Пак на крај се сведува каква е колата, во Дупница ме однесе пријател на „проверен плац“ да гледаме кола, од надвор колата стакло зачувана, внатре хемиско направено мислиш вчера излегла од салон, дигам диплата во гепек под резервната гума крпена, легнувам долу уште на 2 места крпено, а демек овој од тој плац имал купено повеќе коли и сите биле супер.
Со старо возило само отворени очи и со вас човек што навистина си ја разбира работата, или ако ептен немате близок човек тогаш одете да ја проверат во некој сервис (по можност поголем) и да ви издаде на писмено забелешки оти мала држава сме и се некаде испаѓа некој да се знае со некој друг па дури и механичарот ќе премолчи многу недостатоци ако се знае со газдата, особено ако купувате од плац/проматар кој се знаат со цел град.
Еве една случка од пред 3-4 години со луѓе што демек се експерти, човекот е автомеханичар комшија ми е, хардкор лик кога станува збор за VW, демек гољф и ништо на планетава. Купи гољф 5, море го ставаа на дијагностика, го гледаа на канал, колата коска, моторот спие, не поминаа десетина денови колата почна цела да кркори пред ремонт, имало некои адитиви кои ги турале по плацевите за да се смири моторот и да чади, неколку денови е во ред и после за во отпад.
И покрај се на крај кога ќе се расипе ќе ви кажат „тоа е старо возило, не сум во него да знам дека бил некој дел дотраен“, така да секој со среќата, плацовите ви се мачка во вреќа, проматарите што ги има во сите градови кои носат по 1-2 коли и ги шиткаат по реклама 5 ви се исто превара „донесена со возење
“, ако одите во Германија да земате гледајте како се вика тој што ја продава, ако е Турчин или некој доселеник бегајте подалеку, ако е стар Германец тогаш шансите да ве заебе со доста помали, сепак очите широко отворени.
Сум пишувал и претходно на кој начин се купува најдобро кола и во кој начин би се поминало поевтино.
Се разбира ова не е секогаш правило, но во голем дел од случаите е подобро.
Кола се купува пред се од приватно лице бидејќи често има помалку давачки околу колата
Ако веќе се оди на плац се гледа само дали колата е удрена, дали е добар менувачот и дали тропа ламелата.
Потоа веднаш почнуваат сервисите кои треба да се направат, бидејќи горе колите се фрлаат особено пред голем сервис.
Таму сервисите се скапи и колите најчесто се оставаат пред големи сервиси.
Откако колата ќе се земе од плац веќе сте во ризик (или го намалувате векот на колата) ако не се направат овие сервиси и не се променат овие делови
Ова се дополнителни давачки кои треба да се платат.
Задолжителна Регистрација и таблици просек околу 300 евра
Веднаш промена на ребрасти каиш или ланец. 220 - 400 евра
Промена на гуми ако се постари од 4-5 години 200 - 500 евра
Промена на уље во менувач ( знам луѓе што се имат изгорено што не промениле) 20 евра
Правење на мал сервис ( уље, филтри комплет) 100 евра
Сето ова ја крева цената за најмалку + /- 1000 евра.
Нажалост кај нас, познавам многу луѓе кои и при толку зборење занемеруваат многу од овие работи.
Особено неможам да ги разберам оние луѓе кои купиле мерцедес, ауди, бмв и истите ги возат со стари полураспаднати гуми.
Се прашува некој Како може да се спасат барем дел од овие давачки?
Па да се купи кола од приватно лице. Во многу случаи овие работи погоре се променти па во добивка сте горе долу 1000 евра (под услов да приватната кола биде иста цена како на плац)
Второ предност на половното е што може да се проба на автопат и по дупки и да се види 90% од возилото.
Но народов наш некако како тие работи да не ги рачуна. Имам во комшии татко кој на ќерката која положила и купи кола од плац пред некој месец. Битно е и купи кола, се испофали, но гуми кои се веќе 70% потрошени
Најжалосно е што и при купување му е сеедно дали ќе купи приватна кола во која вложил некој претходно или некоја од плац.
Едноставно жално е што луѓево се научија да возат коли кои не се технички исправни, и повеќето од нив не се ни обидуваат да ги донесат во таква состојба.
Колку коли само дневно гледаме што чурат и тоа видливо црн катран дим. И се бетер стануваат работиве