Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Член од
1 март 2021
Мислења
338
Поени од реакции
757
Здраво, ми треба автомобил до 6000 еур, ама да има Bluetooth, Навигација и сл . Гледав за таа цена само Сеат Леон нуди ова , дали знаете некој што продава да ми пишете у ПП.
За таа цена ќе земаш возило старо 12+ години, каква и да има навигација фабричка таа е веќе outdated :)
Ти гледај прво земи си кола каква што си сакаш колку може по зачувана и според своите потреби, навигација Медија блутут денес бар не е никаков проблем да се набави, за 150/200 евра имаш мултимедија 1080p 4core 2/4gb ram последен андроид буквално све што му треба на човек за во кола, не ти ни треба блутут пушти си хотспот од телефонот и се ти е достапно сите апликации што ги имаш на мобилен ги имаш и тука.
Јас скоро купував кола до таа цена и приметив дека глупа раја начукува плус на цена дека имала колата навигација, а навигацијата од 2006/7 дисплејот очобол, резолуција коцки, брзина никаква попрво ќе стигнеш кај што си тргнал додека отвори мапа :D таква и се погоди да купам, уште во прва недела нарачав за 150€ full HD android 11.0 наменета за тоа возило и убаво и лично модерно, лесно се монтира plug and play сам си ја наместив.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
9.935
Поени од реакции
19.827
Прав си бе друже не викам не, ама за тоа постојат сервиси кои ти издаваат сметки и слично ама и тоа не одговара од незнам какви причини.
Треба да имаат саатници, ама и времетраење (разумно нормално на тој сервис)
Пример менување уље 2 саати, може него му треба активна работа 1 саат ама да го земе името да стави колата на канал да тргне и слично каде он губи време. На тој инжиниер што го спомна не му бројат само колку време средувал нешто имаш и тестирање и Поддршка и слично

Па и не е точно дека за мал сервис официјалните сервиси кола, кај нив е поскапо кога купуваш дел зашто ти продава оригинал дел не ти дава компатибилен
Обично во овластен сервис не ти прават промена на неоргинален дел/половен дел, а ако менуваш оригинални повеќе кошта делот од возилото (сепак правиме муабет за возила 10-15+ години).
Друга работа, ако мора сите да одиме во овластен дај да ги затвориме сите приватни и како во комунизам ќе имаме само една локација што може и знае да ја поправа (донекаде и нема да е грешка, овие денес се прават експерти за сите модели што во ниеден нормален бизнис не е возможно).

Станати сме превара од држава и превара од народ, далеку понапреден капитализам има и во други земји, ама имаат некаков си џентлменски збор и се држат до истиот.
Овде е како во поговорката: терај право, крепи десно и пази да не ти го бапне некој од позади.
Каде и да отидеш добиваш тиња услуга и од ракав цена.

П. С и во овластен пред 3 години ми сменија дел по грешка и никој не одговараше за тоа, колата работеше неколку саати помирно и пак изгуби снага, на крај испадна сосема трето ама чукнав 150 евра за регулатор.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
2.893
Поени од реакции
4.513
Здраво, ми треба автомобил до 6000 еур, ама да има Bluetooth, Навигација и сл . Гледав за таа цена само Сеат Леон нуди ова , дали знаете некој што продава да ми пишете у ПП.
Ти пиша и член погоре, најбитно од се гледај колата да е во што подобра состојба пред се механички.
Леоните се топ коли, генерално сите сеати се добри, и од лично искуство и од пријатели. Доколку сакаш баш Леон мислам дека имаше Сеат Клуб на ФБ, можеш и таму да пишеш за да ти понудат Леон каков што бараш.

Да сум на твое место би барал кола до 4, 4.5к еура во што може боље состоба, а другите 1.5-2к би ги вложил во досредување (Џпс, Мултимедија, сервиси, шминка итн.) И Регистрација.

Исто и види како се движат цените за мутимедија со навигација по Дог Секјурити и Вокс, ја во Вокс местев (веќе купена) кинеска мултимедија и задоволен сум од работата на дечките и самата услуга. Нивните уреди се скапи, и не разгледував баш што се имаат.

Како и да е нека ти е со среќа у потрагата, се надевам ќе најдеш топ количе за тие пари со се потребно :D
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
14.980
Поени од реакции
20.356
Здраво, ми треба автомобил до 6000 еур, ама да има Bluetooth, Навигација и сл . Гледав за таа цена само Сеат Леон нуди ова , дали знаете некој што продава да ми пишете у ПП.
гледај некое бемве од постарите, на оглас одма ќе ги познаеш по зборот navigacia

еве ти една бомбона, малце оштрбено од возење делува али има навигација.
 
Член од
11 април 2012
Мислења
3.272
Поени од реакции
3.187
Обично во овластен сервис не ти прават промена на неоргинален дел/половен дел, а ако менуваш оригинални повеќе кошта делот од возилото (сепак правиме муабет за возила 10-15+ години).
Друга работа, ако мора сите да одиме во овластен дај да ги затвориме сите приватни и како во комунизам ќе имаме само една локација што може и знае да ја поправа (донекаде и нема да е грешка, овие денес се прават експерти за сите модели што во ниеден нормален бизнис не е возможно).

Станати сме превара од држава и превара од народ, далеку понапреден капитализам има и во други земји, ама имаат некаков си џентлменски збор и се држат до истиот.
Овде е како во поговорката: терај право, крепи десно и пази да не ти го бапне некој од позади.
Каде и да отидеш добиваш тиња услуга и од ракав цена.

П. С и во овластен пред 3 години ми сменија дел по грешка и никој не одговараше за тоа, колата работеше неколку саати помирно и пак изгуби снага, на крај испадна сосема трето ама чукнав 150 евра за регулатор.
Точно е дека таму најчесто треба да добиеш оригинал делови, иако ете гледаш некои нуделе и алтернативи од компатибилни (што ако ме прашаш не би смеело во официјален сервис ама МКД).

Е сега за основен мал сервис и нема што многу на делови да те закрпи, се знае тоа е уљето за твоето возило, тој е филтерот, тоа е работната рака се со сметка (и реално би ми било чудно да бараат повеќе од 100е во овластен за ова)

Тоа што го збориш е зашто сме банана држава, ти дојде со дефект и они провериа и ти рекоа тоа ама никаде извештај не даваат за да не може после да се жалиш. Ако ти даде извештај дека тој е проблемот и го „поправи“ а искочи дека он заебал во детекција не си ти долен да му плажаш ништо. Така што колку е крив механичарот толку кривица имаме и ние како клиенти што не се трудиме да се заштитиме, и да најголема кривица има државата што ...и чуе за нас и нема закон што би те заштитил како потрошувач
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
9.935
Поени од реакции
19.827
Точно е дека таму најчесто треба да добиеш оригинал делови, иако ете гледаш некои нуделе и алтернативи од компатибилни (што ако ме прашаш не би смеело во официјален сервис ама МКД).

Е сега за основен мал сервис и нема што многу на делови да те закрпи, се знае тоа е уљето за твоето возило, тој е филтерот, тоа е работната рака се со сметка (и реално би ми било чудно да бараат повеќе од 100е во овластен за ова)

Тоа што го збориш е зашто сме банана држава, ти дојде со дефект и они провериа и ти рекоа тоа ама никаде извештај не даваат за да не може после да се жалиш. Ако ти даде извештај дека тој е проблемот и го „поправи“ а искочи дека он заебал во детекција не си ти долен да му плажаш ништо. Така што колку е крив механичарот толку кривица имаме и ние како клиенти што не се трудиме да се заштитиме, и да најголема кривица има државата што ...и чуе за нас и нема закон што би те заштитил како потрошувач
Тешко дека може ние да ја оправиме, единствено нешто е да пријавиш дека некој работи без фирма и фискална, па да го стегнат за гуша инспекции.
Се друго е џабе, народот на овие простори е криво засаден многу одамна и тешко некој да му го смени паметот.
 
Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.380
Поени од реакции
1.249
Точно е дека таму најчесто треба да добиеш оригинал делови, иако ете гледаш некои нуделе и алтернативи од компатибилни (што ако ме прашаш не би смеело во официјален сервис ама МКД).

Е сега за основен мал сервис и нема што многу на делови да те закрпи, се знае тоа е уљето за твоето возило, тој е филтерот, тоа е работната рака се со сметка (и реално би ми било чудно да бараат повеќе од 100е во овластен за ова)

Тоа што го збориш е зашто сме банана држава, ти дојде со дефект и они провериа и ти рекоа тоа ама никаде извештај не даваат за да не може после да се жалиш. Ако ти даде извештај дека тој е проблемот и го „поправи“ а искочи дека он заебал во детекција не си ти долен да му плажаш ништо. Така што колку е крив механичарот толку кривица имаме и ние како клиенти што не се трудиме да се заштитиме, и да најголема кривица има државата што ...и чуе за нас и нема закон што би те заштитил како потрошувач
Zavisno od problemot, mehanicarot sekogas ke ti kaze i napise za da nema negova odgovornost, so toa sho ke ti rece ima nekolku moznosti i nema da znaeme dodeka ne smenime. Na novite koli nekoi problemi tesko se dijagnosticiraat i obicno se odi od najeftin del za menjanje do najskap dodeka ne se najde sto e.

@Lester Freamon jas koristam MANN filtri, bidejki proizvoditelot na kolata gi koristi i gi preporacuva niv, a i ne sum nasol nikoj da se zali od niv.
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.195
Поени од реакции
1.759
Здраво,

Денес ја миев колата и кога гледам на хаубата 2 мали дупчиња најверојатно од камчиња. Има нешто лак или спреј колку да се покријат или некој друг начин?
 
Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
6.979
Поени од реакции
1.817

-129886722508743890.jpg
 
Член од
14 април 2012
Мислења
27.737
Поени од реакции
49.697
Колку време траат овие?

Прегледај го приврзокот 304056

Не е многу големо дупчето, ама чим се осеќа на прст длабоко е
И ја имам ист проблем, благодарение на камион од Македонија пат. Не ми се фарба цела хауба, и онака ке ја продавам колата, кој ке се докажува со наредниот купец дека е фарбана ради вакви работи, а не дека е од удар.
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.195
Поени од реакции
1.759
И ја имам ист проблем, благодарение на камион од Македонија пат. Не ми се фарба цела хауба, и онака ке ја продавам колата, кој ке се докажува со наредниот купец дека е фарбана ради вакви работи, а не дека е од удар.
страв ми е да не почни да корозира и да се рашири, ќе барам боја иста па со четка мала ќе нанесам и после само да се исполира.
 
Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
6.979
Поени од реакции
1.817
Член од
28 март 2021
Мислења
190
Поени од реакции
329
Вака, не знам дали има некој што се разбира, читав по нет доста и ми се разјаснија доста работи ама сепак, да направиме муабет ако ништо друго.
Имам Пежо 407 2.0 ХДИ со ДПФ филтер, по препорака на Пежо од времето е да се користи Total Quartz 9000 5w40. Е сега, проблемот е што ДПФ филтерот на Пежо се стално кука и знае да прави проблеми и ова генерално било проблем на Пежо со што смениле препораки да се користи друго моторно уље со минимално ниво на сулфур(референца ACEA C3 минимум -5w30).
Дали има некој што користи Castrol Edge 5w50 FST или Shell Helix HX8 5w40 кои се со препораки ACEA C3 и дали сметате дека би било подобро да го сменам Тоталот со едно од овие две, иако Тотал е по препорака на Пежо, некој со искуство со едно од овие две масла?
4L_Helix_HX8_ECT_5W_40_high-500x500.jpg 81H-Lc40nIL._SL1500_-500x500.jpg
 
Kajgana Shop

На врв Bottom