Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.966
колку што гледам кај мене, нормално е при давање контакт да се запалат сите или повеќето сијалици за проверка на системите. Лошо е ако после тоа останат да светат. Ако при возење ти останале, тоа не би требало да свети. Мене исто ми се палат сите при давање контакт, бројам до 5-6 па по секунда се гаснат, освен некои, додека не се стартува моторот.
Порано беше само случај на сл.2, по палење на мотор останува само рачната (ако не е спуштена).
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.821
Поени од реакции
2.911
Зборот ми беше дали надворешната температура може да има влијание на прецизното оттчитување (и во двата случаи 12ч изгасен мотор). На висока надворешна температура +1мм за разлика од нормална (по ладно време) надворешна температура (исто 12ч изгасен мотор). Физика на ширење на течности или?
Не влијае отчитување туку само густината ( ширење и собирање) и ништо друго тоа е нормално


Sent from my iPhone 8 Plus using Tapatalk
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Се работи за Фиат пунто -бензинец.
Во врска со мерење на ниво на масло. На јако топли денови (висока надворешна температура) и покрај тоа што колата не е запалена пр. 12 часа нивото на маслото е 1мм повисоко на шипка за разлика од кога надворешната температура е нормална (по свежо време). Нормално или не? Фала
Да се работи за проста физика, односно на +30 степени (надворешни) и на +15 или 0 (надворешна температура) густината на течностите не е иста. На 0 или да речеме +15 волуменот ќе биде помал за разлика отколку на +30. Така да ширењето на течноста (маслото) е нормална работа. И 48 часа да стои колата на водорамна површина кога ќе мериш на +30 нивото ќе изгледа дека е повисоко поради ширењето на маслото предизвикано од висока надворешна температура, а на +20 незабележително (како што кажа 1мм) ќе изгледа пониско. Има и формула за пресметување ама да не гњавиме без потребно.
Затоа како што пишува во книга мери го нивото на топол мотор (да достигне работна температура), изгаси ја колата и почекај 5-10 минути додека се спушти маслото во картер и ќе ја добиеш истата вредност и лето и зимо. Барем кај мене така пишува во упатство. Нека ме поправи некој ако грешам.
 
Член од
11 октомври 2017
Мислења
412
Поени од реакции
153
Моторот е целосно ист. Леонот е малце потежок и зато е малце потромав али разликата во снага е многу мала. Леонот е малце постабилен во кривини и кокпитот внатре му е гумиран така да нема мака од пукнатини а кај голфот се е пластика и доста крцкат лајсните. И двете возила имат мака со казанчето за паарно и проблем со егр и турбина.
Класична мана на 1.9 тди 105кс.
Чим е загреана колата и се оптерети моторо на угорница и ако линеј масло од егр, бегај однеа....Евего брачетми мака мачи со сеат леон 2005 1.9тди,на 2000км пола литро масло дотурва.
Ако толку беа добри голф и сеат со тие мотори прв ќе земев. Астра х 1.7цдти космо опрема не се осеќа ниту да крцни ниту да чука пластика ниту проблем со егр или со турбина. На 9000км ки потроши 240грама масло...300 000има...


Другар ми има Гол 5 1/9 Тди 2007 веќе две години,немал мака никогаш со турбина (Незнам само што е ота Егр),нити со казанчето,ама ептен ја одржава,се гледаме нон-стоп знам дека и моторот го изми,нема ни масло потрошено ни ништо,дали стварно имаат маана,или до тој што ја вози/одржава,каков ќе и е к'сметот незнам,тој ми вели подобро е Голф 5,и заради делови повеќе достапни се,али добро како поговоркана:Секој си ја фали робата,затоа сакав повеќе мислења да слушнам
 
Член од
24 октомври 2008
Мислења
1.382
Поени од реакции
248
Некој коментар да даде за Сеат Леон 2005/6 година, 1.6 бензин, погоден мотор или не ? Дали имаат некоја мана тие мотори на леонот, добри/лоши страни ? :)
 

Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.098
Поени од реакции
1.885
Некој коментар да даде за Сеат Леон 2005/6 година, 1.6 бензин, погоден мотор или не ? Дали имаат некоја мана тие мотори на леонот, добри/лоши страни ? :)
Најпогоден за разлика од 1.4
Не очекувај забрзување јако ... за културно воззење е одличен, трпи плин
Секако провери го на мајстор страда дихтунг на вентили
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.629
Поени од реакции
34.888
Другар ми има Гол 5 1/9 Тди 2007 веќе две години,немал мака никогаш со турбина (Незнам само што е ота Егр),нити со казанчето,ама ептен ја одржава,се гледаме нон-стоп знам дека и моторот го изми,нема ни масло потрошено ни ништо,дали стварно имаат маана,или до тој што ја вози/одржава,каков ќе и е к'сметот незнам,тој ми вели подобро е Голф 5,и заради делови повеќе достапни се,али добро како поговоркана:Секој си ја фали робата,затоа сакав повеќе мислења да слушнам
Кога ќе сфатиш дека имаш проблем со турбината е веќе касно, треба да ја смениш :)
Да инаку не мора да значи дека секој голф ќе има мака, тоа што го пишал Мартин погоре е претпоставувам заклучок на искуство дека има видено повеќе коли од овој модел со таков дефект, многу фактори зависат дали ќе цркне тој дел или не, иако ако е проблем при дизајн тогаш ќе биде рефлектиран проблемот на многу возила од таа серија.
Еве ти што е ЕГР, инаку скапичок е за промена, 150тина евриќи секако.
Ми се истури сирење во кола. Го поминав со сунѓер и сјај, но уште мириса. Како на друг начин да ја решам ситуацијава, освен нели, хемиско чистење?
Јави им се на дечките што продаваат Ма-Фра, јас го зедов за гепекот тоа од 5 литри и го тргна мирисот на тоа што имав истурено одма. Има и помали и поефикасни средства со распрснувач, а квалитетот е супер, дури и кремови што ги имам земано за маската се супер, како бренд ги користат многу од овие што работат со дитајлинг.
Е сега тоа средство од 5л е најдобро да се нанесе со тие правосмукалките што ги користат за хемиско, али јас глумев карате кид и се турив во рибање на рака цел ден и колата ја направив стакло внатрешно и мирисаше супер долго време.
 

ASZ

Член од
31 август 2019
Мислења
1
Поени од реакции
0
zdravo sakam da zemam passat b6 2.0tdi 8v od germanija sto mislite za motorot dali e dobar diznite se smenati vo oficicijalen servis slusnav deka trosat maslo i deka imaat problem so pumpata za ulje
 
Член од
29 септември 2015
Мислења
183
Поени од реакции
50
Проблемите би требало да се на 2.0 ТДИ 16V.

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk
 
Член од
28 април 2009
Мислења
746
Поени од реакции
505
Мислење за 1.4 мотор кај Фиат Пунто 2006, со вграден плински уред.
Што маани има?

Sent from my SM-A750FN using Tapatalk
 
Член од
11 октомври 2017
Мислења
412
Поени од реакции
153
Дали мислите дека за нашиов пазар овде во Македонија,дека Волскваген (Пасат) е најпреценетата кола еве зошто? Котира доста високо на пазарот,држи цена колку Ауди,Мерцедес,Бмв,40-50 % можи и повеќе има исти/слични делови како Ауди,доста иста и скапа предница,идентична како Ауди,а сепак е пониска класа.......И како е овде пазаров да имате нешто како Форд,Фијат и било што друго одржано,гаражирано сервисирано,да сакате да ја продадете ќе треба за малку пари некого со кола да го направите,зошто воопшто недржи цена.
 

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.589
Поени од реакции
2.092
Се занимавам со дијагностика па еве збор два.

Не само пасат општо фолксваген е преценет. А се плаќа само името, друго ништо. Коли се како и сите други. Освен предница, VW е познат и по одењето на турбини што изгледа е плански направено од фабрика.
Тураните со мењачите од сирење направени нема да ги спомнувам,,,ама низ сите мани се прогледува низ прсти оти е германско и затоа држи цена. Не ми смета кој сака нека плаќа плус за неодржавани канти со правиот знак на маската кога за истата цена има ептен солидни коли во иста класа кој се и до 5 години понови. Мене само ми одговара тоа оти имам повеќе потенцијални муштерии, па ко воли нек изволи.
Автоматски споено мислење:

Мислење за 1.4 мотор кај Фиат Пунто 2006, со вграден плински уред.
Што маани има?

Sent from my SM-A750FN using Tapatalk
Ако не ти пречи што е тром малку за на отворено, Ок е моторчето.

Маани стандард е дихтунгот на главата, прашај дали е сменет зошто ако не е, големи се шансите дека ти ќе го менуваш.
 
Последно уредено:

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.641
Поени од реакции
27.890
Дали мислите дека за нашиов пазар овде во Македонија,дека Волскваген (Пасат) е најпреценетата кола еве зошто? Котира доста високо на пазарот,држи цена колку Ауди,Мерцедес,Бмв,40-50 % можи и повеќе има исти/слични делови како Ауди,доста иста и скапа предница,идентична како Ауди,а сепак е пониска класа.......И како е овде пазаров да имате нешто како Форд,Фијат и било што друго одржано,гаражирано сервисирано,да сакате да ја продадете ќе треба за малку пари некого со кола да го направите,зошто воопшто недржи цена.
vw држи цена затоа што половен голф 6 и нов ајфон 9 у џеб е сонот на секој сељак од Атина до Суботица
 

Kajgana Shop

На врв Bottom