Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.589
Поени од реакции
2.092
каков маф тој мотор не знам ни дали има маф воопшто...повеќе делува на свеќици, кабли или бомбина...друга опција е изгорени вентили
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.831
Поени од реакции
10.144
Дали има некој информација дали и колку години важност има положен теоретски дел за возачка од Б категорија?
Пред може 10-тина години положив тестови и не појдов на полагање Прадска и Полигон па незнам дали ќе ми биде уважен теоретскиот дел да можам да ги земам само уште Полигон и Градска?
 
Член од
17 мај 2016
Мислења
3.653
Поени од реакции
4.142

Јас мислам дека тестови важат 1 година, ама не сум баш најсигурен.
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.381
Поени од реакции
8.910
Дали има некој информација дали и колку години важност има положен теоретски дел за возачка од Б категорија?
Пред може 10-тина години положив тестови и не појдов на полагање Прадска и Полигон па незнам дали ќе ми биде уважен теоретскиот дел да можам да ги земам само уште Полигон и Градска?
Година дена важат. Исто толку важеше и лекарското (ако не сум грешка). Најдобро прашај си во било која автошкола или испитен центар (имаш броеви на нет) и ќе ти кажат најсигурно - да не си со двојби.
 
Член од
17 март 2017
Мислења
315
Поени од реакции
513
Кога ја палам колата,се случа некој звук како вода да клокоте негде кај парното во тој дел.Овоа трае десетина секунди и после го нема.После на загреана кола да ја запалам на работна темп. нема таков звук,не се слуша ништо.Дали нешто до казанчето за парно е или нешто друго?
Пежо 306,бензинец, 1.6
 
Член од
25 февруари 2019
Мислења
351
Поени од реакции
203

Провери го нивото на антифризот, сигурно е под мин.
 
TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Кога ја палам колата,се случа некој звук како вода да клокоте негде кај парното во тој дел.Овоа трае десетина секунди и после го нема.После на загреана кола да ја запалам на работна темп. нема таков звук,не се слуша ништо.Дали нешто до казанчето за парно е или нешто друго?
Пежо 306,бензинец, 1.6
Имаш воздух во системот за ладење.....затоа клокоти хладњакот за парно. Провери ниво, дотури ако треба антифриз и испушти воздух. Ако нема штрафчиња (вентилчиња) за испуштање воздух, на загреан мотор полека, ептен полека (пази да не се изгориш) отвори го капачето од резерварот за антифриз и ќе слушнеш звук како кога отвараш флаша газирана вода.....ако треба повтори неколку пати додека не излезе цел воздух.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.361
Поени од реакции
38.335
Кога ја палам колата,се случа некој звук како вода да клокоте негде кај парното во тој дел.Овоа трае десетина секунди и после го нема.После на загреана кола да ја запалам на работна темп. нема таков звук,не се слуша ништо.Дали нешто до казанчето за парно е или нешто друго?
Пежо 306,бензинец, 1.6
изгорен доктон на глава најверојатно, или ако си менувал антифриз да не не си ја оставил малце да проврти пумпата да го исфрли воздухот од системот. Најубаво кога ќе ја запалиш одврти го капачето од казанчето да исфрли што има воздух.
 
argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.589
Поени од реакции
2.092
Кога ја палам колата,се случа некој звук како вода да клокоте негде кај парното во тој дел.Овоа трае десетина секунди и после го нема.После на загреана кола да ја запалам на работна темп. нема таков звук,не се слуша ништо.Дали нешто до казанчето за парно е или нешто друго?
Пежо 306,бензинец, 1.6

Имаш воздух во системот за ладење...има штрафчиња за испуштање воздух. Кога е загреана колата цревото што оди накај ладњакот треба да е под притисок ама пак треба да може да се стегне малку со прсти...ако е како камен јако, скоро сигурно диктон на глава е.

