама и времетраење (разумно нормално на тој сервис)
Пример менување уље 2 саати, може него му треба активна работа 1 саат ама да го земе името да стави колата на канал да тргне и слично каде он губи време. На тој инжиниер што го спомна не му бројат само колку време средувал нешто имаш и тестирање и Поддршка и слично

Па и не е точно дека за мал сервис официјалните сервиси кола, кај нив е поскапо кога купуваш дел зашто ти продава оригинал дел не ти дава компатибилен
 
Братучед ми беше во официјалниот сервис за Опел бидејќи има нова Инсигнија и за мал/голем сервис имаше да бира помеѓу оргинал делови/неоргинал делови, нормално едните поскапи, другите поевтини. Нормално е за оригинални делови да платиш поскапо, пак ќе ти речам, живееме во држава каде што неможеш да бидеш сигурен какви ќе ти стават и кој ти гарантира, неколку искуства имам кај што ме имаат горено и затоа не им верувам и сум скептик и преферирам сам да правам сервис.
Настрана тоа, апсолутно те разбирам од кај тргаш ама пак ќе ти кажам, 2000 работна рака за мал сервис е кражба затоа што ти зима процент и на деловите.
 
Тоа дека е банана држава стои нема збор тука, и кога ќе отидеш во официјален сервис да платам дел и утре откаже (а искочи дека ти лупнал е ефтин) никому ништо (иако еве уште се убедувам дека не е така, а свесен сум дека се лажам сам себе). Ама кога би било нормално има да го изготиш за преварата.
И пак ќе речам да се плати работна рака е многу културно и фер Макар што можам и сам да сменам уље ама под услов да е разумно (и поштено), пример викаш сам да сменам ме кошта саат време, ама да идеш на набавиш деловите, немало ваму треба сега до таму да идам, амортизација што ја имаш на возилото паркинг ова она нели тргаме кога се тоа би било нормално регулирано

Е сега што ништо не е нормално регулирано, и што секој гледа да те прелаже тоа е сосема друг муабет
 
Па тоа ти го зборам и јас, да знам дека сум заштитен со закон и дека со идење во тој и тој сервис добивам гарантирано квалитетна услуга, нема проблем, колку ми каже, толку ќе платам. Јас тргнувам од тоа што веќе 10 години возам и сервисирам и сум сменил до сега барем 5-6 коли и се изнамачив со мајсториве затоа и се пазам и оградувам, колку можам сам да завршам, ќе завршам, што неможам тогаш само идам. Среќа што татко ми разбира механика, кога не би ми бил он, тогаш кој ме прашува, идеш во сервис и што ти кажат тоа е.
 
Последно уредено:
Член од
1 март 2021
Мислења
338
Поени од реакции
758
Здраво, ми треба автомобил до 6000 еур, ама да има Bluetooth, Навигација и сл . Гледав за таа цена само Сеат Леон нуди ова , дали знаете некој што продава да ми пишете у ПП.
За таа цена ќе земаш возило старо 12+ години, каква и да има навигација фабричка таа е веќе outdated :)
Ти гледај прво земи си кола каква што си сакаш колку може по зачувана и според своите потреби, навигација Медија блутут денес бар не е никаков проблем да се набави, за 150/200 евра имаш мултимедија 1080p 4core 2/4gb ram последен андроид буквално све што му треба на човек за во кола, не ти ни треба блутут пушти си хотспот од телефонот и се ти е достапно сите апликации што ги имаш на мобилен ги имаш и тука.
Јас скоро купував кола до таа цена и приметив дека глупа раја начукува плус на цена дека имала колата навигација, а навигацијата од 2006/7 дисплејот очобол, резолуција коцки, брзина никаква попрво ќе стигнеш кај што си тргнал додека отвори мапа :D таква и се погоди да купам, уште во прва недела нарачав за 150€ full HD android 11.0 наменета за тоа возило и убаво и лично модерно, лесно се монтира plug and play сам си ја наместив.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom