Се двоумам помеѓу:
1. Ford Focus 2001 хеџбек/караван верзии со мотор 1.8 TDCI (дизел)
2. Opel Astra Club 2001 хеџбек верзија со мотор 1.2 16V (бензин) + во иднина да и ставам плин
Цената на возилата е иста, мене ме интересира од искуство што препорачување, потрошувачка на гориво, одржување итн. ?
1.2 моторот за во Astra е ПРЕСЛАБ! 1300кг кола а имаш 60 КС...па кога ќе стегниш плин...рачунај 50 коња на 1350кг каросерија.
За илустрација Фичото има 600кг и 25КС. Фичото со 50кг помалку ќе има повеќе кс/килограм отколку твојата Астра.
Се разбира има многу други параметри за брзина, забрзување ама во основа то е то...
Инаку Астрата ќе ти троши 8л плин на 100км, што сепак е релативно добро. Ако си од СК ќе си ставаш од евтиниот од Стаклара и некаде ти доаѓа (36,5 денари литар) 292 денари 100км.
Фордот ќе ти троши 5 до 6 литри дизел. Еве 6 ќе ги ставиме. 6*69,5=417 денари, ете нека бидат 430 денари (6,5).
Е сега, со Фордот ако не се лажам имаш 90КС...т.е. дупло повеќе КС и МНОГУ повеќе Nm што ти требаат за влечење на угроница и општ старт.
Цена на оддржување...секое дизел возило е далеку поскапо за одджрување од бензинец. Пример 4 греачи да смениш е 100 евра, а тие сигурно ќе ги смениш на сервис. Филтер за гориво е околу 900 денари...за разлика од 300-600 денари за бензинец.
Да не зборуваме за Bosch пумпи и сл. ствари што се многу поскапи кај дизелите отколку бензинците.
Така што никој не е паметен да ти објасни што да земиш.
Мој совет. 1.4 бензинец минимум за Астра. Ќе ти троши 10л градска што е околу 350-400 денари (зависи кај полниш плин) што е исто како дизел а имаш многу помал ризик за скапи поправки, за жал на цена на багажникот заради резервното тркало ако ставаш боца во резервна (ќе си купиш мала резервна ама пак местото си го фаќа).