Ако е меко или капачето антифриз кај што дотураш не ти држи или ти тече некаде...може и внатре на ладњачето за парно да тече.
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.127
Поени од реакции
788
Сте имале проблем кога штрафовите ви превртуваат во главчината на тркалото кога менувате гума? Од 5 штрафа 2 ми превртуваат и никако не сакаат да стегнат до крај,или е штрафот проебан или навојот на главчината од тркалото,пробав го тргнав алуминиумскиот бандаж оти е подебел и ставив потенок челичен обичен бандаж,штрафот се фати,веројатно ќе да е до навојот во главчината и додатните 3-4 милиметри кои ги добив со потенкиот челичен бандаж!
Е сега прашањетио ми е дали се прави нов навој на главчината со нарезница монтирана на бургија? Или да купам половна главчина (50 евра) или да купам нови 3 милиметри подолги штрафови? Некој со слично искуство?
 
Член од
26 октомври 2016
Мислења
1.901
Поени од реакции
1.362

Koga menuvas bandasi od celicni stavas aluminiumski felni ke ti trebat i strafoj. Razmakot na strafot so glavinata e podrug so aluminiumski bandas.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.904
Поени од реакции
14.596
Кога ја палам колата,се случа некој звук како вода да клокоте негде кај парното во тој дел.Овоа трае десетина секунди и после го нема.После на загреана кола да ја запалам на работна темп. нема таков звук,не се слуша ништо.Дали нешто до казанчето за парно е или нешто друго?
Пежо 306,бензинец, 1.6
Моторите на Пежо и Цитроен, бензиските, имаат шрафчиња за испуштање на воздух. Провери кај тебе дали има сличност со овој мотор 1.1 како кај моето Цитронче, би требало да се сосема слични по конструкција. Шрафчето со црвена стрелка се отпушта со ,,француски имбус,, оние звездастите, а она со зелено кругче можиш самиот со рака да го отпуштиш, е обично пластично капаче со винт.

Одврти го малку на запален мотор, и држи го така додека испушта воздух и одма заврти го кога веќе не излегува воздух туку течност. Ова се прави со двете шрафчиња

Пази.....ако имаш многу воздух во системот, можиш да ја прегрееш главата од моторот, бидејќи целиот воздух оди горе

9557.jpg
 
argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.589
Поени од реакции
2.092
Сте имале проблем кога штрафовите ви превртуваат во главчината на тркалото кога менувате гума? Од 5 штрафа 2 ми превртуваат и никако не сакаат да стегнат до крај,или е штрафот проебан или навојот на главчината од тркалото,пробав го тргнав алуминиумскиот бандаж оти е подебел и ставив потенок челичен обичен бандаж,штрафот се фати,веројатно ќе да е до навојот во главчината и додатните 3-4 милиметри кои ги добив со потенкиот челичен бандаж!
Е сега прашањетио ми е дали се прави нов навој на главчината со нарезница монтирана на бургија? Или да купам половна главчина (50 евра) или да купам нови 3 милиметри подолги штрафови? Некој со слично искуство?

Најпаметно е да купиш нова главчина и нови (или половни здрави) штрафови...половните главчини се ризик...од кај знаеш како е претходно стегана и колку ќе држи винтот. Рачунај ако пуштат винтовите дур возиш, летање од пат или сериозен судар не ти бега.

Инаку се расипува од стегање со пиштол без мера...една од причините што сам менувам гуми на колата.
 
Последно уредено:
Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.634
Поени од реакции
1.489
Decki kolku volti treba da pokazuva akumulator na nezapalena kola?
Mislam deka mojot e ojden iako e smenet vo Maj lani. Prvo mi svetna sijalicka denes(pokaza deka e slab i ke se polni pri vozenje), a na nezapalena kola dashcam pokazuva 11.75v i e Bosch s5 koj bi trebalo da e AGM ali sea nesto se mislam deka moze imaat staveno obicen i za toa e ojden. Neam alat za da otvoram i izmeram voltaza ili pa da vidam dali e AGM, so obicni klucevi ne se stiga do strafovite koj go drzat u mesto.
Ke ja nosam kolata utre od kaj sho go zemav bidejki bi trebalo da ima 5god garancija.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom