Кои лоши последици може да ги имам доколку ставам 195-50-15 бандажи со гуми наместо стандардните 165-70-13 ... на опел корса 1.0 12V ќе има ли зголемена потрошувачка и колку отприлика? и дали ќе страда потпирањето ово-оно?
Погоре ти спомнаа, ама не докажаа добро...
Околу возните својства : со ниски гуми (55) ќе имаш многу потврда вожња, особено на асвалтот шо го имаме измеѓу дупките.
Околу потрошувачката, незначително е... на Нивата јас имав турено 225/70 R 15 гуми, а оригинално возеше 165-ки, па немаше голема разлика. За 2 цм во ширина, нема ништо да осетиш.
Е околу страдањето на потпирањето, тука е дискутабилно. Поради намалената абсорбција на ударите, наместо на гумата се ќе се пренесува на предницата... мада опелите се познати по добри предници шо ретко паѓаат (барем на кадетот кај мене е така, јабучица/чаура неам сменато од ко го зедов, а има поминато над 70.000 со 195/55R15 гуми).
Ако одиш со големината шо ја наведе погоре, од страна на шасија единствен проблем можи да ти се јави кога предните тркала се измотани до крај во лево или во десно можно е да стружат во некој дел, мада најчесто широките бандаши се на дистанцери (екстра ширината оди надвор) па 99% дека нема да имаш таков проблем ако наместиш опелски оригинални.
Друг недостаток е тоа што и тркалото ќе има помал дијаметар (ако точно пресметав) што е уште еден минус.
Грешно пресмета...
pecification Sidewall Radius Diameter Circumference Revs/Mile Difference
165/70-13 4.5in 11.0in 22.1in 69.4in 913 0.0%
195/55-15 4.2in 11.7in 23.4in 73.7in 860 6.1%
или во превод за 6% се повисоки 15-ките. Мислам дека максималното одстапување во дозволените рамки е до 5% така да ако оди со 185-ки ќе биди во ред.