Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.516
Поени од реакции
34.573
Земи со унимерот измери напон на акумулаторот при запалена кола. Ако е од 13.5 волти до кај 14.5 тогаш ок е се (идеално над 14 волти). Е сега ако свети ламбичето а измериш 12,1 волти или слично е тогаш имаш стварно проблем и или не ти полни алтернаторот или каишот лизга макар да ако лизга би требало да вади некој звук ама и не мора.

А наутро пред да ја запалиш колата би требало напонот на акумулаторот да е барем 12.4 волти, ако е пониско можда акумулаторот ти е за менување (не држи струја) народски кажано хаха
На изгасена кола ми јави 13.2, при палење акумулаторот падна на 9 волти, ама за време на запалена кола не полни алтернаторот, 12.1 е на запалена.

Каишот го гледав вака изгледа дека не дрма никаде, шајбната не клапа воопшто, ги исчистив клемите со фин сосијат и пак е ист проблемот.
Ја оставив сабајлево на сервис, дечкото вика најверојатно е реглерот, е сега досега не сум правел кај овие ниту пак сум имал ваков проблем, колку да очекувам да ме благословат за делот и работна рака?
 
Член од
25 февруари 2019
Мислења
351
Поени од реакции
203

Најверојатно е во право, цената зависи од возилото и комлицираноста за вадење, реално работна рака околу 1000че треба да земи.
 
argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.589
Поени од реакции
2.092
На изгасена кола ми јави 13.2, при палење акумулаторот падна на 9 волти, ама за време на запалена кола не полни алтернаторот, 12.1 е на запалена.

Каишот го гледав вака изгледа дека не дрма никаде, шајбната не клапа воопшто, ги исчистив клемите со фин сосијат и пак е ист проблемот.
Ја оставив сабајлево на сервис, дечкото вика најверојатно е реглерот, е сега досега не сум правел кај овие ниту пак сум имал ваков проблем, колку да очекувам да ме благословат за делот и работна рака?

Реглерот е најверојатно, самиот реглер е околу 15 - 20 евра, е сега работна рака зависи од мајсторот и од возилото, на некој одма се вади алтернаторот а на некој треба доста работа за да се извади.

Јас би ти рекол да го сервисираш комплет алтернаторот, лагери, прстени, итн. и така е изваден. Може по два месеци пак нешто да се деси, и пак да ти земат работна рака за вадење ставање.

Не е многу разлика, лагери нека се плус 10 евра и толку нека се плус прстените.
 
Член од
6 ноември 2017
Мислења
84
Поени од реакции
26
А да го кажиш кој е овај "мајсторот" да ги отвориме очите ако одиме (не одиме) кај него.
Автоматски споено мислење:

Јас за мотор имам ваква процедура правено, прво се прави процената врз основа на што кажал мајсторот и потоа на увид треба да се донесат старите делови со фактури (фискални). И ако не ги побараш ти тие работи не знам како би ти ги исплатиле парите.
Најпрво Ви благодарам на сите на одвоеното време и коментарите. Искрено поминувам низ многу тежок период. При целата мака што почина татко ми пред 2 дена. При 10 денови заебанции по докториве, мене и оваа будала од сервисов уште ме дупи. Колата искрено ми е потребна, секој ден имам обврски. Последно нешто е тоа што пред 2 дена бев во полиција, сакав да се консултирам со инспекторот, а налетав на рандом почицаец што ми кажа се што знам. Исто така спомна да одам во локалната полиција кај сервисот(сеуште не сакам да откријам кој е, иако до сега требаше да биде се јавно, сепак ќе му дадам прилика да се извлече) но, полицаецот не ми остави некако доверба дека стварно тоа така е изводливо и полицијата навистина ќе застане позади мене.
Друго нешто.. се консултирав со друг адвокат кој беше искрен и фер.. рече да не ти земам пари, колата или ќе ја платиш иако ти е ризик и ќе ја земеш.. или на сила ќе ја земеш, што исто така е ризик. Само Бог да ти е на помош-цитирам. После тоа ми пишал SMS, јави ми се да те советувам, но се деси тоа што се деси со татко ми... искрено премногу сум погоден и стварно не можев да се сконцентрирам на проблемот со колата, иако навистина ми е потребна.
 
