Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.590
Поени од реакции
2.095
Значи има мотор и мотор не може така да генерализираш. Цените на одржување се тука некаде во истата класа на возила...сега нормално одржување на 3.0 V6 машина не може да се спореди со дизел или бензинец од 2.0 литри.

Ако ти кажам мој зет, значи близок роднина, помина бар 200 000 км во пунто од 2000-та година и сигурно имаше барем толку кога го зеде...и сега како можам да речам дека моторите на фиат не чинат? Барем тој мотор што го имаше во пунтото. И тоа зборам за здраво возење по 25-30 000 км годишно во просек а често одеше и во странство со колата, значи не беше некој крш со кој вртел кругчиња низ град, до пазарче, итн. Колата беше пали вози, буквално.

Еве јас возам француска кола од 1998, моторот троши по 500 мл масло на 10 000 км, километри ни сам не знам колку има сигурно преку 400 000, на киломтраж има 280 000...и сега не чини моторот оти бил француски? Колата е авион, сега да ми речат би тргнал на релација 1000 км без проблем.

Има непогодени мотори од мајка кај сите производители...ама и да е непогоден моторот со правилно одржување ќе помине доста.

А инаку и најпогодениот мотор може да појде курбан и за 100 000 км ако не се одржува правилно, или ептен се вози абдалски без да пазиш на масло, на температура, на антифриз, филтри, итн.
 
Последно уредено:
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.470
Поени од реакции
5.473
Занчи има мотор и мотор не може така да генерализираш. Цените на одржување се тука некаде во истата класа на возила...сега нормално одржување на 3.0 V6 машина не може да се спореди со дизел или бензинец од 2.0 литри.

Ако ти кажам мој зет, значи близок роднина, помина бар 200 000 км во пунто од 2000-та година и сигурно имаше барем толку кога го зеде...и сега како можам да речам дека моторите на фиат не чинат? Барем тој мотор што го имаше во пунтото. И тоа зборам за здраво возење по 25-30 000 км годишно во просек а често одеше и во странство со колата, значи не беше некој крш со кој вртел кругчиња низ град, до пазарче, итн. Колата беше пали вози, буквално.

Еве јас возам француска кола од 1998, моторот троши по 500 мл масло на 10 000 км, километри ни сам не знам колку има сигурно преку 400 000, на киломтраж има 280 000...и сега не чини моторот оти бил француски? Колата е авион, сега да ми речат би тргнал на релација 1000 км без проблем.

Има непогодени мотори од мајка кај сите производители...ама и да е непогоден моторот со правилно одржување ќе помине доста.

А инаку и најпогодениот мотор може да појде курбан и за 100 000 км ако не се одржува правилно, или ептен се вози абдалски без да пазиш на масло, на температура, на антифриз, итн.
Се сложувам со тоа што го имаш пишано, имам Клио од 93та, уште е „пали вози“. Душата му е извадена и уше не се дава. Километража никој не знае колку има.
Муабетот ми беше сега да треба да се бира помеѓу Фиат и ВВ машина што да се одбере? Што е по сигурно/по добро. Реално ти не знаеш кола што си ја видел на Реклама 5 како е одржувана и слично. Нормално секоја машина може да биде погодена ептен, другар Алфа има 4 години и уше на мајстор нема отидено (да не го урочам само :D ).
 

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.590
Поени од реакции
2.095
Па реков мотор и мотор има. Секоја кола е посебен случај, треба да се види на лице место. Во возење како оди колата да се види итн. а и визуелно се гледа чувана и одржувана кола се гледа некоја што главна цел му била да даде што помалку за одржување. Види го газдата ќе сфатиш каква е колата,...во некој случаи ова е и тоа како точно.


Генерално општо правило е дека слаб мотор и тешка кола е лоша комбинација па која сака марка нека е. Тешко дека тој мотор ќе трае, па на старо по паметно е да одбереш поголем/појак мотор, без разлика на марка.
 
Последно уредено:
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.636
Поени од реакции
38.814
Се сложувам со тоа што го имаш пишано, имам Клио од 93та, уште е „пали вози“. Душата му е извадена и уше не се дава. Километража никој не знае колку има.
Муабетот ми беше сега да треба да се бира помеѓу Фиат и ВВ машина што да се одбере? Што е по сигурно/по добро. Реално ти не знаеш кола што си ја видел на Реклама 5 како е одржувана и слично. Нормално секоја машина може да биде погодена ептен, другар Алфа има 4 години и уше на мајстор нема отидено (да не го урочам само :D ).
Никој не збори за мајстори, кај сите е пали вози, само уље и дотурам, 7л градска ми троши и слични булшит муабети. Ја со скоро нов мотор 55к поминато сум менувал семеринг на радилица и други ситници, што па за нив со по 200 илјади свртено.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.964
Поени од реакции
14.714
Малиот Цитроен Ах не троши ни грам масло......на времето како понов му имам ставано и 5-30 масло и го возев негде 17-18 000 км и колку ставив толку и извадив масло. Ни капка не фалеше(сите мотори трошат, но кај некои тоа е сосема незабележливо)
 
Член од
12 јули 2011
Мислења
854
Поени од реакции
405
Дали некој некогаш порачувал делови од ebay ? Стигаат ли без проблем и за исто време како што пишува таму на огласот ?
 
Член од
26 октомври 2016
Мислења
1.911
Поени од реакции
1.378
Дали некој некогаш порачувал делови од ebay ? Стигаат ли без проблем и за исто време како што пишува таму на огласот ?
Јас порачав за прв пат и ги чекам да стигнат. Пред две недели е напраена нарачката и од јоом порачав ситни работи па ќе видиме шо ќе бидни.
 

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.590
Поени од реакции
2.095
Дали некој некогаш порачувал делови од ebay ? Стигаат ли без проблем и за исто време како што пишува таму на огласот ?

Стигаат без проблем, иако сега со коронава може да има некое закаснување, инаку во просек од европските земји стигаат за недела две, од кина до кај месец, ова пред да фати коронова.
 
Член од
25 февруари 2019
Мислења
351
Поени од реакции
203
Дали некој некогаш порачувал делови од ebay ? Стигаат ли без проблем и за исто време како што пишува таму на огласот ?
Некогаш, да (пред состојбата со границите/аеродромите), стигаат без проблем од еу 2 недели или 3та на почеток, од Чајна и Индија знајш месец до 45 дена. Сега нз дали е погодно за нарачување (федекс, упес, дехаел работат без проблем ама pain in the ass се процедурите и прескапо е), ако не стигнат можи рефунд да бараш.
Автоматски споено мислење:

Реално гледано мала кола од 99-2005 година добро сочувана не наоѓаш. Многу тешко тоа. Ретко кој ти купува градска кола за да ја чува и оддржува. А и обично тие по сочуваните прво се нудат по пријатели па после гледаат оглас. (Како јас што ја земав, нели и тука прашував, кога имав проблем со немирна работа, бомбината била).
Ако треба да се бира помеѓу мотор на Фиат и мотор на ВВ што мислиш ти дека е подобро? Збориме за 20 години стар мотор...
Моторот нема да направи разлика, фиатот со помалку сериозни проблеми (читај поефтино) ќе помини, ама остатокот од колата е поверојатно да се распадни побрзо кај пунтото во споредба со полото или голфот (иако е друга класа).
 
Последно уредено:

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.590
Поени од реакции
2.095
Малиот Цитроен Ах не троши ни грам масло......на времето како понов му имам ставано и 5-30 масло и го возев негде 17-18 000 км и колку ставив толку и извадив масло. Ни капка не фалеше(сите мотори трошат, но кај некои тоа е сосема незабележливо)

Многу има врска и самата конструкција на моторот и колку е тој оптеретен. Ах-от е доста лесно количе и моторот воопшто не е оптеретен.

Ако е потешка кола со тој мотор, таму кај што врвиш со трета ти со цитроенот, ќе треба втора и повисоки вртежи кај потешка кола. Е ова баш придонесува за потрошувачка на масло.

Поголеми вртежи, побрзо се движат клиповите, нема време маслените карики да си ја вршат работата за која се наменети.

Генерално постарите француски мотори ако се здрави и не тече од некаде, не трошат скоро ич масло, ова важи и за бензин и за дизел. Ако трошат има сериозна причина за тоа и си треба отворање.


Новиве мотори и француски и други можат и по литро на 1000 км да трошат и пак навидум да е се ОК со моторот.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.801
Поени од реакции
3.053
Што мислите за Сеат Ибица 1.2 tdi ecomotive? Заинтересиран сум да земам на старо
 

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.590
Поени од реакции
2.095
Многу е слаб моторот друже. Збориме за три цилиндри мотор од 1.2 литри и тоа дизел. Тешко дека ќе трае, едноставно премал е моторот и премногу оптеретен. Згора на тоа спора ко желка е.


Барај друга кола.
 
Член од
17 мај 2016
Мислења
3.655
Поени од реакции
4.142
Од вратата кај возачот можам да ги заклучам и отклучам сите 4 врати, исто треба да биде и за врата кај совозачот.
Првиот проблем е кога од вратата кај совозачот пробувам да ги отклучам вратите, се отклучува само таа врата другите 3 врати не се отклучуваат. За заклучувуање работи нормално ги заклучува сите 4..
Втор проблем е додека возам и ги заклучувам вратите, после некоја секунда сами се отвараат.
Некој да не имал сличен проблеми или искуство?
 

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.590
Поени од реакции
2.095
Лош контакт во жиците кои одат во вратите, можда некоја е скината. Обично се прекинуваат во тие гумени црева што одат од каросеријата до вратата.

Друга опција е да се здрави жиците ама бравата во совозачката врата да не е во ред. Има внатре микропрекидачи кои треба да дадат сигнал дека вратата се заклучила или отклучила. Ако не работат ќе прави баш така ги заклучуваш па сами се отклучуваат. Ова е заштита за да не блокира некоја врата ако не работи системот како треба.

На дијагностика би требало да може да се види со која врата е проблемот и кој микропрекидач е расипан. Е сега на некој коли се отвора бравата и може да се смени внатре микропрекидачот ама кај некој треба цела брава да ја смениш зошто не се отвора и поправа.
 
Член од
12 јули 2011
Мислења
854
Поени од реакции
405
Некогаш, да (пред состојбата со границите/аеродромите), стигаат без проблем од еу 2 недели или 3та на почеток, од Чајна и Индија знајш месец до 45 дена. Сега нз дали е погодно за нарачување (федекс, упес, дехаел работат без проблем ама pain in the ass се процедурите и прескапо е), ако не стигнат можи рефунд да бараш.
Автоматски споено мислење:


Моторот нема да направи разлика, фиатот со помалку сериозни проблеми (читај поефтино) ќе помини, ама остатокот од колата е поверојатно да се распадни побрзо кај пунтото во споредба со полото или голфот (иако е друга класа).
Од Германија сакам да нарачам делови за моторот . Не се нормални тие од федекс и дехаел , повеќе пари за шипинг бараат отколку делот што кошта . Со нормална пошта поштарината ми испаѓа околу 30 евра . Е сега сметам дека поштата функционира бидејќи редовно добивам пошта од САД . Ќе порачаме па ќе видиме
 

Kajgana Shop

На врв Bottom