Имам пасат точно тој модел 97 година, 90ks, 66kw
Сега треба да го регистрирам за месец дена, почни регистрацијата прво ти е околу 9500 денари... што и не е така многу.
пред да купам, ме посоветуваа да е од ова годиште, да не е околу 2000+, зошто и како не се сеќавам, мислам дека е нешто поврзано со дизни и нивно расипување (можно е и да грешам, незз точно).
одржавање: сервис на каиши и уље, како и сите други течности во колата ќе треба да си направиш кога ќе ја купиш (без разлика кој што ти кажува)
најди добар мајстор за предница, добро да ги прегледа рамената и јабучиците пошто ако се репарирани (само за продажба стегната предница) ќе фрлиш добри 300еур за да ги замениш сите, а ги има 8.
кај пасатите, а и генерално на тој мотор 1.9tdi 90кс кај ауди и пасат, често им е проблем потрошња на антифриз/вода. кај мене тој проблем се јави на поголеми обртаи и уште го имам (засега дотурам само вода и терам), но и што имам зборувано со други кои имале и возеле коли со овој мотор... чест проблем е. решение викаат дека е рамнење декла на глава (ако не грешам) и тој зафат е минимум 50еур.
ќе си провериш гумите дали се добри, која година се, колку се трошени. гледај да земиш со стандард гуми 195/55/15, како и климата ... гледај да ја однесиш на сервис и да ти кажат дали е во ред клима, цевки, компресор за клима, перка за клима...
тие работи се онака покрупни и на кои ми текнува, а сè останато ти е среќа и ксмет да не ти се расипи тебе туку на следниот на кој ќе ја продадеш, пошто правиме муабет за коли стари по 20+ години... или тука некаде...
за вожња, тенк. добро лежи во кривини, стабилна е на пат, не е лека кола, самата кола тежи над тон и триста килограми... така да, стабилност на пат и добра вожња имаш
потрошња... во град 8 (сакам да ја стегам
) , на отворено 5.5
амортизацијата, нормлано е да ти амортизирана кола, дали кој и кога менувал амортизери тешко ќе знаеш али генерално очекувај стандард вожња за VW возило.
ако најдиш зачуван, купи го, претходно направи му добра проверка на овие работи, стави го и на компјутер, прашај си (ако сакаат да ти кажат) дали и што е менувано од покрупните сервиси и тоа е тоа....
сите купуваме стари коли, генерално е среќа на што ќе налеташ.
мене ми е прва кола, од секогаш сум сакал да возам пасат и ја возам, супер си е... али дека кошта сервис, кошта нормално. сепак возиш пасат, а не пунто или корса.