Член од
26 октомври 2016
Мислења
1.904
Поени од реакции
1.365
Ти како да имаш куќа над болницата...:D, т.е. ЕМУЦ-от каде учев пред многу години

фелицијата си троши и да е топ средена. Возев едно време топ очувана од мојот ,,ѓуш,, која ја продадовме во Кавадарци за 600 евра, а имаше само околу 70 000 км
Да, над болницата живеам поправо лавчанскиот дел :D
Убај коли се ама си трошат бензин а мојава си трошеше и масло. Двапати во годината дотурвав по 300 грама. Негледав на то ич, ја дотервав ја чистев стално и немаше нешто да чука или тропни ама неодеше на угорници, тежок волан посебно со четворица внатре и добив комплекси и муабети како 'абе земиси друга поновоа со клима со серво јак мотор и ради то ја продадов во Прилеп. Земање ијас на крај опел :pos:.... Додуша се покажа ама и доста имав за средување. Шкодата гарант е товарана до даска:eek::D
 
Член од
13 јануари 2015
Мислења
785
Поени од реакции
266
Здраво момци, колава ја имам веќе 7 години и сакам да ја исчистам климата зашто почна да се чувствува некој чуден мирис кога ја пуштам да дува. Немам искуство со ова, до сега не сум ја чистел. Може ли некој да ми каже како иде процедурата, и кој чистач да го земам? Климатроник е, ако е битно.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.906
Поени од реакции
14.598

менувај филтер на клима...многу често на ,,редовен сервис,, сервисерите не го менуваат поради лошиот пристап. кај многу коли треба еж да родиш за да го мениш(италијанските на пример), а преќутуваат дека не го смениле

од процесот на многу ладно што го прави климата, се собира мувла на филтерот и мириса лошо

која кола е?
 
Сменет е филтерот, пред мене лично го менуваа. Се работи за Бмв е90
 
Не е кај сите италијански тежок за менување. Ама да, има и полесни без отштрафување.
Автоматски споено мислење:

Сменет е филтерот, пред мене лично го менуваа. Се работи за Бмв е90
Дали ти е исчистен одводниот канал, што ја испушта водата од долна страна?
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.373
Поени од реакции
38.352
Има едно апаратче се вика озон генератор, тоа ќе очисти све што има бактерии во климата и нема да смрди. Ми искочи пред некој ден оглас за некое хемиско кај што имаат такво нешто, али заборавив.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.232
Поени од реакции
7.040
На два сервиса ја носам колата и као демек праеле нешто со озон ама не гледам ефект. Се ми се чини дека немаат ништо направено. Сеа едем вели имало некое средство на ликви моли и со пења ќе се дезинфицирало све. У вторник ќе видам што како. Иначе не е до филтерот за полен, тој е редовно менуван. Проблемот е во користењето н климата и после тоа искучување и гасење на моторот при што се кондензира вода и прави мувла во цефките. Треба климата да се гаси 10 минути пред да стигнеш до целта за да не се дешаваат вакви глупости. Ум за друг пат.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.906
Поени од реакции
14.598
Највероватно мувла е нафатена на жлебовите од внатрешното казамче/радиатор. Тоа треба некако хемиски да се исчисти...а како????
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.232
Поени од реакции
7.040
Највероватно мувла е нафатена на жлебовите од внатрешното казамче/радиатор. Тоа треба некако хемиски да се исчисти...а како????

Не сум механичар иначе сам би го направил ова.
 
Последно уредено:
Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.634
Поени од реакции
1.489
Baraj nekade sprej za cistenje klimi, kaj mene gi vikaat aircon bomb. Ja pustas klimats ds go vrte istiot vozduh, pritiskas sprejot(avtomatski sam se ispusta), zatvaras vrati i cekas 10ina minuti.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.232
Поени од реакции
7.040
Здраво момци, колава ја имам веќе 7 години и сакам да ја исчистам климата зашто почна да се чувствува некој чуден мирис кога ја пуштам да дува. Немам искуство со ова, до сега не сум ја чистел. Може ли некој да ми каже како иде процедурата, и кој чистач да го земам? Климатроник е, ако е битно.
Baraj nekade sprej za cistenje klimi, kaj mene gi vikaat aircon bomb. Ja pustas klimats ds go vrte istiot vozduh, pritiskas sprejot(avtomatski sam se ispusta), zatvaras vrati i cekas 10ina minuti.
[/QUOTE]
Тоа не врши работа. Мирисот трае само една недела, после е се по старо.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom