Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Член од
6 април 2014
Мислења
4.940
Поени од реакции
6.116
kupiv ulje 10-40 ama posto majstorot dva dena ne e sloboden da go smeni go vozam veke dva dena u bagaznikot na kolata.ke mu bide li nesto ili ne ?
 
Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.098
Поени од реакции
1.885
kupiv ulje 10-40 ama posto majstorot dva dena ne e sloboden da go smeni go vozam veke dva dena u bagaznikot na kolata.ke mu bide li nesto ili ne ?
Што ќе му биде :D нема гајле тоа
Вака сега, едно упатство / објаснување ако може ... Ми се скинало цревото од предната лева кочница. Земав ново и фатив да го менувам. Од кај тркалото / шепата се одврте без проблем, ама од другата страна, од кај тоа цевчето метално несакаше никако. Не ти го прскав со WD, не ти го сецкав да попушти и никако несакаше, па така запнувајќи ги средив и цевчето, се увитка целото и се скрши. Абе ниедна беља не иде сама :D Земав го извадив комплет и цевчето и се убив од Сабота навака од барање по одпадиве и едвај најдов исто, кај мене е 12-ка штраф од кај ABS пумпата, а 11-ка од кај тркалото, а ова по одпадиве се 11-ки од двете страни.И денеска земав да го местам и се убаво, ама при штрафење во пумпата, штрафот да ми фати малку накосо и никако да го заштрафам до крај. Јебига викам, нема друго и земав ја извадив целата пумпа надвор и што ке видам сум го оштетил малку навојот :tapp:. Ја однесов кај еден пријател пошто немам такви урезници со ситен навој да го прережаме и го средивме, го наместив се ОК. И сега знам дека треба да се испушти воздух од сите тркала и испуштив. Ама сега ми свети ABS на таблата и истиот не работи и јавува некоја грешка од некој сензор некаде ( пошто нема борд незнам кој сензор е, туку само тоа извичникот на таблата трепка ). Дали дека ја вадев пупмата, а затоа морав нели и да ја одштекам од џекот, сега треба да се стави на компјутер и да се ресетира истата или што е проблемот ? Утре ке ја однесам на дијагностика да видиме кој е сензорот што се буни:D Ако знае некој или има некој идеја нека каже, чисто за да знам што да очекувам. Не верувам дека е расипана пумпата, пошто додека не ја извадив немаше да свети тоа АBS-от.
Уау текст :) веројатно е дека треба да се стави на дијагностика и да се избрише грешката ... баш пиши што ќе испадне проблемот и за што возило се работи
 
Член од
22 август 2012
Мислења
238
Поени од реакции
166
Здраво

Имам голф 4 тди (101кс) - 2003 година. Имам проблем со делoт кај што е проверката на ујле, цревото на стапчето за ујле (најчесто е портокалово) не се заглавува во моторот, поточно е многу лабаво, и некогаш без да зебележам ми испага и почне да исфрла ујле, незнам како е кај другите но овде да не треба некој стегач да се ставе или нешто слично за овој дел да биде зацврстен за моторот. Дали некој го имал овој проблем.

Исто така мислам дека капе и од друго место но многу многу малку, дали е поголем проблем ако ми малку капе ујле од моторот, чисто малку, наутро некогас не секое утро може да зебележам белег од ујле на асвалтот.

Позз и чекам коментари :)
 
Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Кога работиш таква работа, се знае, клучот во џеб, и акумулаторот откачен. Сега најверојатно ќе треба ресет и адаптација на АБС системот со дијагностика.
 
Sikimco

Подобро ужасен крај, одколку ужаш без крај
Член од
25 јули 2011
Мислења
458
Поени од реакции
99
Имам проблем ми тече ујле од колата. Видов под хаубата и гледам дека капка од кај турбото. Од што би можело да е и дали е опасно ? Се работи за puegoet 206 1.4 hdi, а маслото што му е ставено пред 10 000 km e Castrol 10w40
 
Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.098
Поени од реакции
1.885
Здраво

Имам голф 4 тди (101кс) - 2003 година. Имам проблем со делoт кај што е проверката на ујле, цревото на стапчето за ујле (најчесто е портокалово) не се заглавува во моторот, поточно е многу лабаво, и некогаш без да зебележам ми испага и почне да исфрла ујле, незнам како е кај другите но овде да не треба некој стегач да се ставе или нешто слично за овој дел да биде зацврстен за моторот. Дали некој го имал овој проблем.

Исто така мислам дека капе и од друго место но многу многу малку, дали е поголем проблем ако ми малку капе ујле од моторот, чисто малку, наутро некогас не секое утро може да зебележам белег од ујле на асвалтот.

Позз и чекам коментари :)
Мислам дека си имаш проблем и дека несмее да дува здрав мотор и да фрла уље преку дупката ... нека ме поправи некој ...
значи не треба стегач туку види што е како е со моторот
 
Член од
13 јануари 2009
Мислења
1.311
Поени од реакции
749

Каде да најдам ваква кутија за филтер на старо и што пари е нова.
 
mandak

матапрчо
Член од
26 март 2009
Мислења
797
Поени од реакции
524
Дечки имам гуми летни али се од различна марка,гумите си се океј.Има некоја врска да ги наместам балансирам и центрирам и да терам ?
 
Член од
16 јули 2014
Мислења
842
Поени од реакции
573
Дечки имам гуми летни али се од различна марка,гумите си се океј.Има некоја врска да ги наместам балансирам и центрирам и да терам ?
Totalno nema vrska dali se razlicna marka. Problem kje imas ako ti se razlicna golemina
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
Totalno nema vrska dali se razlicna marka. Problem kje imas ako ti se razlicna golemina
уауу... каков ГРЕШЕН СОВЕТ... немојте вака, некој ке го земе здраво за готово и ек направи беља.. на душа ке го носите...

различна марка на гуми доаѓа во предвид само во пар... напред едни, позади други.. НИКАКО не турај на една страна (напред-назад) две различни...

затоа што:

-секоја гума има различен грип
-секоја гума има различна контрола при вртење
-секоја гума има различна нагазна површина
-секоја гума различно се понаша на одредена температура

под секоја гума мислев секој бренд, за себе...

или на кратко речено, различни гуми на една страна (предна или задна) ке ти донесе до нестабилност при возење, при нагло кочење поготово НА МОКАР АСВАЛТ ке те фрли на некоја страна, т.е. никогаш нема да можеш да закочиш право, туку ке завршиш во некоја друга кола, ивичњак, жардињера, тротоар, човек-пешак итн итн... исто така, при нагло вртење во кривина (на автопат при поголеми брзини) дури и влетување во длапка на патот, ке резултира со фрлање на страна, љуљање пс дури и губење на контрола врз возилото...

затоа, исти гуми, од ист бренд, дури и ОД ИСТА СЕРИЈА треба да се... како шт реков, различно може само во пар, мада и тогаш веке перформансите и на едните и на другите се намалени, но барем нема да се случува исфрлање од линија при кочење и/или возење во кривина...[DOUBLEPOST=1463773194][/DOUBLEPOST]

Каде да најдам ваква кутија за филтер на старо и што пари е нова.
многу ке помогнеше ако кажеше од што кола е, и од кај си ти, па да бидеш упатен кај да бараш нова или половна...
 
Totalno si vo pravo. Zaboraviv da kazam za toa napred-nazad
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
Имам проблем ми тече ујле од колата. Видов под хаубата и гледам дека капка од кај турбото. Од што би можело да е и дали е опасно ? Се работи за puegoet 206 1.4 hdi, а маслото што му е ставено пред 10 000 km e Castrol 10w40
може да е од 2 работи... или почнал моторот да поддувнува, па испареното масло почиња да кондензира во усисното црево, па капе на спојот подоле...

но ак не е тоа, тогаш турбината више ти пробила. ке треба на репарација да ја носиш или да тераш како што е вака додека не рикне скроз. имаш среќа што пежото ти е со клапна на гаста, па неможе да ти се деси рануеј...

рануеј е моментот кога на загреан мотор, ќе почне турбината да го внесува уљето и уљните пареи во цилиндрите.. возилото почнува да рабти на полна гас и неможеш АМА БАШ НИШТО да направиш во тој момент.. евентуално во брзина да го туриш, стиснеш силно кочница и испуштиш кумплунг полека... ова како совет, ако евентално ти се деси. димот е бел и густ, и целата машина останува без масло за некои 4-5 минути, зарибува и фала многу пријатно со тој мотор... затоа иди на мајстор и не се зезај... да нагласам само дека ова важи ИСКЛУЧИВО ЗА ДИЗЕЛИ КОИ СЕ СО ТУРБИНИ...

еве неколку примери на машини кои отишле во рануеј... во вториот клип ке видите некои од НАЈ ДОБРИТЕ СВЕТСКИ МАШИНИ што отишле во рануеј... никој дизел не е имун на оваа болест... си возиш, се си е супер и одеднаш почиња, за 3-4-5 минути немаш више машина под хауба туку куп железо...

баш добри примери има во овој клип:
 
Член од
13 јануари 2009
Мислења
1.311
Поени од реакции
749
[DOUBLEPOST=1463773194][/DOUBLEPOST]
многу ке помогнеше ако кажеше од што кола е, и од кај си ти, па да бидеш упатен кај да бараш нова или половна...
фиат пунто1.2 2007 скопје
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.952
Поени од реакции
14.703
Тоа со кочницата и кумплугот важи и за случаеви кога моторот е прегреан и неможи никако да се изгасни(самозапалување). Мене ми се има случено на Застава 101-вадиш клулот и моторот уште си работи иако неоди струја на свеќиците. Нормално за овие случаи треба и пумпата да е механичка, а не електрична.

Ова се случува и кај стари дизели
 
да.. се случува, ама разликата кај тие и овие во рануеј е што со самозапалување на бензинот, моторот е на маргинте на работење во лер, т.е. едвај работи, а во рануеј иде на максимум обртаи што може машината да врти....

ај вака... чисто да појаснам на оние што незнаат...

дизел машина (било која) уште од памтивек е со автоматчиња за сечење на довод на гориво во бош пумпата и така уствари гаси дизелот... по модерните дизели се со електронски дизни за директно вбризгување, па гасењето е така што они престануваат да врбизгуваат гориво.. проблемот е со дизелите турбини што имаат, а уљето пробило низ турбината (механички дефект на турбина), плус зимајки ја во предвид работната температура на турбината која е загреана исто колку и издувните гасови, па тоа пробиено уље во нејзе станува лесно запаллив гас, кој со помош на истата таа турбина го вбризгува во клиповите и моторот продолжува да работи на уље. аз бидејки има согорување големо, издувните гасови и понатаму ја вртат турбината, и така доаѓа до рануеј моментот кога моторот се качува во максимален режим на работа, не ретко и поише од што воопшто вртел и бил лимитиран, го исцицува уљето сам од себе согорувајки го и зарибува... единствено ако му го затнеш воздухот ке изгаси, бидејки неможе да согорува... и сега кај нас се возат претежно мануелци, па може како погоре што пишав со ставање во повисока брзина и гасење со пуштање кумплунг при стисната кочница... ама на запад претежно се аутоматици, а тоа ке им направи додполнителен проблем, недај боже пуна гас може да заврши со 250 за 20 секунди по булевари да неможеш да го зауставиш...

а тоа со самозапалување, мене ми се има десено двапати, ама додека се дешаваше, се поваљавме од смеење колку уствари едвај работи во моментот и колку е смешно... еднаш на фиќо и еднаш на тристач...

еве бензинец со така наречен рануеј, ама не е баш, зашто е механички бензинец, прегреан, со механичка бензинска пумпа. да еден момент зачади, ама верувам затоа што прелило масло преку гумици на вентили... и гледајте го до крај... вади кабли, и се, и даље работи... а кога проба да тргне со него, снага нула. затоа и ти реков, тоа не е исто што и рануеј, бидејки е на маргини на работа и снага, а рануеј на дизел турбаш е уствари полна снага на машината...

[DOUBLEPOST=1463787165][/DOUBLEPOST]
фиат пунто1.2 2007 скопје
тетово по авто отпадите сигурно ке најдеш... има таму такви пунтиќи за растурање.. во скопје не сум сигурен дека уште има од нив овој аце. значи од ново лисиче кога продолжуваш за накај долно лисиче по тоа кривуљавиот пат, некаде на пола пат од десна страна има 2-3 отпади тука, едниот од нив има растуренао бајаги корси и пунтовци...
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom