Однапред се извинувам за глупавото прашање ама морам...
Јас сум возач почетник, возам само 1 месец и купив пунто гранде 1.4 бензин произведено 2006. Патот до работа и назад не ми е некоја гужва (застанувам на 1 семафор само) и е во должина од 6км во правец. Значи за 15 денови изминувам околу 300км.
Ве молам вас искусните, да ми посочите како треба да се вози за да се заштеди повеќе гориво, бидејќи досега мислам дека трошам многу гориво. Ме интересира како да се тргнува со колата, со која брзина да се вози, кога да се става или да не се става во лер, до колку обртаи да се оди и сл.